Author: dino

Легендарниот поранешен фудбалер од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс, призна дека е уморен од споредбите меѓу него, Стивен Жерард и Френк Лампард. Асот на „црвените ѓаволи“ имаше потешкотии да најде место во стартниот состав на Англија поради токму поради конкуренцијата која доаѓаше од средниот ред на Ливерпул и Челзи. На крајот, играчот на Манчестер Јунајтед остана со најмалку мечеви за репрезентацијата споредено со Жерард и Лампард. „Двајцата беа неверојатни играчи, но, исто така и многу различни. На Френк му беше дозволено да прави што сака, Имаше привилегија да игра со Макелеле. Лампард беше најдобар стрелец меѓу играчите од…

Read More

Челниците на Манчестер Јунајтед имаат резервна опција за претстојниот трансфер период доколку не дојдат до потписот на фудбалерот на Борусија (Дортмунд), Џејдон Санчо. Медиумите во Британија денеска објавија, дека тимот од „Олд Трафорд“, размислува за ангажман на крилниот напаѓач на Шалке, Раби Матондо. 19-годишниот Велшанец кој пред година и половина го напушти Манчестер Сити, имаше одлична дебитантска сезона во Бундес-лигата. Наводно, младиот фудбалер бил голема желба и на стратегот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер кој сака да форсира помлади фудбалери и да гради тим за во иднина.

Read More

Рускиот бизнисмен, Сергеј Самсоненко, во соопштението објавено на сајтот на ФК „Вардар“, вели дека нема да го финансира клубот и дека ќе му го врати на Град Скопје. „Бев погоден финансиски со обидот за нелегално и криминално преземање на мојот објект во градба во центарот на Скопје кој требаше да биде главна финансиска поткрепа на спортските колективи. Дополнителни потешкотии во финансирањето се создадоа и поради пандемијата на КОВИД-19. Поради овие причини принуден сум да го вратам овој клуб на Град Скопје“ вели Самсоненко. Веднаш потоа реагираше Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов. Тој вели дека Самсоненко не го вратил ФК „Вардар“…

Read More

Меѓународниот олимписки комитет издвои 800 милиони долари за да покрие дел од трошоците од економски аспект поради одложувањето на Олимпијдата во Токио за наредната година. „Ситуацијата со корона-вирусот бара од сите да се жртвуваме. Ќе сториме се да ги намалиме трошоците поради одложувањето на ОИ и да го задржиме духот на олимпизмот“ – изјави претседателот на ИОК, Томас Бах. ИОК одлучи организаторот да добие 650 милиони долари додека меѓународните спортски федерации и националните олимписки комитети ќе поделат 150 милиони долари.

Read More

Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд, не размислува за можниот трансфер во Реал Мадрид кој го најави тренерот на „кралевите“, Зинедин Зидан. „Среќни сме што повторно тренираме. Сега сме фокусирани на продолжението од шампионатот, трансфер? за тоа ќе размислувам откако ќе заврши сезоната“ – потенцираше голгетерот на „милионерите“. Неговиот тим кој се бори со Баерн Минхен за шампионската тутула во Бундес-лигата, в сабота на домашен терен ќе се сретне со Шалке.

Read More

Еден од најпрепознатливите навивачи на Манчестер Сити – Ноел Галагер, го сподели своето мислење дека сезоната во Премиер-лигата досега би била прекината или поништена доколку кандидат број еден за титулата не беше Ливерпул. „Тие требаше да ја прекинат лигата пред неколку недели. Дајте им ја титулата, тие ја освоија како и да е. Циничарот во мене мисли дека ако Сити или Челзи би се бореле за трофејот, сезоната досега ќе завршеше” – рече Ноел Галагер која ги напиша најголемите хитови на култниот манчестер бенд  – „Оазис“. Тој заедно со неговиот брат Лиам, е обожавател на Сити уште од дете. Неговото…

Read More

Тренерот на фудбалерите на Тотенхем, Жозе Мурињо, им порача на сите што не сакаат да се вратат што побрзо на стадионите во Англија да седат дома и да гледаат мечеви од Бундес-конкуренцијата. „Сакаме да тренираме. Очајнички го чекам враќањето на Премиер лигата кога условите ќе дозволат. Особено сега кога гледам дека другите првенства продолжуваат“ – вели Португалецот. „Исклучително напорно работевме, но, бевме изолирани од други луѓе. Сите фудбалери беа исклучително посветени на индивидуалната работа во текот на паузата“ – потенцираше тренерот на Тотенхем.

Read More

Трансферот на Лаутаро Мартинез во Барселона е речиси завршена работа објавуваат повеќе медиуми во Италија и Шпанија. Аргентинскиот фудбалски напаѓач на Интер, наводно, му потенцирал на раководството дека сака да го напушти Милано и да се упати кон Пиринеите. Се претпоставува дека Барса ќе ја плати високата откупна клаузула и дека ќе го ангажира Лаутаро на „Камп Ноу“. Токму на таа тема проговори и првата ѕвезда на каталонците, Лео Меси, кој не крие дека го респектира неговиот сонародник. „Лаутаро е комплетен голгетер. Тој е силен, дрибла, дава голови, ќе видиме што ќе се случи со него“ – потенцирал Меси за…

Read More

Тренерот на фудбалерите на Аугсбург, Хајко Херлих, го прекршил карантинот и  нема да може да го води тимот на викенд мечот против Волфсбург. Тој го напуштил хотелот и отишол во блиската продавница да купи паста за заби и крем за раце. „Направив сериозна грешка кога го напуштив хотелот. Иако ги следив сите правила за хигиена, тоа не може да се промени. Јас немав право да излезам. Морам да бидам конзистентен и да ги сносам последиците од грешката. Нема да го тренирам тимот денеска и нема да бидам на клупата в сабота “, објасни Херлих. Тој ќе мора да биде тестиран…

Read More

Украинскиот фудбалски репрезентативец, Артом Бесидин, доби едногодишна казна за кршење на правилата за борба против допинг, објави УЕФА. 24-годишниот напаѓач на Динамо Киев бил позитивен на стимулантот Фонтурацетам по натпреварот во Лигата на Европа против Малме одигран во изминатиот ноември. Тој доби прелиминарна санкција додека случајот беше во тек. УЕФА изјави дека истекол рокот за жалба до Арбитражниот суд и затоа казната која трае до 19 декември  годинава е конечна. Бидејќи Евро 2020 се одложува за една година поради епидемијата на корона-вирусот, Бизедин ќе има право да игра за Украина.

Read More