Француските весници повикувајќи се на членот 17 од правилата на УЕФА, пишуваат дека Пол Погба може да го раскине договорот со Манчестер Јунајтед и како слободен фудбалер да замине во друг тим. Според , наведеното, играчот може еднострано да го раскине договорот со клубот ако поминале најмалку три години од неговото потпишување. Се разбира, ако го искористи тоа правило, фудбалерот ќе мора да му плати обештетување на тимот. Пресметките покажуваат дека во случајот на Пол Погба станува збор за 50-60 милиони евра, што е за двојно помалку од парите што ги сакаат „црвените ѓаволи“. Французинот во 2016 година потпиша 5-годишен…
Author: dino
Ракометарот на Вардар, Сташ Скубе, објави на социјалните мрежи дека ќе го напушти нашиот тим. Интернационалецот од Словенија по две години поминати во „црвено-црниот“ дрес, вели дека секогаш ќе ја памети освоената титула во Лигата на шампионите. „Јас сум многу горд што го носев дресот на ВАРДАР две години и крајно сум горд на се што направивме во последниот период! Се разбира дека освојувањето на лига на шампиони минатата година беше еден од најдобрите денови во мојот живот! -Би сакал да им се заблагодарам на сите мои соиграчи, навивачи и луѓето кои не поддржуваат во добро и во лошо време!…
Првите луѓе на Серија „А“ денеска на видео-конференцијата со клубовите и со претставниците на Унијата на фудбалерит во Италија, донесоа одлука да се скратат платите за една шестина под услов сезоната продолжи. Доколку сезоната пак, биде поништена, тогаш намалувањето да биде една третина. Од 20-те клубови само Јувентус не гласаше. „Старата дама“ претходно објави дека во договор со фудбалерите нема да им исплати масимални износи за март, април и мај.
Фудбалскиот стратег, Винсенте Дел Боске, кој имаше забележителни резултати на клупата на Реал Мадрид и на селекцијата на Шпанија, потенцирал, дека Бразилецот, Нејмар е одличен фудбаалер, но, има лоши карактерни особини. „Тешко е да го тренираш Нејмар, тој не е добар пример за младите фудбалери. На теренот многу глуми а недвор од него не е добар човек“ – изјавил Дел Боске во интервјуто за – „Мундо Депортиво“ запрашан дали Барселона треба да го врати напаѓачот во нејзините редови. „Клубот не смее да брза со одлуката, тоа не смее да го решат Меси и фудбалерите, треба да се реши со студена…
Фудбалскиот состав Манчестер Сити објави дека тренерот Пеп Гвардиола доживеал голема семејна трагедија откако починала неговата мајка која ја загубила битката со корона-вирусот. Долорес Сала имала 82-години а информациите велат дека била позитивна на Ковид-19. „Семејството Манчестер Сити со голема тага објавува за смртта на мајката на Пеп Гвардиола, Долорс Сала Карио откако се заразила со коронавирус. Таа имаше 82 години“ – стои во соопштението на „граѓаните“. Според информациите од Шпанија, само денеска починале 637 лица а од појавата на пандемијата дури 13.055 лица.
Возачот во Формула 1, Нико Розберг, кој единствен успеа да го победи Луис Хамилтон по неговото доаѓање во Мерцедес, вели дека младата ѕвезда на Ред Бул, Макс Верстапен, може да го направи истото доколку сезоната биде скратена. „Ако има помалку трки, тогаш се зголемуваат шансите да се појави нов шампион. Во таков случај и среќата ќе игра значајна улога“ – вели Розберг. „Мислам дека Ред Бул и Макс Верстапен може да се борат за титулата со Хамилтон и Мерцедес. Нивните шанси се одлични“ – рече Розберг.
Челниците на фудбалската Премиер-лига и претставниците на Владата на Велика Британија постигнале начелен договор сезоната да продолжи во почетокот на јуни. Според договореното, натпреварите ќе бидат одиграни пред празни трибини и ќе бидат пренесувани на сите телевизии без разлика дали ги имаат откупено правата. Во моментов само две телевизии ги имаат правата за Премиер-лигата, но, бидејќи не можат да ја покријат целата понуда, дел од средбите ќе бидат следени и преку други ТВ канали.
Медиумите во Англија објавија дека менаџерот на фудбалскиот состав Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, размислува да го врати на стадионот – „Етихад“ централниот дефанзивец, Стефан Савиќ. Шпанскиот специјалист интензивно бара опции да ја засили одбрана а Црногорецот повторно влезе во неговото видно поле. Савиќ во периодот од 2011 до 2012 година играше една сезона кај „граѓаните“ , но, не успеа да се наметне. Тој се појави на 12 натпревари и даде 1 гол. Потоа неговата кариера продолжи во Фиорентина а од 2015 година го носи дресот на Атлетико Мадрид. Тој има активен договор до 2022 година, но, медиумите прогнозираат дека шпанскиот…
Генералниот директор на Мото ГП, Кармело Еспелета, вели дека ќе биде значаен успех доколку се реализираат барем 10 трки од сезоната која е стопирана поради корона-вирусот. „Ќе бидам исклучително среќен ако можеме да имаме најмалку 10 трки. Луѓето сега не се грижат за тоа, но, ако навистина се случи, тоа ќе биде добар знак дека работите се враќаат во нормала“ – вели Еспелета. Сезоната досега е одложена во неколку наврати а според последната одлука, истата треба да стартува на 31 мај и тоа на патеката во Италија.
Играчот на Челзи, Вилијан, јасно стави до знаење дека нема да го продолжи договор со клубот без разлика дали сезоната ќе продолжи или не со оглед на ситуацијата со корона-вирусот. „Сите знаат дека договорот ќе ми истече за неколку месеци и тешко дека ќе биде продолжен. Ми понудија договор на две години а ја барав минимум за три. Нема да има нови преговори.“ – изјави играчот на „сините“. Според медиумите, Бразилецот влегува на радарот на англиските Арсенал и Тотенхем а во игра за неговиоt потпис може да се вклучат ПСЖ и Јувентус.
