Author: dino

УЕФА демантира дека се разгледува опцијата само за плеј-оф рунда во европските купови или целосно укинување на квалификации со тоа што шест екипи од земјите што немаат директен претставник би добиле „валјд карта“. „УЕФА никогаш не размислувала за одземање на правото на шампионот да се обиде преку квалификациски систем да стигне до Лигата на шампионите. Засега нема никакви конкретни предлози“ – стои во соопштението на УЕФА. За сите теми што ги покрива европската куќа на фудбалот ќе се дискутира на наредната видео-конверенција на Извршниот комитет закажана за 27 мај.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Ајакс, Ерик Тен Хаг, вели дека големата ѕвезда Лео Меси,  пружал најдобрите партии во дресот на Барселона кога на клупата седеше Пеп Гаврдиола. Шпанскиот стратег додека работеше за каталонскиот клуб од 2008 до 2012 година освои шест трофеи додека Аргентинецот по ред дојде до четири „Златни топки“. „Меси тогаш беше лидер и работеше за тимот. Тој подоцна не покажа толку многу на теренот, не беше толку добар како кога играше под водство на Гвардиола“ -изјави Тен Хаг.

Read More
NBA

Генералниот секретар на кошаркарската НБА лига, Адам Силвер, вели дека навивачите во салите би се вратиле дури во 2021 година. „Одлуката дали ќе продолжи сезоната најверојатно ќе ја донесеме во јуни. Бидејќи големи 40 проценти од профитот на клубовите редовно доаѓа од навивачите, доколку играме без публика тоа ќе биде голем удар за екипите кои би биле во голема финансиска загуба“ – потенцираше Силвер. Според него, кога  лигата ќе продолжи играчите ќе бидат тестирани за корона-вирус и доколку има  нови позитивни истата нема да биде прекината. НБА ќе ја форсира идејата сезоната да се доигра на две локации со скратена…

Read More

Аргентинскиот фудбалски напаѓач, Пауло Дибала , по повеќе од еден месец успеа да ја добие битката со корона-вирусот. Неговиот тим Јувентус пред неколку дена потврди дека Дибала конечно се опоравил и дека може да се вклучи во планираните активности. Аргентинецот  вчера ги направил лекарските преглед во центарот за обука на „старата дама“  по што добил дозвола да се приклучи на тренинзите. Тој во почетокот ќе работи одделно а дури потоа ќе може да им се приклучи на другите фудбалери.  

Read More

Позитивните тестови на корона-вирусот на неколку играчи на Сампдорија, Фиорентина и Милан драстично ја менуваат ситуацијата во италијанскиот фудбал. Затоа луѓето од Серија „А“ за в среда закажаа итен состанок на кој ќе се дискутира на неколку теми. Покрај опциите за рестарт на сезоната, ќе биде дискутирано и за приходите од ТВ-правата кои покриваат најголем дел од буџетите на речиси сите екипи од Калчото. Според информациите од Италија, тимовите нема шанса да ги добијат парите доколку сезоната биде прекината. Медиумите на „Чизмата“ најавија дека поголем  дел од екипите ќе инсистираат шампионатот да продолжи без разлика како ќе се одвива состојбата…

Read More

Пол Барбер кој е дел од раководната гарнитура во фудбалскиот состав на Брајтон, вели дека пандемијата на корона-вирусот, дефинитивно носи поделени мислења околу продолжување на сезоната. „Фудбалерите се одговорни луѓе и со право стравуваат за нивните семејства. Ние како раководни лица треба да им одговориме и да им посочиме дека е безбедно да играат, но, дали може тоа да го сториме?- прашува Бербер. В понеделник е закажан состанок на Премиер-лигашите на кој ќе се разговара за неколку опции околу продолжението на сезоната.

Read More

Сенад Бегиќ, заменик-директор на Институтот за јавно здравје во Црна Гора, вели дека нема никаква потреба спортистите да бидат тестирани за ковид-19 пред да се вратат на обврските во арените. „Здравствените работници се поризична категорија, но, нема  причини за масовно барање за нивно тестирање. Затоа, не гледаме потреба и спортистите да се тестираат пред да започнат со натпреварите“ – вели Бегиќ. Фудбалската сезона во Црна Гора ќе продолжи на 1 јуни а спортистите ќе бидат дел од најавениот масовен скрининг на населението.

Read More

Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Ренан Лори, иако е позитивен на корона-вирусот, тимот од Шпанија најави дека ќе ги започне тренинзите. Бидејќи играчот на „јорганџиите“ немал контакти со другите членови на тимот, челниците најавија дека тренинг-процесот може да се стартува според новите мерки за заштита од ковид-19. Според проценките, се очекува по тестирањето на сите кои се дел од Примера дивисион да има околу 30-тина позитивни, но, тоа нема да влијае на планот за враќање на фудбалските терени. Тие што ќе бидат позитивни на тестовите ќе бидат испратени во самоизолација од 14 дена а потоа ќе им се направи уште еден…

Read More

Хрватските медиуми објавија дека нашиот интернационалец, Аријан Адеми, може во текот на летово да го напушти Динамо Загреб и да се пресели во турскиот шампионат во дресот на Фенербахче. Според наведеното, главен предуслов тој да замине во новата средина е да се реализира најавеното ангажирање на Бјелица за прв стратег на тимот од Истанбул. Според проценките, трансферната вредност на Адеми е нешто повеќе од пет милиони евра. Ќе потсетиме дека претходно за тимот на Фенер настапуваше и нашиот репрезентативец, Елиф Елмас кој е сега  дел од италијанскиот Наполи.

Read More

Претседателот на Турската фудбалска федерација, Нихат Оздемир, потврди дека финалето во Лигата на шампионите во тековнава сезона ќе биде одиграно во август на стадионот во Истанбул. „Нашите планови се домашните обврски да ги завршиме кон крајот на јули со што ќе имаме доволно простор да се подготвиме за финалето во Лигата на шампионите кое ќе се одржи во август“ – рече Оздемир. Европската фудбалска унија (УЕФА) претходно најави дека ќе прави напори да се одиграат елиминациските мечеви и дека финишот на сезоната под посебни услови ќе биде на теренот во Турција.

Read More