Author: dino

Првата ѕвезда на фудбалскиот состав Ред Бул Лајпциг, Тимо Вернер, очекува понуда од челниците на Ливерпул, објавија денеска дел од медиумите во Германија. Весникот –„Билд“, објави, дека врвниот голгетер преку неговиот агент задолжен за трансфери најавил, дека нема намера да прифати ниту една понуда од било која екипа од Бундес-лигата и дека сака да замине во Англија. Трансферната вредност на 24 годишниот напаѓач се проценува на околу 50 милиони евра. Сега на потег се првите луѓе на тимот од „Енфилд“.  

Read More

Македонските спортисти кои се дел од иницијативата „Спортисти против корона“ за помош на медицинските установи ширум државата денеска дадоа донација и на Клиничката болница во Битола, која доби заштитни маски, ракавици и визири. „Голема благодарност на сите кои донираа и се одзваа на оваа голема акција, во која донации дадоа сегашни спортисти, спортски клубови, како и поранешни спортисти кои самоиницијативно се пријавија да донираат, а меѓу нив и голем број на битолчани. Ова е донација за здравтствените работници кои деноноќно работат за да решат оваа здравствена криза и со овој вирус, кој на крај упати благодарност до сите кои донираа“,…

Read More

На денешниот состанок на Канцеларката Ангела Меркел со премиерите на 16-те сојузни држави беше пролонгирана одлуката околу продолжението на фудбалската сезоната. Тоа значи дека  германските клубови ќе мора да почекаат до наредната среда и да дознаат дали ќе добијат зелено светло да се вратат на тревнатите терени. Со оглед на одложувањето, нема никакви шанси сезоната да продолжи на 9 мај како што претходно беше планирано од страна на челниците на фудбалската федерација. Сега како можна опција да продолжи се потенцира терминот по 16 мај.

Read More

Информацијата дека фудбалерот на Јувентус, Паоло Дибала, по четврти пат е позитивен на ковид-19, денеска ја демантираше неговата интимна пријателка, Ориана Сабатини. „Пауло не е позитивен.  Не знам која будала измисли таква информација. Мојот тест е негативен. Сега  Пауло треба да  направи тест“- изјави таа. Денеска весникот – „Кориере дело Спорт“ објави, дека наводно, Кристијано Роналдо, им „дошепнал“ на медиумите дека Дибала е позитивен се со цел да го одложи неговото враќање во Торино.  

Read More

Француската фудбалска федерација одлучила пред време да ја заврши сезоната во Лига 1 и да му ја додели шампионската титула на Пари Сен Жермен, објавија дел од медиумите уште пред да пристигне официјалната потврда. Популарните „светци“ беа на врвот на табелата со со 12 поени предност пред Олимпик Марсеј пред да се прекине шампионатот поради корона-вирусот. Според изданијата, ПСЖ и Олимпик ќе одат во ЛШ а Рен ќе игра квалификации. Во понизок ранг ќе се спуштат Амиен и Тулуз додека нови прволигаши ќе бидат Лориен и Ленс.

Read More

Возачите во Формула 1, Макс Верстапен и Чарлс Леклерк, ги продолжија договорите со нивните тимови додека Себастијан Фетел, Луис Хамилтон и Даниел Рикиардо, на крајот од годинава ќе можат да одлучат што ќе направат. Според „Sky Sports“ телевизијата, Ферари намерно му дал на Фетел помала финансиска понуда за истата да биде отфрлена од Германецот. -Можеби тие сакаат да му дадат предлог кој тој нема да го прифати за потоа на негово место да го доведат Карлос Саинз“ – се вели во информацијата на споменатата телевизија.

Read More

Навивачите на фудбалскиот состав кои Ријека имаа прилика да гласаат за тимот на деценијата (2010-2020),  во него ги сместија двајцата македонски репрезентативци кои настапуваа во дефанзивната линија. Станува збор за бековите, Ленард Жута и Стефан Ристовски, кои се дел од генерацијата што во 2017-та успеа да ја освои титулата во шампионатот на Хрватска. Потоа Ристовски кој одигра 86 мечеви и постигна два гола направи трансфер португалскиот Спортинг додека Жута остана уште една сезона и одигра 139 натпревари. Тој успеа да постигне и два гола.  

Read More

Клубовите од Премиер-лигата добија протокол во кои се наведени мерките на претпазливост за да продолжат со вежбање во групи. Арсенал и Тотенхем  ги отворија базите и играчите тренираат одделно, но, кон средината на мај треба да ги започнат и групните тренинзи. Документот објаснува дека фудбалерите ќе мораат да носат маски цело време и дека 48 часа пред продолжувањето на тренингот, сите играчи и тренери ќе бидат тестирани за КОВИД-19. Целокупната опрема, знаменцата, конусите и вратите ќе бидат дезинфицирани пред и после секое тренирање. Масажа нема да се направи освен ако не е пропишано од лекарот на клубот.  

Read More

Напаѓачот на фудбалскиот состав Челзи, Педро, по пет сезони поминати во редовите на „сините“,  ќе го напушти клубот. Интернационалецот од Шпанија кој набрзо ќе биде слободен играч, влегува во плановите на италијанската Рома. Според најавите, екипата од „Олимпико“ ќе му понуди на Педро договор со кој ќе заработува околу три милиони по сезона. Искусниот напаѓач до прекинот на сезоната во Премиер поради пандемијата на корона, успеа да постигне два гола и да направи две асистенции на 18 натпревари

Read More

Британскиот заменик-началник на полицијата, Марк Робертс, изјави за – „Дејли телеграф“ дека повторното отворање на Премиер-лигата ќе биде огромен предизвик и дека полицијата треба да има право да ги одложи натпреварите во контекст на пандемијата со КОВИД-19. „Мислам дека треба да ги погледнеме апсолутно сите опции за тоа кои срдби треба да се одиграат. Како можат да се обезбедуваат и дали можат да се играат на неутрални стадиони. Сепак, на прво место треба да биде здравствениот аспект “, рече Робертс. Англиското првенство беше суспендирано кон средината на март. Според најавата, утре претставниците на 20-те елитни клубови ќе разговараат за можноста…

Read More