Нашиот ракометен репрезентативен голман, Никола Митревски, денеска официјално е претставен како нов играч на Порто. „Минатата година имав можност да играм против Порто во ЕХФ Купот и знам како функционира клубот. Среќен сум и не размислував многу кога ја добив понудата. Порто има добар состав и да не беше пандемијата со корона-вирусот, сигурен сум дека имаше шанси да стигне до Ф4. Верувам дека добро ќе се адаптирам“ – изјави меѓу другото Митревски за официјалниот сајт на португалскиот состав. По заминувањето на Томас Бауер, нашиот интернационалец и Алфредо Кинтана ќе ја сочинуваат голманската двојка кај португалскиот состав.
Author: dino
Македонија, Австрија, Белорусија, Португалија, Србија, Русија, Црна Гора и Холандија ќе бидат сместени во третиот шешир при формирањето на квалификациските групи за пласман на Европското првенство во ракомет во 2022 година. Тоа значи дека споменатите селекции не може да ги добиеме за противници. Директен пласман во завршницата покрај домаќините Унгарија и Словачка обезбедуваат и Шпанија и Хрватска додека преку квалификациите учество ќе обезбедат двете првопласирани од сите осум групи и четирите најдобри кои завршиле на третата позиција.Формирањето на групите ќе биде на 16 јуни. Еве како се поставени селекциите 1: Норвешка, Шведска, Данска, Франција, Германија, Словенија, Чешка и Исланд 3:…
Директорот на германскиот фудбалски сојуз, Оливер Бироф, предложи наредното издание на Лигата на нации да се одржи во еден град и да има турнирски систем. „Треба да се има алтернатива. Нешто како мал турнир е веројатно вистинска идеја. Треба да спречиме непотребно патување на репрезентациите. Исто така, треба да има подобра контрола врз самите играчи. Имаме неопходен акционен план и само треба да го спроведеме. За моделот може да ни помогне УЕФА “ – изјави Бироф за магазинот –„Кикер“. Минхен ќе биде еден од домаќините Европското првенство кое поради пандемијата со корона-вирусот е одложено за догодина .
Трката за Гран-при на Италија во Формула 1 ќе се одржи како што е закажано на 6 септември, објавија медиумите на „Чизмата“. Собирот на легендарната патека Монца ќе се одржи без публика, рече градоначалникот на Дарио Алеви. Тој во изјавата нагласи дека Формула 1 го продолжила договорот со Монца до 2025 година. Годинашнава сезона во Формула 1 требаше да започне во март, но, поради пандемијата на корона-вирусот, се очекува премиерната трка да се случи во Австрија. Отворањето на првенството во така наречениот „циркус на тркала“ е закажано со два старта на патеката – „Спилберг“ на 5 и 12 јули.
На 2 јуни во 2019-та, ракометарите на Вардар по втор пат во историјата ја покорија Европа откако го совладаа Веспрем во големото финале одиграно во – „Ланксес арена“ во германскиот град Келн. Треба да се потенцира дека нашиот состав ден претходно во полу-финалето направи неверојатна сензација против Барселона откако по првиот дел губеше со седум голови разлика. Што се однесува до решавачкиот меч за пехарот, „црвено-црните“ не му дадоа шанса на унгарскиот првак, славеа со 27:24 и успеаа да го освојат вториот трофеј во елитното европско натпреварување во период од само три сезони.
Напаѓачот на фудбалскиот состав РБ Лајпциг, Тимо Вернер, со вчерашниот гол на мечот со Келн се искачи на второто место на листата на стрелците кога станува збор за реализација само на гостински терен во една сезона. Тој на стадионот на популарните „јарци“ во дуелот одигран во рамките на 29. коло од Бундес-лигата успеа да дојде до 15-от погодок на гостувањата со што се изедначи со Пјер-Емерик Обамејанг (2016/17), Един Џеко (2009/10) и Герд Милер (1971/72). Пред нив или на првото место според тој индикатор се наоѓа Јуп Хајкенс, кој во сезоната 1973/74 постигна 17 голови на гостувањата.
Првиот човек на италијанскиот фудбал, Габриеле Гравина, се надева дека ситуацијата со Ковид-19 ќе се стави под контрола и дека навивачите ќе имаат можност да се вратат на трибините. „Мојата најголема желба е да има барем мал број на фанови кои ќе ги гледаат завршните натпревари во Серија А. Не може да очекува стадионите да бидат исполнети со оглед на ситуацијата, но, мислам дека може да има минимално присуство“ – потенцира Гравина. Италијанците по примерот на другите големи шампионати полека влегоа во тренинг процес пред да биде рестартирана сезоната на 20 јуни.
Европската куќа на фудбалот (УЕФА) на 17 јуни треба да донесе одлука како ќе ја заврши фудбалската сезона која е прекината поради пандемијата со Ковид- 19. Пред состанокот во Нион, медиумите во Шпанија излегоа со три можни сценарија за Логата на шампионите. Ако има услови за одигрување на нокаут-фазата што е тешко да се очекува, финалето нема да биде во Инстанбул туку во Лисабон или Минхен. Второто сценарио е да се игра фајнал-фор на неутрален терен додека третото предвидува завршен турнир со најдобрите осум исто така на неутрален терен. Целата понуда во ЛШ треба да се реализира во август а…
Англискиот фудбалски состав, Тотенхем, планира да го ангажира играчот на Атлетико Мадрид, Стефан Савиќ, објавија дел од европските медиуми. Според нив, црногорскиот фудбалер од таборот на шпанците бил подготвен да ја промени средината и да работи под диригентската палка на Жозе Мурињо. 29 годишниот фудбалер има искуство од Премиер лигата откако во краток период го носеше дресот на Манчестер Сити а потоа направи трансфер во Фиорентина а од таму во Атлетико Мадрид. Во исто време екипата на Тотенхем одлучи да ја прекине соработката соТоби Алдервелде и Јан Вертонген кои треба да ги одработат последните месеци од нивните договори.
Англискиот елитен фудбалски состав Арсенал, сака да ја продолжи соработката со напаѓачот Пјер Емерик Обамејанг, објавија денеска медиумите на Островот. Популарните „топчии“ инсистираат интернационалецот од Габон да потпише нов договор кој ќе биде валиден до 2023-та година и кој ќе му донесе 12 милиони евра по сезона. Црномурестиот играч кој до прекинот на сезоната поради пандемијата со Ковид-19 постигна 20 гола на 32 меча, има тековен договор до наредното лето. Се проценува дека неговата трансферна вредност е околу 50 милиони евра.
