Author: dino

Еден од најдобрите фудбалери гледано во историјата на Барселона, Чави, потенцира дека Каталонците супериорно ги освојувале титулите во Лигата на шампионите додека Реал Мадрид имал многу среќа во моментите кога го освојуваше врвот на Европа. „Барселона беше многу подобра од противниците, не може да се каже дека ја имаше историската среќа како дел од другите клубови. Барса во една сезона ја освои Ла Лига и ЛШ, Реал беше шести на табелата а сепак победи во Лигата на шампионите. Тоа се вика среќа“ – вели Чави. Шпанецот не крие дека сака да седи на кормилото на Барселона, но, под услов да…

Read More

Десниот бек на фудбалскиот состав Бетис, Емерсон, вели дека се чувствува подготвен да го облече дресот на гигантот Барселона. „Да, јас сум подготвен. Тоа ме прашаа и пред да одам на тренинг со селекцијата на Бразил. Истото го одговорив и тогаш. Сега воопшто не размислувам за евентуална покана од Барселона. Сега сум насочен кон сегашноста и мојот тим Бетис“- вели бекот во интервју за весникот – „AS“. „Сакам да играм во Лигата на шампионите со Барса и да освојам што е можно повеќе трофеи. Се надевам дека тоа ќе се случи“ – потенцирал младиот дефанзвец.

Read More

Откако УЕФА се определи да го одложи Европското фудбалско првенство за наредната година, селекторот на Италија, Роберто Манчини, вели дека тоа му одговара. „Сите сме разочарани бидејќи нема да се реализира ЕП, но, тоа би можела да биде наша мала предност. Ние сме млад тим и добро ќе ни дојде една година плус за да стекнеме искуство“ – потенцира Манчини. „Мислам дека ќе бидеме меѓу фаворитите за освојување на пехарот. Нема да има посебни правила за моите фудбалерите “– вели Манчини.

Read More

Кени Далглиш кој се вбројува меѓу легендите на фудбалскиот состав, Ливерпул, денеска е отпушен од болницата во која беше хоспитализиран откако пред неколку денови беше докажано дека е позитивен на корона-вирус. 69-годишниот поранешен играч и менаџер морал да прима интравенска терапија со антибиотици поради инфекцијата која ја предизвикал КОВИД 19. Тој сега е во добра состојба и затоа е вратен во неговиот дом во самоизолација. „Лекарите се апсолутно брилијантни. Луѓето често мислат дека познатите добиваат подобар третман во здравствените установи, но јас можам да ве уверам дека секој човек е максимално згрижен во болниците“ – изјави Далглиш.

Read More

Фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ, кој во претходното лето беше купен од германскиот Антрајхт Франфурт за 60 милиони евра, набрзо може да биде продаден. 22-годишниот играч иако беше ангажиран како големо засилување во нападот на „кралевите“, не успеа да ја добие довербата на тренерот, Зинедин Зидан. Според најавите, Јовиќ кој има договор до 2025 година влегува во радарот на Арсенал. Непотврдени информации велат дека екипата од Премиер-лигата е подготвена да понуди 50 милиони за потписот на младиот играч. Јовиќ до прекинот на сезоната поради пандемијата со ковид-19, одигра 24 натпревари за екипата од „Сантијаго Бернабе“ со ефект од два…

Read More

Познатиот белгиски виролог, Марк ван Раст проговори за моменталната состојба во фудбалот и тенденцијата на УЕФА да се заврши сезоната без разлика кога ќе се случи тоа. „Имам впечаток дека УЕФА започнува да ја разгледува опцијата дека нема да може да ја заврши сезона. Вирусот ќе трае до есен. Никој не може да го обвини белгискиот шампионат за донесената одлука“ – рече тој алудирајќи дека Бриж беше прогласен за шампион во неговата татковина. „Лигата увиде дека ќе бидат потребни најмалку 4 недели за да се подготват играчите, така што хипотезата за продолжување на тековните натпреварувања не ја гледаше како реална“…

Read More

Жорге Мендеш кој му е агент задолжен за траснфери на фудбалерот на Реал Мадрид, Хамес Родригез, започнал интензивни преговори со претставниците на Манчестер Јунајтед и Јувентус. Според наводите во шпанските весници, тимот од Англија и шампионот на Италија, сакаат да ја ангажираат колумбиската ѕвезда која има трансферна цена од околу 30 милиони евра. Хамес кој во 2014 година потпиша за „кралевите“, никогаш не успеа да се наметне за првата постава. Тој беше и на позајмица во Баерн Минхен.

Read More

Екипата на Јувентус ќе се врати во тренинг процес. Програмата ќе се реалзира според препораките за заштита од корона –вирусот, што значи дeка фудбалерите ќе тренираат во мали групи и на соодветно растојание едни од други. Главниот проблем за тренерот Маурицио Сари е големата бројка на интернационалци кои поради пандемијата на ковид-19 го напуштија тимот и се вратија во нивните земји. Меѓу нив е првата ѕвезда на тимот Кристијано Роналдо. Згора на тоа сите играчи што ќе се вратат во Торино ќе мора да го поминат задолжителниот период од 14 денови во куќна изолација.  

Read More

Челниците на фудбалскиот состав Тотенхем планираат да му дозволат на Хари Кејн да ја промени средината доколку пристигне понуда од 200 милиони фунти, објавија денеска медумите во Англија. Според реномираниот – „Дејли меил“, првиот човек на „Спарси“, Даниел Леви, очекува евентуалниот трансфер на напаѓачот да му помогне на клубот да покрие дел од трошоците. Тотенхем кој се определи да ја користи и помошта од Владата во Британија, должи повеќе од 600 милиони фунти за стадионот и околу 80 милиони за трансфери. Како најсериозен кандидат за потписот на врвниот голгетер кој полека се опоравува од потешката повреда се наметнува екипата на…

Read More

Нема никакви промени на најновата ранг листа на ФИФА бидејќи фудбалот е ставен во мирување поради пандемијата со корона-вирусот. Тоа значи дека Македонската фудбалска репрезентација во очекување на баражот со Косово во Лигата на нации остана на 68. место со 1347 бодови. На врвот на листата води Белгија со 1765 бодови пред Франција со 1733 бода и Бразил со 1712 бода. Во топ 10 се влезени и:  Англија Уругвај, Хрватска, Португалија, Шпанија, Аргентина и Колумбија.  

Read More