Трката за Гран-при на Италија во Формула 1 ќе се одржи како што е закажано на 6 септември, објавија медиумите на „Чизмата“.
Собирот на легендарната патека Монца ќе се одржи без публика, рече градоначалникот на Дарио Алеви. Тој во изјавата нагласи дека Формула 1 го продолжила договорот со Монца до 2025 година. Годинашнава сезона во Формула 1 требаше да започне во март, но, поради пандемијата на корона-вирусот, се очекува премиерната трка да се случи во Австрија.
Отворањето на првенството во така наречениот „циркус на тркала“ е закажано со два старта на патеката – „Спилберг“ на 5 и 12 јули.