Медиумите во Германија објавија дека Себастијан Фетел на крајот на годинава ќе го напушти формула 1 тимот на Ферари откако пропаднале договорите за продолжување на соработката.
Наводно, Фетел барал да остане со истите примања додека челниците на тимот му понудиле помали приходи за околу 20% . 32-годишниот возач на Скудерија во досегашните пет сезони поминати во тимот успеа да забележи 14 победи или вкупно гледано дури 52 пати се искачи на подиумот.
Доколку се остварат најавите за заминувањето на Фетел, тогаш како негов наследник се наметнува Шпанецот, Карлос Сајнц, кој сега вози за Мекларен.