Најдобриот тенисер на Бугарија, Григор Димитров, потврди на официјалната веб-страница на АТП дека донирал респиратори во болницата во неговиот роден град Хасково за поддршка на борбата против корона-вирусот. „Јас потекнувам од мал град и никогаш не сум заборавил од каде заминав. Само сакам да помогнам. Играв за Бугарија цел живот. Сè уште имам бугарски пасош. Јас навистина ги ценам луѓето и нивната поддршка низ годините“ – рече 28-годишниот тенисер кој живее во Калифорнија. „Честопати забораваме кои се вистинските ликови во сегашнава ситуација: лекарите, луѓето кои работат на бензински пумпи и носат намирници, персоналот за чистење во болниците. Мораме да го…
Author: dino
Боксерскиот шампион во тешка категорија во „WBO“, „IBF“, „IBO“ и „WBA“, Ентони Џошуа, откри дека поради корона-вирусот починале неколку негови познаници. Тој треба на 25 јули да ги брани титулите на меч со Кубрат Пулев, но, најверојатно најавениот спектакл ќе биде презакажан. „Се насочувам кон луѓето кои ги допре корона-вирусот. Ви пожелувам брзо закрепнување бидејќи не е шега. Досега не сме во состојба да најдеме лек. На тие што страдаат од болеста или изгубиле роднини, сакам да им кажам: држете ја главата високо“ – рече Џошуа. „Ги изгубив луѓето поврзани со мојата сала, близок пријател, пријателите на моите пријатели. Апелирам…
Францускиот фудбалски состав Дижон, даде придонес во борбата против корона-вирусот. Клубот кој настапува во елитната конкуренција во земјата на -„галските петли“, направи две донации од 100 000 евра во болниците во Дижон и Бесанкон. Покрај тоа деновиве повеќе од 3.000 кроасани и пакети со чоколади беа доставени до медицинскиот персонал во здравствените установи. Универзитетската болница во Дижон најви дека ќе потроши значаен дел од парите во развојот на истражувањата поврзани со Ковид-19. Дижон е уште еден француски клуб што се вклучи во борбата против пандемијата. Претходно тоа го направи ПСЖ кој донираше 100.000 евра како и Олимпик (Лион) со издвоени…
Џани Инфантино од позицијата на прв човек на светската фудбалска асоцијација – ФИФА во интервју за италијанската новинска агенција –АНСА“, потенцираше што очекува да случи откако ќе заврши пандемијата со корона-вирусот. „Бидете сигурни дека фудбалот ќе се врати и дека сите заедно ќе го прославиме тоа. Ќе излеземе од кошмарот и верувам дека ја научивме лекцијата“ – вели Инфантино. „Кога фудбалот ќе се врати тој ќе биде тотално различен од тоа што сме го гледале досега“ – изјави Инфантино со надеж дека луѓето ќе бидат подобри и похумани.
Извршниот директор на тенискиот турнир – „Вимблдон“, Ричард Луис, вели дека тенисот може да паузира до 2021 година откако пандемијата на корона-вирусот ја одложи целата сезона на трева. „Не сум оптимистички расположен, но, се надевам дека ќе се одржи отвореното првенство на САД. Се надеваме дека работите ќе се смират малку и ќе бидат одржани турнирите во Монтреал, Торонто и Синсинати“ – вели Луис. „Сите знаеме дека тоа е во моментов малку веројатно. Сепак, можеме да се надеваме дека ќе има тениски мечеви до крајот на годинава“ – вели Луис.
Министерот за здравство во Велика Британија, Мет Хeнкок, изјави дека фудбалерите од Премиер лигата мора да ги намалат платите за да ја одиграат нивната улога во борбата против корона-вирусот. „Мислам дека секој има улога во овој момент.Треба да ги здружиме силите, тоа значи дека треба да се приклучат и фудбалерите од најсилната лига. Со оглед на жртвите што ги прават многу луѓе вклучително и некои мои колеги од здравствената служба“ – вели Хeнкок. „За жал, некои повеќе не се меѓу нас, затоа мислам дека прво нешто што може да направат фудбалерите во Премиер –лигата е да ги намалат платите“ -…
Поранешната фудбалска ѕвезда на Милан, Кака, призна дека најубавите моменти од неговата кариера биле од времето кога го носел дресот на „росонерите“. Бразилецот навраќајќи се на неговите големи успеси и разочарувања одговори на прашањата на фановите поставени на Инстаграм профилот на ФИФА. „Не можам да истакнам специфичен меч, но, моите најдобри сеќавања се од годините во Милано. Ја освоивме Лигата на шампионите, станавме светски клупски шампиони, ја примив наградата -„Златна топка “ и на ФИФА за Фудбалер на годината, рече Кака кој се наврати и на најтажната епизода од неговата кариера. „Финалето против Ливерпул во Истанбул. Нема потреба да додадам…
Легендата на фудбалскиот состав Јувентус, Алесандро Дел Пиеро, признава дека му се исполнил сонот да игра за „старата дама“ бидејќи од мали нозе бил голем фан на великанот од Торино. „Бев навивач на Јувентус. Освоив сè што можев. Мојот последен натпревар против Аталанта беше навистина посебен. Многу повеќе од која било титула и награда. Немам зборови за да опишам што ми значеше емоцијата на моите соиграчи и навивачи“ – нагласи Дел Пиеро за „ Sky Sport“. „Дибала неколку пати ја доби капитенската лента што не е случајно. Јас го познавам Пауло совршено и мислам дека е многу способен и дека…
Фудбалските состави на Милан и Интер, се заинтересирани за младиот голман на Спортинг (Лисабон), Луис Максимиано, пренесуваат вечерва медиумите на Пиринеите. Според дел од наведеното, „росонерите“ го гледаат Максимиано како наследник на Донарума кој набрзо треба да си замине од „Сан Сиро“ бидејќи најверојатно нема да добие продолжување на договорот. За него е заинтересиран англискиот Челзи. Максимиано импресионираше во дресот на Спортинг до прекинот на сезоната поради пандемијата на корона-вирусот. 21-годишниот играч забележа 23 настапи на сите турнири или вкупно 2063 минути. На седум мечеви не прими гол.
Рио Фердинанд, еден од легендарните фудбалери на Манчестер Јунајтед, вели дека „црвените ѓаволи“ треба да ги вложат сите напори и да ги купат напаѓачите Хари Кејн (Тотенхем) и Џејдон Санчо (Борусија Дортмунд). „Кејн посакува трофеи. Се надеваше дека тоа ќе го оствари со Тотенхем, но, се случи спротивното.Тој е разочаран.Што се однесува до Санчо, сакам да биде во тим со кој ќе напредува и ќе собира трофеи. Мислам дека Јунајтед е најдобро место за него, Тој е еден од најдобрите млади играчи во моментов“ – напиша Фердинанд на социјалните мрежи. Според анализите на трансфер пазарот, манчестер Јунајтед за вентуалниот ангажман…
