Агенцијата за млади и спорт од почетокот на здравствената криза настаната поради Ковид -19, беше на релација со Владата и учествуваше во креирањето на мерките за помош на спортот во нашава земја, изјави Директорот на АМС, Дарко Каевски во денешното гостување на програмата на Спортско Радио 90,3 ФМ. „Со најавеното олабавување на мерките, прво ќе се започне со активност во индивидуалните спортови во кои нема контакт меѓу спортистите а подоцна ќе се приклучат и другите спортови. Сите ќе треба да ги почитуваат препораките на Министерството за Здравство“ – вели Каевски со напомена дека до крајот на недела сите што аплицирале…
Author: dino
Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска најави дека спортот полека ќе се враќа во нормала со задолжително почитување на владините мерки за справување со Ковид-19. Прво ќе може да се работи во индивидуалните конкуренции а потоа ќе биде дадено зелено светло и за екипните спортови за тренинзи на отворено. Според планот, за три седмици доколку има услови, ќе бидат дозволени и колективните тренинзи во сала, како и отворање на фитнес центри, базени и друго. Кај нас ракометот стави крај на сезоната додека кошарката, одбојката и фудбалот се во фаза на мирување.
Откако претседателот на Примера, Хавиер Тебас, потврди дека сезоната најверојатно ќе продолжи на 12 јуни и дека практично секој ден ќе има фудбалски мечеви, се огласи играчот на Барселона, Жерард Пике. Тој проценува дека враќањето на терените толку рано би можело да предизвика проблеми со повреди кај играчите кои не се доволно подготвени откако два месеца поминаа заклучени во домовите. „Слушнав дека претседателот на Ла Лига зборуваше за продолжување на 12 јуни. Многу време поминавме без тренинзи и мора да бидеме свесни за ризикот со повреди. Мислам дека уште неколку дена плус би ни биле добре дојдени, -изјави Пике.
Извршниот директор на Премиер лигата, Ричард Мастерс, призна дека за време на вчерашниот состанок со клубовите, прв пат разговарале за можноста за откажување на сезоната откако лигата е суспендирана поради пандемијата на корона-вирусот. Сепак, тоа сценарио тимовите го отфрлиле бидејќи остануваат обединети во намерата да ја завршат сезоната и да ги добијат парите од ТВ-правата. „Прв пат зборувавме за прекинување на шампионатот. Очигледно нема да играме до средината на јуни. Се чини дека сега не добро да се зборува за натпревари пред да се одлучи кога ќе започне првата фаза на тренингот. Ние ќе продолжиме да ги проценуваме околностите“ -…
Фудбалерот, Месут Озил, ќе остане во Арсенал до крајот на неговиот договор, изјави агентот на Германецот, Еркут Согут. 31-годишниот плеј-мејкер кој има најголема плата на „Емирати“ се поврзуваше со можен трансфер во Фенербахче, но, тоа очигледно нема дасе случи. Озил, кој добива 350.000 фунти неделно ќе си замине како слободен агент во летото во 2021 година. „Месут има договор за уште една година. Нема да има промена. Тој и неговото семејство тие ќе донесат одлука. Сега не можам да зборувам за Фенербахче затоа што немам право да го сторам тоа “, рече Согут
Италијанецот, Матео Беретини, се осврна на идејата на Србинот, Новак Ѓоковиќ, да се направи солидарен фонд за финансиска поддршка на тие што се рангирани под 100-то место на АТП листата. Беретини кој се наоѓа во Топ 10, вели дека идејата е добра, но, дека претпочита да им помага на болниците и на луѓето кои се во компликувана ситуација поради пандемијата со Ковид-19. „Има многу играчи на кои им треба помош. Планот е многу позитивен и покажува дека тенисерите се грижат за колегите. Сепак, мислам дека треба да им се помогне прво на болниците и медицинските лица“ – изјави Беретини кој…
Иако претседателските избори во фудбалскиот состав Барселона се закажани за догодина, уште сега започна кампањата ако се суди според изјавите на дел од кандидатите за главната функција во клубот. Имено, Хуан Лапорта кој беше на чело на каталонскиот клуб од 2003 до 2010 година, вели дека ако ја добие довербата на делегатите, ќе го врати на тренерската позиција, Пеп Гвардиола. „Јас би сакал Пеп да се врати во Барселона. Тој е златен стандард за клубот и знам дека многу Каталонци би сакале повторно да го води тимот“ – изјави Лапорта.
Лука Јовиќ ќе мора да плати казна во касата на Реал Мадрид околу 1,5 милион евра откако направи серија непромислени работи во изминатиот период. Медиумите во Шпанија најавија дека фудбалерот ќе биде дополнително санкциониран и од страна на првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез, кој не крие дека е максимално изнервиран по сите будалаштини на српскиот интернационалец. „Белите“ пред еден месец го казнија Јовиќ за непочитување на клупскиот карантин а чашата ја прели неговата последна глупост кога лажеше дека се повредил додека тренирал индивидуално.
Тренерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп, посакува да ја засили дефанзивата со ангажман на Леандро Кабрера кој настапува за тимот на Еспањол. Весникот „Марка“ пишува дека трансферната сума на Уругваецот е скромни 15 милиони евра што не треба да биде проблем за тимот од -„Енфилд“. Кабрера кој до прекинот на сезоната поради пандемијата со корона-вирусот беше еден од најзабележителните на теренот во дресот на шпанскиот состав, беше купен пред една година од Еспањол за сума од 9 милиони евра.
Медиумите во Германија објавија дека Себастијан Фетел на крајот на годинава ќе го напушти формула 1 тимот на Ферари откако пропаднале договорите за продолжување на соработката. Наводно, Фетел барал да остане со истите примања додека челниците на тимот му понудиле помали приходи за околу 20% . 32-годишниот возач на Скудерија во досегашните пет сезони поминати во тимот успеа да забележи 14 победи или вкупно гледано дури 52 пати се искачи на подиумот. Доколку се остварат најавите за заминувањето на Фетел, тогаш како негов наследник се наметнува Шпанецот, Карлос Сајнц, кој сега вози за Мекларен.
