Англискиот фудбалски состав, Ливерпул, ќе влезе во интензивни преговори со луѓето од Рома за потписот на малдиот играч, Николо Заниоло, тврдат денеска дел од влијателните медиуми во двете земји. Големиот талент во редовите на „волчицата“ кој настапува во средината на теренот, имаше серија на блескави партии со што го привлече вниманието на тренерот, Јирген Клоп, кој наводно, сака да го донесе на – „Енфилд“. Иако „римјаните“ претходно не сакаа ниту да помислат да го продадат младиот играч, сега соочени со голема финансиска криза поради пандмијата со корона-вирусот, најверојатно ќе го разгледаат предлогот на „црвените“.
Author: dino
Фудбалскиот состав Тотенхем подигна кредит од 175 милиони фунти од Банка во Англија. На тој начин, клубот се надева дека полесно ќе се справи со финансиската криза што му се случи поради пандемијата на коронавирус. „Спарси“ дефинитивно решија да ја користат политиката на британската влада за справување со кризата и подигнаа кредит со каматна стапка од само 0,5 проценти. Клубот процени дека финансиските загуби за време на кризата би можеле да надминат 200 милиони фунти до летото во 2021 година.
Формула 1 тимот на Мерцедес најави дека наредната недела ќе има тест возење на патеката –„Силверстон“. Тоа значи дека Луис Хамилтон и Валтери Ботас ќе возат болиди од 2019 година бидејќи правилата не дозволуваат да се користат возила од тековната година. Ботас треба да биде активен во вторник додека Хамилтон в среда. Целиот настан ќе биде споведен според протоколите за заштита од Ковид-19. Формула 1 најави дека сезоната ќе стартува со двете трки во Австрија на 5 и 12 јули.
Младиот француски фудбалски интернационалец, Лука Зидан, по 16 години ќе го напушти Реал Мадрид. Синот на актуелниот тренер на „кралевите“, Зинедин Зидан, кој дојде во клубот кога имаше само шест години и ги помина сите младинските категории, сезоната ја поминува како позајмен во Расинг Сантандер. Според шпанските медиуми, негова наредна дестинација ќе биде екипата на Мотпелје од Франција. Лука за Расинг има одиграно 27 среби.
Челниците на фудбалскиот состав Манчестер Јунајтед ќе му понудат нов договор на Брендон Вилијамс. 19-годишниот лев бек постигна извонреден напредок а клупските газди сакаат да го наградат. Тинејџерот во моментов добива околу 4.000 фунти неделно, но, неговата плата ќе биде значително зголемена. Вилијамс има одиграно 26 натпревари за првиот тим од кои девет беа како стартер во Премиер лигата. Неговото деби беше на мечот против Рочдејл во Купот Карабао. Во ноември, тој го постигна првиот гол во професионалниот фудбал. Тоа се случи на средбата со Шефилд Јунајтед (3: 3).
Нашиот ракометен состав Металург успеа да ги обезбеди услугите на долгогодишниот хрватски репрезентативец, Златко Хорват, кој кариерата ја помина во татковината во екипата на Загреб. Искусното десно крило ќе биде одлично засилување за тимот од Автокоманда. „Почувствував дека е момент за промена и мило ми е што доаѓам во Скопје во ракометна средина која е препознатлива во Европа. Доаѓам со намера заедно со моите нови соиграчи да ги оствариме зацртаните цели и да го вратиме Металург каде што му е местото“ – вели Хорват. „Металурзите“ претходно ги ангажираа и Момир Рниќ, Бранко Канкараш и Никола Протиќ.
Напаѓачот на фудбалскиот состав Саутемптон, Шејн Лонг, потпиша нов двегодишен договор што ќе го задржи на стадионот – „Сент Мери“ до летото во 2022 година. Интернационалецот од Ирска во досегашните шест сезони во дресот на англискиот состав одигра 205 мечеви и постигна 35 голови. „Шејн е неверојатен професионалец. Тој е значаен играч за мене и знам дека тој беше значен за менаџерите и пред мене“ – рече Ралф Хазенфутл, тренер на популарните -„светци“. Лонг, пак, за веб-страницата на клубот изјави дека е среќен бидејќи ќе остане во тимот.
Фудбалерот на Реал Мадрид, Герет Бејл, сака до крајот да го одработи договорот со „белите“ иако шпанскиот состав јавно потенцира дека Велшанецот треба да се обиде да пронајде друг клуб. Додека на некој начин трае тивката војна меѓу брзоногиот фудбале и челниците на тимот вклучувајќи го и тренерот, Зинедин Зидан, кој само инцидентно му дава можност да заигра, неговиот агент, Џонатан Барнет, јасно става до знаење дека Бејл нема намера да ги напушти „кралевите“. „Тој е презадоволен како му поминува животот во Мадрид. Не гледам причина да се врати во Англија како што велат шпекулациите“ – изјави Барнет.
На вонредната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија беше прифатен предлогот на Комисијата за натпреварување за прекин на натпреварувачката сезона 2019/2020 во Прва МФЛ и натпреварувањето во Купот. Откако ситуација со Ковид 19 ескалираше кај клубовите од тетовскиот регион, (Ренова и Шкендија), ФФМ донесе одлука да ја прекине сезоната без да прогласи шампион. Процесот на лиценцирање се уште е во тек а потоа ќе бидат одредени екипи кои ќе не претставуваат во европските натпреварувања следната сезона. Според табелата, Вардар треба да оди во квалификациите за ЛШ додека Силекс, Шкендија и Ренова во квалификациите од Лига Европа. Доколку…
Нашето ракометно крило, Гоце Георгиевски, потврди дека во иднина ќе го носи дресот на Вардар. Тој по три сезони ќе го напушти ромаскиот клуб ЧСМ Букурешт и ќе се врати во татковината. „Имам договор со Вардар за две години. По долг период се враќам да играм на домашната сцена и мислам дека Вардар е вистинскиот избор. Се работи европски шампион и тоа ќе биде голем предизвик“ – изјави Георгиевски со напомена дека имал понуда и од Металург. „Црвено-црните“ по доаѓањето на Михајло Михајловски на челната позиција успеаа за краток период да ангажираат двајца наши репрезентативци. Претходно за Вардарци потпиша и…
