Македонскиот фудбалски репрезентативец, Стефан Ристовски, по пат на социјалните мрежи потврди, дека членовите на нашата најдобрата репрезентација донирале медицинска опрема за болниците во кои се лекуваат заболените од корона-вирусот. – Ви благодариме што се грижите за нашите сограѓани и не се штедите во оваа заедничка битка. Воедно ги повикуваме сите кои се во состојба да донираат, да го направат тоа, сега кога е најпотребно. Длабока почит кон медицинските тимови и целиот помошен персонал“ – се вели во дел од објавата на Стефан Ристовски. Болницата „8ми септември“ и Клиниката за Инфективни болести во Скопје од фудбалерите добија маски, скафандери, капи, средства…
Author: dino
Македонија ќе чека шанса да оди на ракометниот Мундијал во Египет со „вајлд-карта“ која ЕХФ дополнително ќе им ја додели на четири земји. Нашиот селектор, Данило Брестовац, вели дека денешната одлука за стопирање на баражите не е спортска. „Очекувавме дека ќе имаме два тешки меча со Франција. Не велам дека ќе ги победиме туку говорам чисто од спортски агол затоа што ќе беше бенефит да одигравме. Се надевам на таа „вајлд-карта“ за СП во Египет, реално и ја заслуживме“ – изјави Брестовац. Во тој правец размислува и генералниот секретар на РФМ, Филип Милошевски. „Нашата репрезентација со години е дел од…
Фудбалската федерација на Холандија ја поништи сезоната. Нема да има прогласување на шампион ниту ќе има испаѓање од лигата. Ајакс и АЗ Алкмар до прекинот имаа идентичен број на бодови на чело на табелата. „Копјаниците“ ќе одат директно во плеј-офот за ЛШ додека АЗ ќе започен од второто елиминациско коло. Феенорд кој го има третото место ќе влезе во групната фаза во Лигата на Европа додека ПСВ и Вилем Втори ќе мора да играат во квалификациите. Холанѓаните се определија на таков чекор бидејќи нивната Влада поради пандемијата на корона-вирусот донесе одлука за забрана на јавни собири и на спортски настани…
Тренерот на фудбалерите на Челзи, Франк Лампард, внимателно ја следи ситуацијата со напаѓачот на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг , кој ќе ги напушти „топчиите“ во текот на летото доколку не добие продолжување на договорот кој му истекува догодина. Репрезентативецот на Габон влегува во радарот на Реал Мадрид, но, медиумите во Англија најавуваат дека за неговиот потпис ќе конкурираат и „сините“ од Лондон. Челзи во текот на летото ќе остане без Педро, Жиру, Вилјам и Батшуаи, што значи дека Лампард мора да најде барем уште еден класичен напаѓач кој ќе му прави друштво на Хаким Зијач кој беше купен од Ајакс.
ЕХФ одлучи да ги откаже баражите за Светското првенство во Египет што значи дека нашите најдобри ракометари нема да имаат меч со Франција и за прв пат по 12 години нема да бидат дел од Мундијалот. Згора на тоа Вардарци во ЛШ нема да играат со Пик Сегед откако беше донесена одлука да се скокнат елиминациски рунди и двете најдобри екипи од А и Б групата да настапат на завршниот турнир. Тоа значи во битката за пехарот ќе учествуваат Барселона Кил, Веспрем и Пари Сен Жермен. Во женската Лига на шампиони оставен е простор за одигрување на четвртфиналињата на завршниот…
Фудбалската федерација на Македонија внимателно ќе ја следи состојбата со корона-вирусот во нашава земја и врз основа на проценките и препораките на соодветните институции, ќе донесе одлука како ќе биде финиширана сезоната“ – потенцираше Генералниот секретар на ФФМ, Филип Поповски, во изјавата за Спортско Радио 90,3. „Ние од самиот почетокот на кризата се обидуваме да го пронајдеме вистинското решение како да ја финишираме сезоната во првата и втората лига. Ќе се обидеме да ги испочитуваме и препораките од УЕФА и да ги завршиме шампионатите до почетокот на август“ – вели Поповски. „Еден од плановите е првенствените и куп- мечевите да…
„Тутоспорт“ најави дека челниците на Јувентус планираат да ја прекинат соработката со напаѓачот, Гонзало Игуаин. Италијанскиот фудбалски клуб ги повика странците да се вратат во Торино и да ја поминат задолжителната изолација во карантин пред да продолжат со тренизите. Игуаин кој во моментов е во Аргентина со неговата болна мајка, нема намера да се врати на „Чизмата“ и да го испочитува договор со клубот. „Тутоспорт“ пишува дека голгетерот има три опции. Првата е да се врати во Торино и да ја заврши сезоната. Втората е да го убеди раководството на „старата дама“ да му дозволи да остане во татковината и…
Главниот тренер на Денвер Нагетс, Мајк Малон, потенцира дека легендарниот, Мајкл Џордан, е убедливо најдобриот кошаркар во историјата на НБА лигата. „Дебатата за најголемиот играч во историјата секогаш ќе трае. Мајкл е очигледно најголемиот на сите времиња иако и Леброн Џејмс е исто така вклучен во дебатата“ – рече 48-годишниот специјалист. „Леброн го нема победничкиот менталитет на Мајкл кој имаше и убиствен инстинкт и тоа го покажуваше на секој натпревар“ – потенцира тренерот на Денвер.
Младиот фудбалер на Бреша, Сандро Тонaли, дефинитивно ќе предизвика големо внимание на трансфер пазарот откако Интер, Јуве, Наполи, ПСЖ, Милан и уште неколку елитни состави најавија дека се заинтересирани за неговиот потпис. Сега според шпанските медиуми во игра влегува и екипата на Барселона која наводно понудила солидни 60 милиони евра за да го ангажира на „Камп Ноу“. Младиот фудбалер кој набрзо ќе полни 20-ет години, успеа да остави фантастичен впечаток во Серија „А“ и воедно да се избори за место во репрезентацијата на Италија.
Романската фудбалска федерација планира да одвои два милиона евра и да ја финишира сезоната во турскиот туристички центар- Анталија кој го користат многу клубови додека ги реализираат зимските подготвки. На последната видео-конференција која ја организираше романската федерација била изнесена идејата во текот на работната недела со чартер-летови сите клубови да одат во Анталија за да ги доиграат мечевите во јуни и јули и така да ја завршат сезоната. Планот на Романците е дефинитивно еден од најчудните што се појавил во перидот на пандемијата кога многу федерации се обидуваат да испланираат како да ги завршат првенствата.
