Тимот на Мерцедес реши да реагира брзо и да ги прекине гласините што се појавија вчера во германските медиуми околу продажба на екипата која вози во Формула 1.
Според наведеното, главна причина за такавата одлука е желбата на матичната компанија – Дајмлер, драстично да ги намали трошоците во мото-спортовите заради финансиските загуби од пандемијата со „COVID-19“.
Во официјалното соопштение, Мерцедес, негира дека ќе има продажба на акциите и потврди дека шефот на тимот во Формула 1, Тото Волф, останува на функцијата.