Возачите во Формула 1, Макс Верстапен и Чарлс Леклерк, ги продолжија договорите со нивните тимови додека Себастијан Фетел, Луис Хамилтон и Даниел Рикиардо, на крајот од годинава ќе можат да одлучат што ќе направат.
Според „Sky Sports“ телевизијата, Ферари намерно му дал на Фетел помала финансиска понуда за истата да биде отфрлена од Германецот.
-Можеби тие сакаат да му дадат предлог кој тој нема да го прифати за потоа на негово место да го доведат Карлос Саинз“ – се вели во информацијата на споменатата телевизија.