Напаѓачот на фудбалскиот состав Челзи, Оливие Жиру, откако изјавил дека е среќен што тренира со другите во клубот, потенцирал, дека е загрижен што ќе нема навивачи на трибините. Англиското фудбалско првенство по речиси 3 месеци пауза поради пандемијата со корона-вирусот ќе продолжи на 17 јуни. „Започнавме да тренираме на 19 мај, повторно сме заедно да играме фудбал. Жал ми е што ќе нема навивачи на трибините“ – рече Жиру во интервјуто за официјалната веб-страница на УЕФА. „Сè е многу невообичаено. Работиме во групи од пет лица. Неопходно е да се запази растојание од најмалку два метра, што значи дека физичкиот…
Author: dino
Челниците на фудбалскиот состав Лацио се заинтересирани за левиот бек на Аугсбург, Филип Макс, пренесува попладнево –„Газета Дело Спорт“ . Се очекува Италијанците во догледно време да исконтактираат со колегите од Германија и да испратат конкретна понуда за младиот фудбалер. 26-годишниот играч има активен договор со Аугбург до 30 јуни во 2022 година. Макс во тековнава сезона на 26 мечеви во Бундес-лигата има постигнато 7 голови и направено 6 асистенции.
Легендата на Милан, Александро Костакурта, кој има играно против Диего Марадона и Лео Меси, во интервјуто за Скај Италија направи споредба меѓу двајцата Аргентинци. „Зборуваме за големи играчи во историјата на фудбалот. Со Марадона, требаше да го фаулираме 66 пати за да бидеме опоменати од судијата, со Лео сега е многу поразлично. Мислам дека Меси е поголем гениј“-потенцираше некогашниот дефанзивец на „росонерите“. „Против Меси играв кога тој имаше 16 години, во прв момент го гледав како дете и мислев дека ќе можам да правам што сакам… но, по само 15 минути побарав од Карло Анчелоти да бидам заменет“ – потенцираше…
Главниот директор на фудбалската Премиер-лига, Ричард Мастерс, е оптимист дека навивачите постепено ќе бидат пуштани на стадионите во Англија иако сезоната првично ќе продолжи пред празни трибини на 17 јуни. „Никој не знае точно кога ќе се отворат вратите за фановите иако ние и клубовите сме оптимистички расположени. Сите знаеме дека фудбалот нема да биде тоа што беше додека не ги вратиме навивачите на стадионите “ – рече Мастерс. „Мислам дека набрзо ќе се знае до кога ќе биде периодот за трансфери. Прашање е само колку долго ќе трае“ – потенцираше директорот на Премиер лигата.
Фудбалерот на Рома, Алесандро Флоренци, ќе остане да игра како позајмен во редовите на Валенсија до крајот на сезоната иако договорот првично беше валиден до 30 јуни. Откако е прекинато шпанското првенство, работите се сменија а Ла Лига ќе продолжи на 11 јуни и ќе заврши на 19 јули. Затоа клубот од Пиринеите сака да го има на располагање Флоренци за сите натпреварите предвидени до крајот на првенството. Шпанците ќе продолжат да плаќаат 70 проценти од неговата плата, што е 3 милиони евра годишно.
Екипата на Реал Мадрид завршните мечеви од сезоната ќе ги одигра на стадионот – „Алфредо Ди Стефано“ кој е дел од спортскиот центар на „кралскиот клуб“ и ги има потребните услови за реализирање на мечеви без присуство на публика. Бидејќи фудбалската сезона во Шпанија ќе продолжи без гледачи на трибините, „белите“, одлучија да го искористат резервниот стадион додека направат одредени корекции на – „Сантијаго Бернабе“. Шпанците се надеваат дека во почетокот на октомври полека публиката ќе се враќа на трибините во редуциран број додека целиот капацитет ќе се користи некаде од јануари во 2021 година.
Комесарот на НБА лигата, Адам Силвер, најави дека најсилната светска кошаркарска лига ќе биде рестартирана на 31 јули. Засега нема конкретно објавено во каков формат и евентуално на кои локации ќе биде доигран шампионатот кој поради пандемијата со Ковид-19 беше прекинат кон средината на март. Информацијата беше лиферувана во јавноста од страна на клубовите откако завршил состанокот кој траел повеќе од два часа. Конкретни одлуки околу продолжението на сезоната се очекуваат во текот на наредната работна седмица.
Фудбалерот, Мауро Икарди, ќе остане во редовите на ПСЖ откако францускиот тим му ги откупи правата од екипата на Интер. Според последните објави преселбата на Аргентинецот во Париз ќе го чини францускиот гигант 50 милиони, плус седум милион како дополнителни бонуси. Откупната клаузула на Икарди изнесуваше 70 милиони, но, пандемијата со корона-вирусот значително ја намали неговата цена. „Нероаѕурите“ ќе си обезбедат дополнителни 15 милиони евра доколку ПСЖ одлучи во наредните години да го продаде Икарди на некој италијански клуб.
Тимот на Мерцедес реши да реагира брзо и да ги прекине гласините што се појавија вчера во германските медиуми околу продажба на екипата која вози во Формула 1. Според наведеното, главна причина за такавата одлука е желбата на матичната компанија – Дајмлер, драстично да ги намали трошоците во мото-спортовите заради финансиските загуби од пандемијата со „COVID-19“. Во официјалното соопштение, Мерцедес, негира дека ќе има продажба на акциите и потврди дека шефот на тимот во Формула 1, Тото Волф, останува на функцијата.
Фудбалерот од средниот ред на Евертон, Жан – Филип Гамен, ќе го пропушти остатокот од сезоната во Англија бидејќи во наредната недела ќе мора да му биде извршена операција на ахиловата-тетива, објави неговиот клуб. Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, во сезонава одигра само два меча за „карамелите“ бидејќи постојано страдаше од повреди. Според тоа што се појави во медиумите во Велика Британија, играчот од средниот ред ќе отсуствува од терените најмалку во наредните шест месеци. 24-годишниот играч во претходното лето беше купен од германскиот Мајнц за 25 милиони евра.
