Откако Баерн Минхен објави дека нема намера да му го откупи договорот на Фелипе Кутињо, фудбалерот кој е на платниот список на Барселона може да добие понуда да се пресели во Премиер лигата. Наводно, 27 годишниот играч е голема желба на челниците на Њукасл кои подготвуваат вистински бум на трансфер пазарот откако ќе се комплетираат сите формалности и новите сопственици ќе го преземат клубот. Бразилскиот интернациоанлец во изминатиот период се поврзуваше и Челзи, Евертон, Манчестер Јунајтед и Арсенал.
Author: dino
Самуел Ето го советува неговиот поранешен соиграч, Чави Ернандез, што поскоро да се врати во Барселона додека Лионел Меси сè уште игра професионален фудбал. Поранешниот играч кој цели 17 години беше дел од Каталонците сега е тренер на Ал-Сад. „Му реков на Чави дека што и да се случи, тој треба брзо да се врати во Барса додека „богот на фудбалот“ е сеуште таму. Двајцата играа заедно и ќе им биде полесно да се вклопат во целиот процес“ – рече поранешниот напаѓач кој не крие дека напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез, може да биде одлично засилување за Барса. „Лаутаро работи…
Агентот, Фурио Валкареџи, вели дека Марио Балотели кој во август ќе наполни 30 години треба да се повлече од фудбалот бидејќи повторно го привлече вниманието со неговото проблематично однесување. Последните збиднувања во Бреша дефинитивно покажуваат дека италијанскиот тим не е задоволен од неговото однесување и затоа сака да му го раскине договорот. Валкареџи кој го осудува однесувањето на Балотели, вели дека дел од вината треба да преземе и неговиот агент, Мино Рајола. „Мислам дека Рајола треба да прифати дел од одговорноста, бидејќи тој не му помага на Балотели да напредува“ – вели Валкареџи
Легендарниот дефанзивец на фудбалскиот состав Реал Мадрид, Серхио Рамос, најверојатно ќе се определи да си замине од клубот бидејќи првиот човек на „кралевите“, Флорентино Перез, нема намера да му понуди нов побогат договор од финансиски аспект. Дефанзивецот кој е член на „кралевите“ од 2005 година и освои многу трофеи, има тековна соработка со „белите“ до јуни во 2021 година. Медиумите предвидуваат дека Рамос доколку го напушти „Сантијаго Бернабе“, може да се упати во екипата на Мајами која е во сопственост на Дејвид Бекам.
Десниот бек на фудбалскиот состав Барселона, Нелсон Семедо, ги прекршил правила за превенција од Ковид-19 и затоа најверојатно ќе биде санкциониран. Шпанските медиуми денеска објавија дека Португалецот во изминатиот понеделник ги прекршил протоколите бидејќи бил во друштво со уште 20 луѓе. Бидејќи црномурестиот дефанзивец за споменатиот настан не ги информирал луѓето од клубот, медиумите претпоставуваат дека ќе биде казнет. Воедно, како потврда за целиот случај во кој е инволвиран Семедо се појави и видео на социјалните мрежи на кое се гледа играчот на Каталонците.
Двајца фудбалери на Манчестер Јунајтед кои имаат тековни договори до наредната година во месец јуни, ќе бидат ставени на трансфер листата, објавија во текот на денов медиумите во Англија. Станува збор за Андреас Переира и Џеси Лингард кои ретко добиваат минутажа кај тренерот, Оле Гунар Солскјер и затоа најавија дека планираат да си заминат од стадионот „Олд Трафорд“. Доколку прогонзите се остварат, тогаш „црвените ѓаволи“ ќе може да се насочат кон купување на играчот на Астон Вила, Џек Грилиш.
19-годишниот фудбалер на австрискиот, Салцбург, Доминик Собослај, го привлече вниманието на големите гиганти откако во континуитет реализира блескави партии во домашниот шампионат. Унгарскиот репрезентативец кој дејствува во средниот ред а може да биде крајно ефективен и во нападот, дефинитивно се наметнува како еден од најголемите фудбалски таленти. Според тоа што го објавија медиумите во Италија, за потписот на младиот играч се наметнуваат Милан и Наполи а во последниов период се споменуваат и луѓето од Лацио. Според проценките, трансферната сума на Собослој изнесува околу 25 милиони евра.
Дефанзивецот на фудбалскиот состав Лестер, Бен Чилвел, кој има да одработи уште четири години од договорот со популарните „лисици“, неочекувано може да добие понуда да се пресели во редовите на Манчестер Сити, објавија денеска медиумите во Англија. Иако досега се појавуваа шпекулации дека играчот на поранешниот шампион на Премиер-лигата е блиску до трансфер во Челзи, сега работите се насочуваат во сосема друг правец. Имено, весникот -„Телеграф“ тврди, дека менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола, ќе се обиде во текот на летово по секоја цена да го ангажира левиот бек. 23-годишниот дефанзивец кој потекува од школата на Лестер, во тековната сезона во…
Фудбалерот на Манчестер Сити, Рахим Стирлинг, ги поддржа протестите по смртта на Џорџ Флојд во Минеаполис. „Најголемиот вирус во моментов е расизмот. Исто како пандемијата, ние сакаме да најдеме начин да се бориме против тоа. Затоа протестираме. Луѓето се обидуваат да најдат начин да ја запрат неправдата и сите се борат за таа кауза на посебен начин. Работите треба да се случуваат на безбеден и мирен начин, протестите мора да продолжат “ – изјави тој за Би-Би-Си. „Во моментов воопшто не размислувам за мојата професија. Размислувам што е правилно. Стигнавме до точка кога чашата се прелева. Расизмот постои стотици години…
Одбојкарската федерација на Македонија го прекина првенството за натпреварувачката сезона 2019/2020 година, во сите категории (мажи и жени), без прогласување на победници. Одлуката е донесена од страна на Извршниот одбор на ОФМ и Комесарот за натпреварување на ОФМ на електронска седница одржана во текот на вчерашниот ден. Клубовите кои имаат намера да се натпреваруваат во европските купови за натпреварувачката сезона 2020/2021 година, ќе можат да го направат тоа според пласманот на табелата на денот на прекинување на првенствата. Сите одлуки на ОФМ се донесени по последните препораки од страна на Министерството за здравство за превенција од корона-вирусот како и по…
