Author: dino

Францускиот фудбалски напаѓач, Оливие Жиру, иако најавуваше дека ќе го напушти Челзи сепак се предомисли и потпиша нов договор со „сините“ кој ќе трае до јуни во 2021 година. „Среќен сум што ќе ја продолжам авантурата. Не можам да дочекам да играм пред нашите фанови кога ќе има услови за тоа“ – вели корпулентниот напаѓач. 33-годишниот фудбалер на Челзи иако се поврзуваше со трансфер во италијанскиот Интер, сепак ќе остане уште една година во Лондон.

Read More

Раководството на кошаркарската НБА лига набрзо ќе објави протокол по кој ќе работат клубовите. Тие прво ќе добијат дозвола за тренинзи а потоа етапно ќе треба да се реализира планот за одигрување на натпревари. Играчите кои се во Европа ќе мора да ги почитуваат правилата за карантин пред да им се приклучат на клубовите. Дел од нив може да се соочат со потешкотии на патот кон САД. НБА допрва треба да донесе одлука како и каде ќе ја финишира сезоната.

Read More

Македонскиот одбојкарски репрезентативец, Ѓорѓи Ѓоргиев, кариерата ќе ја продолжи во   полскиот прволигаш, Алурон Вирту Завиерче. 27-годишниот струмичанец потенцира дека е подготвен за новиот предзивик. „Слушнав многу добри работи за клубот, организација и амбициите. Сакав да играм во полската лига која е една од најсилните во светот. Овде има одлични навивачи и високи стандарди, сакав тоа да го почувствувам“ -истакна помладиот од браќата Ѓорѓиеви. Нашиот репрезентативец во интернационалната кариера има настапувано за екипи од Бугарија, Турција и Франција.

Read More

Уругвајскиот фудбалски интернационалец, Единсон Кавани, може да се врати во Серија А бидејќи за неговиот потпис е заинтересиран Интер кој го планира како идеална замена за Лаутаро Мартинез. Доколку Аргентинецот го облече дресот на Барселона и се пресели на „Камп Ноу“, неговото место на стадионот – „Џузепе Меаца“ би можел да го пополни токму  Кавани кој претходно има настапувано за калчо-лигашите, Наполи и Палермо. Во меѓу време се појави веста дека Пари Сен Жермен ќе му понуди на голгетерот нов двегодишен договор, но, дека тој нема намера да го прифати.

Read More

34-годишниот голман, Мануел Нојер, потпиша нов договор со Баерн Минхен кој ќе трае до 30 јуни во 2023 година, потврди извршниот директор на Баварците, Карл-Хајнц Румениге за германските медиуми. „Баерн е многу среќен што Мануел го продолжи договорот. Тој е најдобриот голман на светот и наш капитен“ – рече Румениге. Нојер кој со селекцијата на „панцирите“ се израдува на Мундијалска титула во 2014 година во Бразил, прв пат го облече дресот на Баерн Минхен во летото во 2011 година. Тој досега седум пати да ја освои Бундеслигата, има пет пехари од националниот Куп и по еден од Лигата на шампионите и…

Read More

Дефанзивецот на Тотенхем, Серж Орие,  по трет пат ги прекрши правилата за карантин и најверојатно ќе има проблеми откако клубот најави истрага за инцидентот. Африканецот на „Инстаграм“ објави фотографија  од фризерски салон со што прекршил една од забраните во Велика Британија. Фризерските салони на Островот не смеат да работат барем до 4 јули.Во последните неколку недели, Орие прво беше откриен како тренира нелегално со клупскиот колега, Муса Сисоко а подоцна  и со уште еден пријател. Бидејќи и во двата случаја беа прекршени правилата за изолација, играчот веднаш се извини. Англиските клубови од Премиер- лигата вчера добија дозвола да одржат групни…

Read More

Италијанецот, Матео Беретини, кој фигурира на осмото место на АТП листата не го поддржува предлогот водечките играчи да ги финансираат колегите од понизок ранг. „Имав време да размислувам за моите приоритети во последните недели. Проблемот не е во тоа што не ги почитувам другите играчи. Проблемот е што верувам дека ниту еден спортист во кој било спорт не треба да се потпира на финансиска поддршка од конкурентите“ – изјави Беретини. „Мислам дека одговорноста за таква помош е на федерациите – Меѓународната тениска федерација (ИТФ), Здружението на професионални тенисери (АТП) и тие што ги организираат турнирите“ – додаде Беретини.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Арсенал, Микел Артета, ќе се обиде да го убеди напаѓачот Пјер Емерик Обамејанг да го продолжи договорот со клубот. Шпанскиот стратег наводно разговарал со црномурестиот голгетер и му најавил дека амбициите на клубот ќе одат во нагорна линија и дека за таа цел во текот на летово ќе бидат обезбедени квалитетни засилувања. Медиумите во Англија наведуваат дека „топчиите“ паралелно планираат да го продадат Французинот, Лаказет и со добиените средства да го покријат новиот договор на Обамејанг.

Read More

Челниците на Фудбалската федерација на Македонија и претставниците на прволигашките клубови денеска реализираат состанок на кој треба да падне одлука што ќе се направи со тековнава сезона која е прекината поради пандемијата со Ковид-19. Средбата се реализира на отворено со почитување на сите протоколи за заштита од корона-вирусот,  со потребната дистанца, со користење на маски, на отворен простор и  под посебни чадори како заштита од сонцето. ФФМ ќе треба да ја испочитува пораката од УЕФА и до 25 мај да донесе одлука како ќе ја заврши сезоната.

Read More

Челниците на фудбалскиот состав Тотенхем планираат да се вклучат во трката за потписот на играчот од средниот ред на Баерн Минхен, Иван Перишиќ, кој настапува како позајмен од Интер. Откако германците одбија да платат 20 милиони евра за да му го откупат договорот на 31-годишниот Хрват, „спарси“ ќе се обидат да исконтактираат со луѓето од Интер и да издејствуваат помала трансферна сума. Перишиќ во сезоната 2019/2020,  за баварскиот тим одигра 22 меча со ефект од 5 голови и 8 асистенции.

Read More