Фудбалерот, Адам Лалана, кој ги одработува последните месеци во дресот на Ливерпул може да добие понуда да ја продолжи кариерата во Лестер, објавија денеска медиумите во Англија. Иако се наметнуваат неколку екипи што може да конкурираат за неговиот потпис, „лисиците“ се главните фаворити бидејќи му нудат договор за повеќе сезони и тоа со одлични финансиски параметри. Лалана до прекинот на Премиер-лигата поради пандемијата, играше како стартер на само три натпревари.
Author: dino
Фудбалерот од средниот ред на Челзи, Нголо Канте, започна индивидуален тренинг во базата на „сините“. 29-годишниот Французин првично одби да тренира од страв дека ќе се зарази со корона-вирусот бидејќи во неговото семејство има луѓе со срцеви заболувања. Сепак, се чини дека играчот се премисли и го направи првиот чекор кон враќање во игра. Тој се приклучил на вчерашниот тренинг иако работеше одделно од главната група. Челзи првиот натпревар во продолжението на сезоната ќе го има на 19 или 20 јуни против Астон Вила.
Челниците на Арсенал се заинтересирани за фудбалерот од средниот ред на Барселона, Рафиња Алкантара, пишува денеска „Мундо Депортиво“. 27-годишниот фудбалер кој е на позајмица кај Селта имаше добри игри од почетокот на сезоната. Тимот од Виго има опција да го купи за 15 милиони евра, но, тоа веројатно нема да се случи. Во исто време, на Арсенал ќе му требаат засилувања на средина на теренот во текот на летото бидејќи Дани Себајос ќе се врати во Реал Мадрид. Затоа тренерот, Микел Артета, има намера да го замени со Рафиња.
Бостонскиот маратон кој се вбројува меѓу најголемите трки на глобално ниво е откажан, велат организаторите. Тоа се случува прв пат во 124-годишната историја на трката. Бостонскиот маратон, кој секоја година собира околу 1 милион учесници, требаше да се одржи на 20 април, но, беше одложен за пет месеци, поради пандемијата „COVID-19“. Бидејќи во САД нема индикации дека стапката на ширење на болеста се забавува, организаторите донесоа радикална одлука да го откажат годинешниот собир. Бостонскиот маратон во 2021 година треба да се одржи на 19 април.
Манчестер Јунајтед ќе и го понуди Алексис Санчез на Борусија (Дортмунд) како дел од евентуалниот трансфер на Џејдон Санчо. Чилеанскиот фудбалер моментално е на позајмица во Интер, но, ќе се врати на „Олд Трафорд“ на крајот на сезоната. Менаџерот на „црвените ѓаволи“, Оле Гунар Солскјаер, нема намера да го користи напаѓачот а клубот не сака да ја покрива неговата огромна плата од 500.000 фунти неделно. Англичаните сакаат да дојдат до потписот на Санчо кој има договор со !милионерите„ за уште две години. Неговата трансферна вредност е околу 100 милиони евра.
Дејан Кулушевски кој во јануари потпиша за Јувенртус , но, ќе остане да ја доигра сезоната во дресот на Парма, вели дека имал примамлива понуда и од Интер. Швеѓанецот кој има потекло од Македонија, во последното интервју откри дека за неговата одлука пресудила формацијата и тактиката што ја практикуваат тренерите на двата тима. „Kaj Конте сите движења се различни како и тактичката поставеност. Искрено, се сомневаб во тоа. Видете, еден Ериксен не може да се пронајде во Интер. Од друга страна, играта на Сари дефинитивно ми се допаѓа “- вели Кулушевски. „Старата дама“ за потписот на напаѓачот ќе треба да…
Првите луѓе на фудбалскито состав Пари Сент Жермен се надеваат дека на 31 мај ќе го комплетираат трансферот на Мауро Икарди кој настапува како позајмен од италијанскиот Интер. Французите ќе им понудат на „нероаѕурите“ 50 милиони евра плус 10-eт во форма на бонуси со надеж дека тоа ќе биде прифатено . Во целата ситуација може да влијае и договорот на Икарди со „светците“ кој му гарантира 10 милиони евра по сезона. Доколку и тука се најде заеднички јазик, тогаш Аргентинецот кој на 28 мечеви постигна 20 гола, најверојатно ќе остане на „Паркот на принцовите“.
Премиер Лигата треба да продолжи на 19 јуни а покрај збиениот распоред како проблем за играчите се наведува и адаптацијата по долгиот период на изолација. Бидејќи фудбалерите немаа можност да реализираат вистински тренинзи, последните анализи велат дека за цели 25 проценти ќе биде зголемен ризикот за повреди. Во анализата во која се користени повеќе параметри, јасно се гледа дека отсуството на тренинзите значајно се одразува кај играчите. Пример за тоа е Бундес лигата откако на првиот ден од продолжувањето на сезоната на шест одиграни натпревари се повредија дури 8 играчи. Тој процент е далеку над нормалата.
Нашиот репрезентативец, Дамјан Стојановски, е прогласен за МВП во домашни рамки според изборот на „Евробаскет“ – специјализираниот кошаркарски веб-сајт. Капитенот на МЗТ Скопје е потенциран за играч на годината во Првата лига. Ѓорѓе Џелетовиќ од Гостивар кој ја понесе и наградата за најдобар центар е прогласен за најдобар интернационалец. За најдобар тренер е издвоен Ѓорѓи Кочов од МЗТ Скопје додека како најдобар дефанзивец е потенциран играчот на Работнички, Марјан Младеновиќ. НАЈДОБРА ПЕТОРКА: Марјан Младеновиќ (Работнички), Еван Пејн (Кожув), Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје), Бојан Крстевски (МЗТ Скопје) и Ѓорѓе Џелетовиќ (Гостивар)
Македонскиот ракометен репрезентативец, Гоце Георгиевски, кој ги брани боите на ЧСМ Букурешт, сосема заслужено се најде во дрим-тимот на романскиот шампионат. Во изборот организиран од страна на – „Про Спорт“, во кој гласаа 14-те тренери, нашиот интернационалец е избран за најдобро десно крило. Македонецот ги остави зад него Михалчеа од Стеауа и Талмаиер од Потаиса. За МВП на лигата е прогласен Хрватот, Анте Кудуз. Покрај Георгиевски, во идеалниот тим се избрани и голманот Сејад Хиедарирад од Динамо Букурешт, левото крило Милан Котрч од Баја Маре, левиот бек Анте Кудуз од Динамо, средниот бек Камел Алуини од Динамо и десниот бек на…
