Author: dino

Фудбалската сезона во Мексико е поништена и за прв пат нема да има шампион. Тимовите одиграа 10 од 17-те рунди пред да биде суспендиран шампионатото на 15 март поради корона-вирусот. Фудбалската лига на земјата објави дека здравствените власти воведоа ограничувања кои не дозволуваат продолжување на првенството и затоа истото ќе биде откажано. Дел од екипите започнаа со тестирање на играчите во обид да продолжат со тренинзите но, откако во екипата на Сантос Лагуна дури 12 фудбалери дадоа позитивни резултати за Ковид-19, сезоната е прекината.

Read More

Ајнтрахт Франкфурт го обнови договорот со ветеранот, Макото Хасебе, до 30 јуни во 2021 година, објави клубот. 36-годишниот јапонски дефанзивец пристигна во Германија во 2008 година и играше во Волфсбург и Нирнберг а од 2014 година е во Франкфурт. Хасебе има 114 натпревари за тимот на Ајнтрахт, со кој го освои германскиот куп во 2018 година а минатата година одигра полуфинале во Лигата на Европа. Ајнтрахт откри дека Јапонецот по завршувањето на неговата кариера ќе биде амбасадор на клубот.

Read More

Медиумите во Англија денеска објавија дека поранешниот тренер на фудбалерите на Еспањол, Саутемптон и Тотенхем, Маурисио Почетино, е главен кандидат да седне на клупата на Њукасл. Наводно, стратегот од Аргентина води активни преговори со потенцијалните нови сопственици на клубот кои доаѓаат од Саудиска Арабија. Сегашниот прв човек на премиер-лигашот, Мајк Ешли, најверојатно ќе продаде 80 проценти од акциите на саудискиот конзорциум предводен од арапскиот принц, Мохамед бин Салман. Според наводите во медиумите, вкупниот договор ќе биде во висина од 300 милиони фунти.

Read More

Аргентинската фудбалска ѕвезда, Лионел Меси, откри дека во 2017 година сакал да ја напушти Барселона бидејќи имал проблеми со шпанските даночни органи. „Во тоа време со целата  мешаница околу даночните власти сакав да ја напуштам Барса и да излезам од Шпанија. Чувствував дека ме третираат неправедно“ – рече Меси. „Беше многу тешко за мене и за моето семејство затоа што луѓето не знаат што точно се случува.  Денес, размислувам да ја прекинам кариерата тука во Барселона. Моето семејство е среќно а клубот ми е вториот дом“ – потенцира Меси.

Read More

Легендата на кошаркарскиот состав Њујорк Никс, Патрик Јуинг, кој сега работи како тренер на Универзитетот Џорџтаун објави дека има корона-вирус. „Сакам да им се заблагодарам на здравствените работници и на сите што се во првите линии против оваа болест. Јас ќе бидам добро и сите заедно ќе го надминеме тоа“ – вели Јуинг кој е хоспитализиран и засега е во добра здравствена состојба. Тој цели 15 години помина во дресот на Њујорк Никс а играше и за Сиетeл и Орландо.

Read More

Бразилскиот фудбалер во редовите на Челзи, Вилијан, не е сигурен дека ќе остане на „Стемфорд Бриџ“ бидејќи клубот му нуди нов договор за две години додека тој инсиситра соработката да биде продолжена за три сезони. „Имаме тешка ситуација, не знам дали ќе останам. Сакам да работам и да се насочам само на настаните на теренот кога ќе продолжи сезоната“ – потенцира Вилијан кој има понуди од Арсенал и Тотенхем. „Мислам дека ќе ми биде тешко да останам. Ќе видиме што ќе се случи“ – изјави 32-годишниот фудбалер на англискиот состав.

Read More

Фудбалската федерација на Македонија ги подготви и денеска пред претставниците на координативниот кризен штаб за спречување на ширење на „CoVid-19“ ги презентираше сите услови од здравствениот протокол за враќање на фудбалските екипи на тренинзите и натпреварите. Координативниот кризен штаб за здравствена заштита пред неколку дена побара од ФФМ да подготви здравствен протокол а федерацијата веќе го достави до надлежните институции и до клубовите. Истиот утре (22. мај) од 12:30 часот ќе биде детално презентиран и од страна на епидемиологот д-р Жарко Караџоски од Институтот за јавно здравје. ФФМ заедно со клубовите треба да донесе конечен став околу натпреварувачката сезона 2019/2020 во Прва МФЛ…

Read More

Тренерот на фудбалерите на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, нагласи дека максимално се искористени деновите за тренинг откако Ла Лига најави рестарт на сезоната и даде дозвола да се работи во помали групи. „Беше добра недела, можевме да работиме со повеќе играчи. Се фокусираме на тактичкиот, техничкиот и физикиот дел“ – вели Французинот со надеж дека неговиот тим ќе ја добие битката со Барселона и ќе стане шампион на Шпанија. „Ќе дадеме се од себе да го освоиме трофејот, тое е во нашата ДНК. Има уште 11 кола до крајот “ – вели тренерот на „кралевите“.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Оле Гунер Солскјер, вели дека сите треба да бидат оптимистички расположени и да дејствуваат како едно големо семејство. „Во март во 2019 година играчите беа физички и психолошки уморни и имавме повреди. Имаше и други работи кои не ми се допаѓаа, некои лични агенди кои не можеа да бидат решени„ – вели тренерот на „црвените ѓаволи“. „Секогаш ќе има фудбалери кои сакаат да играат повеќе, но, доколку тимот е успешен, тогаш тие ќе треба да бидат трпеливи“- вели Норвежанецот.

Read More

Фудбалската федерација на Италија соопшти дека разигрување за титулата е опција доколку Серија А повторно биде стопирана поради корона-вирусот. Владата на Италија даде зелено светло за продолжување на фудбалот во Серија А, Серија Б и Серија Ц, како и прекин на Серија Д. Првите три лиги во Калчото добија рок да ја завршат сезоната 20. август. А ко корона-вирусот одново го стопира фудбалот, веднаш ќе се оди на плеј-оф мечеви. Ако и тоа не може да се реализира, тогаш ќе има прекин а табелата ќе се формира со примена на објективен коефициент за корекција.

Read More