Капитенот на нашата ракометна репрезентација, Кире Лазаров, е најдобар голгетер во Лигата на Шампионите. Тој досега успеал да постигне 1332 гола. Кире кој повеќе од 20 години игра во врвниот ракомет досега ги бранеше боите на Загреб, Веспрем, Сиудад Реал, Атлетико Мадрид, Барселона и Нант. Веднаш зад Лазаров на листата на голгетерите во ЛШ е Никола Карабатиќ кој има 1074 погодоци додека третото место го има Момир Илиќ (Веспрем) со 969 погодоци. На листата е ракометарот на Вардар, Тимур Дибиров, кој досега успеал да погоди во мрежата на противникот 884 пати.
Author: dino
Македонскиот фудбалски репрезентативец, Енис Барди, кој ја реалзира третата сезона во шпанскиот Леванте и имаше мечеви против најдобрите на денешницата, Кристијано Роналдо и Лео Меси, направи споредба меѓу Португалецот и Аргентинецот. „Навистина го респектирам Роналдо, станува збор за играч кој направи многу . Но, за мене, Меси е најдобар на сите времиња. Поседува неверојатен талент “ – вели Барди. Според најавата од Шпанија, екипите набрзо може да влезат во стандарден тренинг процес бидејќи се очекува продолжение на шампионатот.
Канцеларката на Германија, Ангела Меркел соопшти дека Бундес-лигата има зелено светло да продолжи во втората половина на мај а датумот ќе биде дополнително одреден. Засега се шпекулира со термини по 22 или 29 мај. Таа денеска имаше состанок со премиерите на кои се дискутираше за олабувањето на мерките. За утре е најавен состанок меѓу претставниците на лигата и клубовите на кој ќе се прецизира датумот. Најдобрите прогнози велат дека има доволно време екипите да се подготват и до 16 мај за да нема збиен распоред до крајот на сезоната.
Фудбалскиот состав на Манчестер Јунајтед ќе се вклучи во трката за потписот на напаѓачот на Наполи, Ирвинг Лозано. Мексиканецот во претходното лето го напушти ПСВ Ајндховен за 40 милиони евра и потпиша за италијанскиот тим. Неговата трансферна цена според проценките засега останува непроменета. Фудбалерот не успеа да импресионира од почетокот на сезоната и не се вклопи во шемата на новиот тренер на Наполи, Џенаро Гатузо. „Црвените ѓаволи“ не се единствениот кандидат за потписот на Лозано бидејќи уште неколку клубови од Премиер Лигата се заинтересирани за 24-годишниот напаѓач. Тоа се Евертон, Тотенхем и Арсенал.
Се зголемуваат гласините за потенцијален трансфер на лидерот на Реал Мадрид, Факундо Кампацо во кошаркарската НБА лига иако аргентинскиот плејмејкер пред една година ја продолжи соработката со „кралевите“ за уште пет сезони. Тој во неговиот договор има клаузула дека може да замине кога сака преку „големата бара“ под услов на клубот да му плати 6 милиони американски долари. Тоа значи дека потенцијалниот трансфер во НБА ќе го чини Кампацо 5,27 милиони долари што ќе мора сам да ги издвои. Другите неколку илјади може да бидат покриени од тимот од НБА кој ќе сака да го ангажира. 29-годишниот кошаркар до прекинот…
Барселона ја освои 10-та титула во Шпанија откако Ракометната федерација донесе одлука да го прекине првенството поради пандемијата на корона-вирусот. Ниту еден тим нема да испадне од елитата која ќе биде дополнета со два тима од пониската конкуренција. Тоа значи дека Асобал лигата во наредната сезона ќе има 16 клубови . Кога се прекина сезоната, екипата од Каталонија беше прва со максимален ефект и пет поени предност пред второпласираниот Адемар Леон.
Ѕвездата на Филаделфија, Бен Симонс, ќе биде подготвена да игра откако ќе продолжи сезоната во НБА лигата. 23-годишниот кошаркар ја излекува повреда на грбот која ја доби кон крајот на февруари. Тој пропушти осум натпревари до 11 март, кога сезоната беше прекината поради пандемија на корона-вирусот. „Бен е многу, многу подобар. Без него, беше многу потешко на теренот. Единствената добра работа со оглед на ситуацијата е тоа што имаше доволно време и не мораше да брзаа со рехабилитација. Тој ќе биде подготвен да се врати на теренот кога добиваме зелено светло за рестартирање на сезоната “ – коментира генералниот директор…
Германскиот фудбалски состав, Баерн Минхен, има напредни преговори со играчот на Манчестер Сити, Лерој Сане. Според информациите на германскиот „Билд“, шампионот на Бундес-лигата понудил 40 милиони за потписот на младиот фудбалер. Сане кој пред четири години пристигна во Англија откако го напушти тимот на Шалке, во текот на претходното лето беше блиску до трансфер во Минхен, но, тоа не се случи бидејќи заработи тешка повреда на лигаментите. Сане за „граѓаните “ има одигрно 134 натпревари со ефект од 39 голови и 45 асистенции.
Ракометниот состав на Металург продолжи да се засилува за наредната сезона. Тимот од „Автокоманда“ откако го ангажираше Момир Рниќ кој во кариерата го носеше и дресот на Рајн Некар, го потврди и второто звучно засилување. Станува збор за Бранко Канкараш кој го напушти Мешков Брест и ќе го облече дресот на Металург. Канкараш (32г., 188 см., 103 кг.) настапувал за српските екипи Југовиќ (2006-2013), Металопластика (2013-2014) и Војводина (2014-2015), турскиот Мерзин (2014-2015), француските Валанс (2015-2017) и Истр (2018-2019), како и белорускиот Мешков Брест (2019-2020). Црногорскиот пивотот кој потпиша едногодишен договор има искуство и во настапите во Лигата на шампионите и во…
Фудбалерот на Интер, Кристијан Ериксен, кој за 20 милиони евра го напушти Тотенхем и се пресели на „Чизмата“, вели дека направил одличен потег и дека промената на средина му била добредојдена. „Трансферот ми изгледа како добар потег. Интер имаше желба да ме ангажира а на играчите секогаш им е значајно да знаат дека се посакувани. Навивачите на Тотенхем беа лути кога кажав дека полесно ќе освојам некој трофеј со Интер“ – вели Ериксен. „Погледнете колку е силна конкуренцијата во Англија“ – изјави Данецот кој со неговиот тим до прекинот на сезоната во Серија „А“ беше во изедначена трка за титулата…
