Author: dino

Тренерот на фудбалерите на Арсенал, Микел Артета, проценил дека играчот на Реал Мадрид, Едер Милитао, може да биде одлично засилување за „топчиите“. Бразилскиот дефанзивец кој претходното лето го напушти Порто и се пресели на „Сантијаго Бернабе“, очигледно ја нема довербата на тренерот, Зинедин Зидан, кој главно ги форсира Рамос и Варан. Доколку Милитао кој по повредата на Карвахал принудно играше на десната бековска позиција не ја добие вистинската шанса кај „белите“, тогаш Артета не ја исклучува можноста да го повика во Арсенал.

Read More

Њукасл Јунајтед со новиот амбициозен проект кој го планираат новите сопственици, може да се претвори во најбогатиот фудбалски  клуб во Премиер- лигата. Според најавите, англичаните кои планираат да ги ангажираат Едисон Кавани од ПСЖ и играчите на Наполи, Дрис Мертенс и Калиду Кулибали, фрлиле око и на францускиот офанзивец, Набил Фекир, кој ги брани боите на Бетис. Луцидниот фудбалер до прекинот на сезоната во Шпанија одигра одлично на сите мечеви вклучително и на дерби дуелите со Реал Мадрид и Барселона. Бетис за потписот на 26-годишниот играч ќе бара околу 100 милиони евра.

Read More

Светската фудбалска асоцијација, ФИФА, предложи да се направат по пет замени во текот на еден меч откако сезоната ќе продолжат по паузата предизвикана од пандемијата на корона-вирусот. Предлогот треба да биде одобрен од Комитетот на Меѓународната фудбалска асоцијација а на секоја лига ќе и биде оставен простор индивидуално да одлучи дали ќе го прифати. – Кога натпреварувањата ќе продолжат, клубовите ги очекува густ распоред. Со оглед на ситуацијата со која се соочуваме, ФИФА предлага времено да се прават максимум пет замени на еден меч“ – се вели во соопштението.

Read More

Фудбалската федерација на Македонија денеска ги предаде во трајна сопственост трите амбулантни возила кои ги набави за потребите на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“  во Скопје. Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини и потпретседателот на федерацијата, Лазар Ракиџиев на директорот на Клиниката за хируршки болести, д-р Љубен Арсенков и економскиот директор на Клиниката за хируршки болести, Нермин Шакири им ги отстапија целосно опремените амбулантни возила, марка CITROEN JUMPER кои ги набави ФФМ за Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“. „ „Ова е време и моменти кои нè потсетуваат дека здравјето на луѓето е најважно. Нашата социјална одговорност досега…

Read More

Италијанскиот фудбалски голман, Џанлуиџи Донарума, сака да го продолжи договорот со Милан, но, не е подготвен да прифати намалувањето на платата како што најави главниот финасиер на клубот “ – објави денеска – „Tuttosport“. Тој пред три години потпиша договор со „росонерите“ со кој добива по 6 милиони евра на сезона.  Соработката на Донарума со италијанскиот тим  ќе заврши догодина во јуни. Доколку 21-годишниот голман во меѓу време не најде заеднички јазик со клубот, тогаш може да очекува бројни понуди од  европските гиганти Јувентус, Реал Мадрид,  ПСЖ итн.

Read More

Претседателот на фудбалскиот состав Реал Мадрид, Флорентино Перез, не се откажал од идејата да го ангажира  Нејмар. Шпанските медиуми тврдат дека првиот човек на „белите“ ќе направи нов обид да дојде до потписот на напаѓачот и да го ангажира на стадионот – „Сантијаго Бернабе“. Познато е дека ПСЖ бара 300 милиони евра за да му дозволи на Бразилецот да го напушти „Паркот на принцовите“. Шпанските медиуми најавуваат дека Перез е подготвен да понуди повеќе играчи и  одредена сума на пари за да го ангажира брзоногиот фудбалер.

Read More

Фудбалерот на шампионот на Франција, Марко Верати, кој долги години ги брани боите на ПСЖ, вели дека не е се во парите и дека главно проектот на клубот ги привлекува играчите да се активираат на – „Паркот на принцовите“. „ПСЖ се бројува меѓу најдобрите екипи во светот. Затоа има толку многу играчи што сакаат да дојдат во нашиот тим. Некои велат дека играме тука само поради парите, но, тоа не е така“ – вели Верати. „Кога некој ќе дојде во ПСЖ ќе стане дел од проектот кој има крајна цел да се освои Лигата на шампионите.Тоа многу ќе значи за…

Read More

Рафаел Рамос, кој е претседател на шпанската асоција на клупски доктори, вели дека поради пандемијата со корна-вирусот, ќе има многу промени во фудбалот. „Играчите нема да смеат да влезат во физички контакт во текот на изведувањето на корнерот и нема да мораат да се грижат дали ќе се заразат со корона ако топката ги погоди в лице. Стерилизација на топката и самиот терен ќе се врши пред и после секој натпревар„ – вели Рамос. „Екипите пред продолжување на сезоната ќе бидат подолг период во карантин, тоа е компликуван процес, но, само така ќе може да се избегне опасноста“ – објаснува…

Read More

Тренерот на фудбалерите на Тотенхем, Жозе Мурињо, го определи Бразилецот, Роналдо, како најдобар фудбалер иако главната дебата во моментов се води околу Лео Меси и Кристијано Роналдо. „Најдобар во историјата е Роналдо. Бразилскиот феномен.Никој него не може да го надмине со неговиот  талент и способностите“ – вели Португалецот. Еве го идеалниот тим за кој се одлучи трофејниот стратег: Чех, Занети, Тери, Карвалјо, Галас, Макелеле, Лампард, Озил, Азар, Дрогба, Роналдо.

Read More

Премиерот на Италија, Џузепе Конти, потврди дека фудбалските екипи ќе можат да стартуваат со тренинзите од 4 мај додека кон средината на месецот може да се очекуваат и првите активности. „Мора да покажеме сила, храброст и чуство за одговорност кон општеството. Сега темпото на животот поради вирусот започнува да се менува за сите. Спортистите ќе можат да тренираат од четврти мај, но, ќе мораат да ги почитуваат мерките за социјална дистанца. Новите пак, за нормализирање на ситуацијата ќе бидат донесени на 18 мај“ – изјави премиерот Конте. Според најавата, сезоната во Серија А ќе се одигра до средината од јули…

Read More