Author: dino

Извршниот комитет на ФИБА на денешниот состанок одлучи, Европскиот кошаркарски шампионат кој требаше да се реализира догодина, да биде поместен од 1 до 18 септември  во 2022-та. Поради пандемијата со корона-вирусот, ФИБА, ги одложи сите активности во летниот период, но, не ги промени термините за квалификациските средби во месец ноември. Тоа значи дека Македонија кон крајот на годинава ќе ги продолжи настапите во групата во која досега претрпевме два пораза од Естонија (дома) и Русија ( на гости).  

Read More

Извршниот директор на фудбалскиот состав Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге, потврди дека  играчите тенираат во помали групи со надеж дека шампионатот ќе продолжи во почетокот на наредниот месец. „Продолжување на 9 мај е една од хипотезите во Германија иако одлуката ќе ја донесат на крајот властите исто како во Италија. Мораме да се вратиме на терените, првата причина е од спортски карактер за да може титула да се додели и да се дефинира кој ќе испадне а кој ќе се пресели во повисок ранг како и да се комплетираат и куповите“ – вели Румениге. „Втората причина е секако од економски аспект…

Read More

Англиските елитни фудбалски состави Манчестер Јунајтед и Арсенал, најавија дека се подготвени да влезат во трката за потписот на играчот на Баерн Минхен, Корентин Толисо, објавија денеска дел од медиумите на Островот. Францускиот интернационалец по доаѓањето на тренерот, Ханс Флик, го загуби местото во првата постава и затоа нема да биде изненадувачки доколку се определи да ја промени средината. Толисо во 2017 година го напушти тимот на Лион и потпиша за Баварците. Тој досега одигра 41 меч и постигна само осум голови. Има одредени шпекулации дека за неговите услуги се заинтересирани и неколку екипи од Италија и Шпанија.  

Read More

Фудбалскиот ветеран од Шведска, Златан Ибрахимовиќ, покажа на социјалните мрежи дека ја одржува формата со тренизи во неговата татковина. Популарниот Ибра е само еден од повеќето интернационалци од Калчото кои поради пандемијата со Ковид-19 ја напуштија Италија која е една од најпогодените земји во светот. Голгетерот на Милан деновиве ги поминува во Стокхолм а формата ја темпира работејќи на терените на Хамарби или клубот во кој поседува 25% од акциите.

Read More

Нашите боксерски репрезентативци, Гоце Јанески и Јасин Љама, се негативни на Ковид-19, покажа денешното тестирање. Тие по враќањето од Лондон го поминаа задолжителниот карантин од 14 денови. Истиот ќе го напуштат најдоцна в понеделник а потоа ќе одат во домашна самоизолација. Јанески и Љама настапија на квалификацискиот турнир во Лондон за олимписка виза за Токио. Собирот иако започна, беше прекинат по само два дена поради пандемијата со корона-вирусот. Македонските репрезентативци благодарение на ангажманот на Боксерската федерација, Амбасадите на Македонија во Лондон и Софија, безбедно се вратија во татковината.  

Read More

Фудбалерот на Ливерпул, Садио Мане, вели дека ќе прифати евентуално поништување на сезоната во Премиер-лигата бидејќи не сака подарена титула. Неговиот тим до прекинот има фантастична предност и сосема е логично и по администартивен пат да ја добие титулата. „Јас во моментов не се чувствувам како шампион. Сакам до трофеи да дојдам со победи на терен, а не со ‘игри на зелена маса’“ – вели црномурестиот фудбалер. „Многу луѓе починаа, многу луѓе ги загубија најблиските. Фудбалот сега не е примарен. Можеби е најчесно да се поништи сезоната. Ако се случи тоа, наредната година ќе бидеме шампиони! – потенцираше Сенегалецот.

Read More

УЕФА започнала преговори со релевантните фудбалски федерации за евентуална промена на стадионите на кои треба да се реализираат мечевите од Европското првенство кое е одложено за наредната година. Според наводите, италијанската и шпанската федерација  изразиле сомнеж дека ќе можат да ги исполнат обврските да бидат домаќини. Тоа се должи на големиот број жртви во двете држави и тешките економски последици што ќе ги предизвика пандемијата на „COVID-19“. Згора на тоа голем дел од планираните стадиони кои сега се користат како болници, имаат резервирани настани за наредното лето. Меѓу нив не влегува легендарниот – „Вембли“,  кој дефинитивно ќе може да биде…

Read More
NBA

Легендата на кошаркарскиот состав Бостон, Кевин Гарнет, жали што дури во 2007 година му се приклучи на Пол Пирс во редовите на „Селтикс“. „Ако можам да го вратам времето и да променам нешто, порано ќе ја напуштев Минесота. Требаше претходно да потпишам за Бостон. Можеби во таква ситуација би имал еден или два прстена повеќе“ – изјави Гарнет кој  неодамна влезе во – „куќата на славните“. Ќе потсетиме дека Гарнет влезе во НБА преку Минесота во 1995 година. Потоа го носеше дресот на Бостон и Бруклин а кариерата ја заврши во Минесота во 2016 година.

Read More
NBA

Артурас Карнишовас, е именуван за извршен потпретседател на кошаркарскиот состав Чикаго Булс. Тој го наследи Џон Паксон, кој беше дел од клубот од 2003 година. Поранешниот литвански репрезентативец досега ја имаше функцијата генерален директор во екипата на Денвер кој настапува во Западната конференција. Карнишовас никогаш не играл во НБА. Тој има два олимписки бронзени медала со Литванија како и сребро од Евро-Баскет 95. Карнишовас кариера ја започна во Статиба Вилнус, по што помина во францускиот Шоле, Барселона, грчкиот Олимпијакос и италијанскиот состав Фортитудо Болоња.

Read More

Сојузот на хотелиерите во Тенерифе им понуди на челниците на шпанската фудбалска федерација и на раководството на Ла Лига, сите преостанати натпревари од сезоната да ги одиграат на Канарските острови. Претставниците на здружението го оправдаа предлогот нагалсувајќи го фактот дека Тенерифе и остатокот од Канарските острови се изолирани од копното на Шпанија. Поради кризата предизвикана од пандемијата на корона, хотелиерите претрпуваат големи финансиски загуби. Во исто време, Канарските острови имаат одлични капацитети и доволно хотели кои можат да ги примат сите 42 екипи од Ла Лига и Сегунда дивизија.

Read More