Author: dino

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Александар Трајковски, во интервју за медиумите во Италија, откри, дека во претходното лето имал понуда да заигра во Милан, но, трансферот пропаднал. „Претставници на Милан се сретнаа со моите агенти. Постоеше контакт и разговор, но, на крајот не се договоривме. Преговорите не течеа како што очекував и на крајот ја избрав понудата на Мајорка“ – вели Трајковски. „Имав понуди и од други италијански клубови, меѓутоа кога пристигна понудата од Мајорка ми се појави желба за преселба во Шпанија“ – потенцираше Трајковски.

Read More

Фудбалските екипи во Италија полека ги отвораат тренинг-центрите откако Владата најави дека набрзо ќе донесе одлука дали ќе продолжи сезоната која е прекината поради корона-вирусот. Сите клубови ќе мора да го следат протоколот за заштита од Ковид-19 и нема да можат да реализираат групни тренинзи. Згора на тоа фудбалерите ќе мора да одат на задолжителни тестови пред да се вклучат во тренинг процес. Премиерот на Италија, Џузепе Конте, неодамна најави дека полека ќе се намалуваат рестриктивните мерки и дека спортот ќе може во етапи да се враќа во арените. Медиумите шпекулираат дека Серија „А“ може да продолжи некаде кон средината…

Read More

Фудбалерот на Вулверхемптон, Рубен Невеш, кој до прекинот на сезоната во Премиер лигата беше еден од најдобрите играчи во средината на теренот, најверојатно ќе добие понуда да ја продолжи кариерата во Италија. Наводно, челниците на Милан имаат намера да донесат засилување а приоритет ќе им биде играчот на „волците“. Невеш пред две години го напушти Порто и за 14 милиони фунти се пресели во најсилната конкуренција на Англија. Како стојат работите, „росонерите“ најверојатно ќе ги искористат добрите релации со неговиот агент задолжен за трансфери и ќе го ангажираат за наредната сезона.

Read More

Искусниот италијански фудбалски тренер, Карло Анчелоти, кој има богата ризница на трофеи, го посочи најдобриот тим кој го водел во неговата кариера.  Тоа е Милан со кој загуби во финалето во ЛШ од Ливерпул во 2005 година. „Тимот од 2007 година беше технички инфериорен во однос на тој 2005 година. Во 2007 година имавме неверојатна мотивација. Ние ја освоивме  титулата поради  мотивацијата а не со квалитетна игра“ – истакна Анчелоти со напомена дека  не можел да го замисли составот без Џенаро Гатузо. „Полесно ми беше да играм без Кака, Сидорф, Пирло… отколку без Гатузо. Тој му даваше на тимот нешто што никој…

Read More

Фудбалерот на Манчестер Сити , Серхио Агуеро,  не ја исклучува можноста да премине во некој друг европски клуб. Најдобриот голгетер во историјата на клубот вели дека сака да ја заврши кариерата во родната Аргентина, но, доколку добие атрактивна понуда може да остане во европскиот фудбал. „Знам дека мојот договр истекува и дека ќе добијам понуди од други екипи. Сепак, сега не размислувам многу околу иднината, сакам прво да ја освојам Лигата на шампионите со Сити“ – вели Агуеро. 32-годишниот напаѓач остава простор дека еден ден може да се врати во Примера Дивизион. Тој од 2006 до 2011 година беше дел…

Read More

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Џеси Лингард, најверојатно во текот на летото ќе го напушти „Олд Трафорд“, објавија денеска медиумите на Островот. Според наведеното,  за 27-годишниот Англичанец се заинтересирани  четири клубови од Премиер лигата. Лингард иако беше голем талент кој ветува, никако не успеа да се наметне  кај „црвените ѓаволи“  по што тие одлучија да го стават на трансфер листата. Бидејќи неговиот договор ќе истече догодина, Манчестер Јунајтед планира да го продаде во текот на летото за околу 15 милиони фунти.  Според најавите, за неговиот потпис конкурираат екипите на: Њукасл, Евертон, Вест Хем и Лестер.

Read More

Легендарниот фудбалер на Италија, Андреа Пирло, кој остави белег додека настапуваше за Милан и за Јувентус, вели дека имал шанса да заигра за Барселона, но, тогашниот прв човек на Италијанците, Силвио Берлускони, категорично ги одбил сите понуди. „Разговарав со Гвардиола кој ми рече дека Барселона е со километри подалеку од сите  други клубови, што подоцна се покажаа точно. Бараше фудбалер во средниот ред кој ќе игра со Чави, Иниеста, Бускетс… и кој ќе знае да соработува со Меси. Според него, тоа бев само јас“ – вели Пирло кој се потсети на неколку интересни моменти од неговата богата кариера. „Да бидам искрен,…

Read More

Гери Невил  кој се вбројува меѓу легендите на Манчестер Јунајтед, вели дека ја знае главната амбиција на Кристијано Роналдо пред да ја заврши кариерата. Двајцата во еден период ја делеа соблекувалната на стадионот – „Олд Трафорд“. Невил потенцира дека Португалецот кој сега ги брани боите на Јувентус, има намера да го надмине легендарниот Пеле кој е лидер на листата на стрелците гледано во историјата. „Сака да биде најголем на сите времиња и тоа е неговата мисија, затоа и клубовите во кои игра мора да бидат фаворити за трофеи„ – изјавил Невил. Пеле има дадено 619 голови за Сантош, 31 за…

Read More

Фудбалерот, Кевин Де Бруин, кој се натменува како еден од најдобрите во Манчестер Сити, вели дека ќе си замине од англискиот  состав доколку му биде потврдена забраната за настап во Европа во наредните две сезони. „Сите во клубот се уверени дека нема причина да бидеме казнети. Јас им верувам на луѓето тука и затоа ќе почекам да видам што ќе се случи. Кога ќе биде донесена конечната одлука, ќе ја разгледам. Две години без настап во Лигата на шампионите е навистина долг период“ – вели интернационалецот од Белгија. Англичаните откако ја добија казната од УЕФА веднаш испратија жалба до Арбитражниот…

Read More

Реал Мадрид и Јувентус се главните кандидати за потписот на првата ѕвезда на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, објавија денеска медиумите во Шпанија, Италија и Англија. Весникот – „Мирор“ пренесува дека „кралевите“ за ангажман на францускиот фудбалер подготвиле 70 милиони фунти, но, тоа ќе биде само  првата понуда која ќе ја испратат до „црвените ѓаволи“  кои пак, претходно поставија  сума од 100 милиони фунти за нивниот играч. 27-годишниот репрезентативец на Франција останува приоритет и за „Старата дама“. Тимот од Торино планира покрај одредена сума на пари во целиот трансфер да ги вклучи и Арон Рамзи или Даглас Коста.

Read More