Голманот на фудбалскиот состав Ница, Валтер Бенитез, потпиша нов договор со францускиот тим од Лига 1, беше објавено на официјална веб-страна на клубот. Според неофицијалните податоци, новиот договор на 27-годишниот Аргентинец ќе биде за три сезони и ќе трае до јуни 2023 година. Бенитес кој запиша 29 натпревари за Ница во сите натпреварувања, прими 39 голови а на 5 мечеви успеа да ја зачува недопрена неговата мрежа. Младиот играч е дел од тимот на Ница од 2016 година кога се определи да ја напушти Аргентина и со слободен трансфер да се пресели во Европа.
Author: dino
Бразилскиот фудбалер од редовите на Јувентус, Даглас Коста, призна дека поради честите повреди размислувал да ја прекине кариерата и да се пензионира. „Постојат моменти кога се прашувам дали можам уште да играм и затоа размислувам за пензија. Сепак, кога подобро ќе размислам, фудбалот е мојата страст и можам уште да играм на високо ниво“ –изјави Коста. 29-годишниот фудбалер пред да дојде во Италија во редовите на „старата дама“ настапуваше за бразилскиот состав Гремио и украинскиот Шахтјор Донецк.
Манчестер Јунајтед најверојатно ќе остане без Одион Игало откако кинескиот состав, Шангај Шенхуа, инсистира фудбалерот да се врати по 31 мај кога ќе му истече договор за позајмица. Искусниот нигериски фудбалер пристигна во јануари на Олд Трафорд откако Рашфорд се повреди, но, поради пандемијата со корона-вирусот и прекинот на сезоната, успеа да одигра само осум натпревари на кои даде четири голови. Манчестер Јунајтед преговараше за продолжување на неговата позајмица до крајот на сезоната, но. Кинезите не попуштаат и сакаат тој да се врати кај нив веднаш по 31 мај.
Капитенот на нашата ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, влегува меѓу најдобрите и најплатените играчи во светот. Порталот – „sportkez“ направи листа од Топ 20 која ја предводи Данецот, Микел Хансен со 120.000 месечно додека нашиот интернационалец фигурира на 14. позиција со примања од 30.000 евра месечно или пак 500.000 годишно. На второто место е Ханс Линдберг од Фуксе Берлин додека Лук Абало од ПСЖ е трет со месечни примања од 85.000 евра.
Спортскиот директор на фудбалскиот состав Волфсбург, Јирг Шмитке, изјави дека левиот бек, Паоло Отавио, заработил потешка повреда и дека ќе мора да паузира подолг период. „Тој нема да игра доколку Бундес-лигата заврши како што е предвидено до 27 јуни. Ако има мечеви по тој термин, можно е да го имаме во тимот“ – потенцираше Шмитке. 26-годишниот фудбалер на „волците“ кој се повреди на еден од тренинзите, мораше да го пропушти вчерашниот меч со Борусија Дортмунд.
Фудбалерот од средниот ред на Фулам, Андре-Френк Ангиза, ги отфрли шпекулациите кои го поврзуваат со трансфер во Реал Мадрид. Поранешниот член на Олимпик Марсеј кој изминатата сезона беше на позајмица во Вилјареал, не сака да се шпекулира со неговиот нареден ангажман. „Не, не можам да потврдам ништо. Не ме интересира кој и што пишува“ – изјави денеска црномурестиот играч за Канал + Спорт Африка. „Јас имам договор со мојот агент. Ќе разговарам повторно со него на крајот на сезоната. Тогаш ќе видиме дали ќе има интересна понуда. Сега не можам да кажам дека имаме контакт со друг клуб“ – понтенцира…
Англиските фудбалски состави Њукасл и Вулверхемптон ќе се обидат да го купат напаѓачот на Јувентус, Гонзало Игуаин, објавија дел од светските медиуми. 32-годишниот Аргентинец може да добие уште една шанса да игра во Премиер лигата откако престојот во Челзи не му беше според очекувањата. Се проценува дека „волците“ и Њукалс кои треба да добијат нови богати сопственици, може да ги исполнат сите негови финансиски побарувања. Иако напаѓачот на „гаучосите“ најави дека сака да остане во Торино, шпекулациите велат дека челниците на „старата дама“ размислуваат да го стават на трансфер листата. Игуаин не влегува меѓу стартерите a фигурира меѓу најплатените играчи…
Ракометниот состав Еурофарм Пелистер ќе аплицира за вајлд-карта за Лигата на шампионите за наредната сезона. Досега сигурни учесници се: ПСЖ, Кил, Вардар, Веспрем, Барселона, Келце, Алборг, Загреб, Порто и Фленсбург што значи дека остануваат уште шест празни места кои ќе бидат пополнети со специјални покани. Бидејќи Битолчани ги исполнуваат сите услови што ги поставува ЕХФ, тогаш реално може се надеваат дека ќе ја остварат целта и дека преку административен пат ќе влезат во елитната конкуренција за наредната сезона.
Челниците на фудбалскиот состав Барселона, набрзо, ќе потпишат нов договор со младиот напаѓач, Ансу Фати, во кој ќе биде вметната клаузула за негово пред времено заминување во висина од неверојатни 400 милиони евра. Според весникот – „АС“, Каталонците ќе направат се што можат за да го задржат младиот 17-ет годишен играч кој во еден дел од сезоната максимално ги искористи отсуствата на Осман Дембеле и Луис Суарез и редовно ги тресеше противничките мрежи. Големиот фудбалски тален во изминатиот декември потпиша договор со шпанскиот тим до 2022 година со клаузула од 170 милиони евра, но, сега таа ќе биде зголемена за…
Фудбалерот, Марио Гетце, ќе ја напушти Борусија (Дортмунд) на крајот на сезоната кога ќе му истече договорот со клубот. За неговиот потпис се заинтересирани неколку италијански екипи, Лацио, Милан и Рома. Барањата на 28-годишниот играч вклучуваат плата од 5 милиони евра по сезона. Гетце ако се пресели кај „лацијалите“, тогаш ќе ги следи стапките на Мирослав Клосе кој ја оживеа кариерата во Рим. Милан е исто така заинтересиран за напаѓачот од средниот ред додека Рома внимателно ја следи ситуацијата. Играчот на „милионерите“ влегува во плановите и на францускиот состав Ница како и кај екипи од Турција и Кина.
