Голманот на Арсенал, Берн Лено, кој настрада по дуелот со противничкиот фудбалер на саботниот меч на теренот на Брајтон, може да го пропушти крајот на сезоната, информираат медиумите во Англија. Според весникот –„Сан“, Германецот најверојатно потешко ги повредил лигаменти на левото колено и според првичните проценки може да паузира дури и една година. Голманот кој е еден од најредовните играчи кај Микел Артета, беше изнесен на носилки по судирот со Нил Мопе. Неговото место го зазеде Емилијано Мартинез. Доколку се потврдат црните предвидувања околу тежината на повреата на Лено, тогаш „топчиите“ дефинитивно ќе мора да побараат нов чувар на мрежата.…
Author: dino
Црномурестиот напаѓач на фудбалскиот состав Интер, Ромелу Лукаку, вели дека неговиот тим забележал значајна победа на вчерашниот натпревар со Сампдрија и дека на тој начин ја задржал шансата да се бори за титулата. „До крајот на сезоната секој меч за нас ќе биде како финале. Тоа е прашање на живот или смрт. Сега мора да се фокусираме за натпреварот в среда“ – вели голгетерот на „нероаѕурите“ кои се борат со Јуве и лацио за победничкиот пехар во Серија „А“. „Тимот е во добра форма, но, мора да продолжиме така и да станеме уште посилни. Ќе имаме мечеви на секои три…
Тренерот на фудбалерите на Барселона, Кике Сетиен, се осврна на спорните ситуации на вчерашниот дуел меѓу Реал Сосиедат и Реал Мадрид кои на крајот беа пресудени во корист на „кралевите“. „Постојат работи што не можеме да ги контролираме. Само треба да победуваме. За вчерашниот натпревар, сите видеа што се случи, сите ќе донесат нивни пресуди. Јас се фокусирам на нас“ – вели Сетиен. ВАР е алатка што ја имаме и што може да нè направи подобри. Фер е да се запрашаме зошто некои акции (ситуации) се разгледуваат а другите не“ – нагласи Сетиен.
Ѕвездата на кошаркарскиот состав Голден Стејт, Клеј Томпсон, добил дозвола да се врати на групните тренинзи. Тој се повреди на шестиот финален натпревар од минатогодишното НБА финале против Торонто Рапторси. Екипата на Голден Стејт е слободна до стартот на новата сезона, што му дава доволно време на искусниот кошаркар да се врати во препознатливата форма.
Рајан Гигс, легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, потенцираше што треба да направат „црвените ѓаволи“ за да бидат конкурентни за титулата. Според него, менаџерот Оле Гунар Солскјер, треба да купи нов напаѓач. „Ако Манчестер Јунајтед сака да се израмни со Сити тогаш на тимот му требаат најмалку уште 3-4 квалитетни играчи. Тимот со еден Бруно Фернандеш и Пол Погба не изгледа импресивно“ – изјави Гигс. „Грилиш изгледа како фудбалер кој е идеален за Јунајтед. Тој добро ја контролира топката и има одличен преглед на играта“ – вели Гигс.
17-годишен играч на шпанскиот состав Лас Палмас го загуби животот откако во текот на вчерашниот ден се удавил во каналот Орелана. Според информациите, Жорге Санчез, кој е прекомандуван во првиот тим заедно со неколку пријатели одлучиле да се капат во каналот Орелана што било кобно за неговиот живот. Покрај него во трагичниот настан животот го загубил уште еден тинејџер. „Ова е еден од најтажните денови во историјата на нашиот клуб. Немаме зборови да ја опишеме болката“ – се вели во соопштението на клубот.
Фудбалерите на Ливерпул денеска ги очекува мечот со Евертон во рамките на Премир лигата. Нивниот тренер, Јирген Клоп, очигледно свесен дека финишот на сезоната ќе биде само формалност и дека ќе ја освои шампионската титула, повеќе размислува околу ситуацијата со корона-вирусот. Стратегот на задолжителниот прес, испрати остри критики за лабавите мерки што се на сила во Англија и ги спореди со тие што се практикуваат во неговата татковина, Германија. „Не разбирам зошто започнавме да носиме маски во затворено на 15 јуни додека во други земји тоа се прави веќе 5-6 недели. Може да се расправа дали се корисни, но факт е…
Сите 22 екипи што ќе бидат дел од завршницата на тековната сезона во кошаркарската НБА лига, ќе бидат тестирани за Ковид-19 на 23 јуни. Според најавата, тестирањето ќе биде во континуитет и ќе трае до почетокот на тренинзите предвидени во комплексот – „Дизни Ворлд“ во Орландо во кој ќе се реализираат и натпреварите по скратена програма. Сите екипи треба да пристигнат на Флорида во терминот од 7 до 9 јули а камповите за тренинг ќе може да ги користат до 30 јули.
Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо, потврди дека напаѓачот, Единсон Кавани и капитенот, Тијаго Силва, ќе ги напуштат редовите на францускиот шампион откако ќе заврши сезоната во Лигата на шампионите. Нивните договори истекуваат на крајот од месецов и нема да им бидат продолжени, но, според одлуката на УЕФА, двајцата ќе може да останат во клубот се додека не заврши меѓународната конкуренција за тековнава сезона. „Беше тешка одлука, тие оставија белег во историјата на клубот“ – изјави Леонардо. ПСЖ беше прогласен за шампион на 30 април кога француската лига поради пандемијата со ковид-19 реши да стави крај на сезоната
Фудбалерот на Јувентус, Арон Рамзи, по само една сезона може да си замине од Торино бидејќи не е задоволен од минутажа што му ја дава тренерот, Маурисио Сари, објави денеска весникот – „Тутоспорт“. Во исто време и италијанскиот состав најави дека сака да се раздели со фудбалерот кој има големи примања а не ги исполни очекувањата. Англиските медиуми тврдат дека Рамзи би можел да се врати во Премиер лигата и да го облече дресот на Тотенхем.
