Фудбалскиот состав на Баерн Минхен успеа да потпише нов договор со младиот Алфонсо Дејвис кој во јануари во 2018 година беше купен од канадскиот состав Ванкувер за скромна сума 13 милиони евра. 19-годишниот фудбалер сега доби нов побогат и подолг договор до 2025-та година. Баварците тоа го направија додека трае паузата поради пандемијата а дека максимално ги почитуваат препораките за заштита се виде и на објавените фотографии. Раководните лица на бундес-тимот и фудбалерот беа со маски и седеа на одредена дистанца.
Author: dino
Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс, кој долго време ја делеше соблекувалната со многу ѕвезди на „црвените ѓаволи“, имаше тежок избор кога станува за голманската позиција. Ветеранот од „Олд Трафорд“ ги издвои: Питер Шмајхел, Едвин Ван Дер Сар и Давид Де Геа а кога требаше да избере само еден, се одлучи за неверојатниот Данец со кој делеше многу среќни моменти на теренот. „Питер Шмајхел беше најдобриот со кој сум играл. Тој изгледаше огромно, беше речиси невозможно да му се даде гол“ – потенцираше Сколс.
Тројца ракометари од нашите клубови Вардар и Еурофарм Пелистер се најдоа во перфектниот состав на СЕХА лигата кој го избраа навивачите. Фановите додека е сезоната во прекин поради пандемијата со корона-вирусот, гласаа за играчот на Вардар, Стојанче Стоилов како и за членовите на битолскиот состав, Никола Митревски и Ловро Јотиќ. Еве како изгледа изборот на навивачите на најдобрата седумка. Голман: Никола Митревски (Еурофарм Пелистер), Лев бек: Расмус Лауге Шмид (Веспрем), Среден бек: Ловро Јотиќ (Еурофарм Пелистер), Десен бек: Микита Валјупов (Мешков Брест), Лево крило: Давид Мандиќ (ППД Загреб), Кружен напаѓач: Столе Стоилов (Вардар) и Десно крило: Златко Хорват (ППД Загреб).
Европската фудбалска унија наводно подготвува – „вајлд карта“ за Атлетико Мадрид доколку тимот не обезбеди пласман во Лигата на фудбалските шампиони. Шпанската федерација размислува за прекин на првенството а „јорганџиите“ според моменталната ситуација на табелата немаат место меѓу екипите што би играле во елитата во Европа во наредната сезона. Веста во медиумите на Пиринеите делува нереална, бидејќи УЕФА никогаш досега не давала – „специјални покани“, кои вообичаено се користат во другите спортови.
Додека САД се соочуваат со драматични бројки околу заразените (700.000) и починати (30.500) поради корона-вирусот, комесарот на кошаркарската НБА лига, Адам Силвер, не сака да шпекулира дали ќе продолжи сезоната. „Сега не сме во позиција да решиме. Мора да се направат многу работи за да можеме да донесеме одлука. Внимателно ја следиме ситуацијата“ – вели Силвер. „Во моментов тоа не може да се случи, предалеку сме од продолжение на лигата. Не е јасно кога и како ќе се игра. Здравјето на кошаркарите и на сите во екипите е во преден план“ – вели Силвер.
Весникот „Марка“, објави дека напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез, кој е трансферна цел на неколку елитни тимови, доколку добие понуда ќе се одлучи за Барселона. Наводно, неговите проценки велат дека е сега вистинскиот момент да го облече дресот на каталонскиот тим бидејќи не се знае дали повторно ќе има таква шанса. Откупната клаузула на голгетерот изнесува 110 милиони евра. Во исто време италијанската – „Газета дело Спорт“, објави, дека „нероаѕурите“ бараат замена за Лаутаро. Во игра се имињата на Тимо Вернер од Лајпциг и на Лука Јовиќ кој е на излезната врата од Реал Мадрид.
Најголемиот дел од клубовите во Премиер-лигата проценуваат дека 8 јуни е добар датум за да се вратат на тревнатите терени. Владата на Англија објави дека нема да направи исклучок за фудбалот и дека мерките за справување со корона-вирусот ќе бидат на сила за сите. Најоптимистичкото сценарио вклучува продолжување на тренинзите во почетокот на мај а мечеви да има три недели подоцна. Најголем дел од клубовите во елитата на Островот се соочуваат со големи проблеми околу договорите на фудбалерите и финансискиот дел кој е поврзан со ТВ-права.
Доколку стивне пандемијата со корона-вирусот, шампионатот во Формула 1 би можел да започне на 5 јули со трката за Големата награда на Австрија, најавија денеска дел од светските медиуми. Според – „Би-Би-Си“, собирот ќе помине без присуство на гледачи а сите членови на екипите прво ќе бидат тестирани за Ковид-19. Иако Формула 1 досега откажа девет сезонски трки, челниците на така наречениот – „циркус на тркала“, дефинитивно не ја губат надежта дека ќе може да организираат барем неколку. Дел од нив треба да се возат на иста патека.
Поранешниот фудбалер на Барселона, Андрес Иниеста, кој заедно со другите ѕвезди на тимот, Чави, Пујол, Алвеш, Бускетс и Меси, успеа да освои сè што можеше, вели дека таков тим никогаш нема да се повтори. „Не верувам дека повторно ќе има таква генерација во Барселона. Сепак, нашите успеси може да бидат достигнати. Би сакал некогаш да се вратам на „Камп Ноу“ без разлика во која улога“ – вели Иниеста кој сега настапува за јапонскиот состав, Висел Кобе. Иниеста во дресот на шпанскиот тим одигра 674 мечеви, постигна 57 голови и направи 140 асистенции.
Фудбалскиот состав на ПСЖ размислува да му дозволи на Нејмар да се врати во Барселона, под услов да ги добие во замена Дембеле, Тодибо и Умтити, најави денеска весникот – „Мундо Депортиво“. Наводно, тимот од „Паркот на принцовите“ планира да ги собере најдобрите играчи со француско потекло па доколку Барселона се согласи за евентуална размена на играчи, тогаш Нејмар ќе може да се врати на „Камп ноу“. Претходно ПСЖ во неколку наврати ги одби понудите на Барселона за брзоногиот Бразилец, иако во нив беа вклучени и Кутињо, Ракитиќ и Артур. Сега веројатно плановите на французите се менуваат додека „бубамарата“ е…
