Претседателот на словенечката кошаркарска федерација, Матеј Ерјавец, потврди, дека Радо Трифуновиќ кој ја презеде селекторската функцијата во 2017 година сега ќе има нова улога. Тој во интервјуто за –„Дневник“, истакна дека тренерот на ЦСКА (Москва), Димитрис Итудис, може да го преземе кормилото на Словенија. „Во моментов не може да се склучи официјален договор затоа што ниту ние ниту Итудис не знаеме како ќе се одвиваат работите. Ние сме во секојдневен контакт, но, темите за кошарката не се во прв план“ – вели Ерјавец. „Значајно е како се нашите семејства и така натаму. Ќе се зборува за кошарката штом се воспостави…
Author: dino
Директорот на фудбалскиот состав Баерн (Минхен), Карл-Хајнц Румениге, ги демантираше вчерашните информации дека клубот е подготвен да го понуди Давид Алаба и плус 50 милиони фунти за да го ангажира играчот на Манчестер Сити, Лерој Сане. „Тоа е како приказна на браќата Грим. Нема ништо точно. Давид беше дел од нашата академија и сега го гледаме како ветеран во Баерн. Сè уште се сеќавам на неговите први чекори кај Луис ван Гал. Тој сега има нова дефанзивна улога и многу е значаен за тимот“ – потенцираше Румениге. Алаба има активен договор со Баварците до наредното лето. Барем досега нема конкретни…
Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, објави дека се планирани неколку термини за евентуално продолжување на сезоната во сите фудбалски шампионати. „Искрено се надевам дека сезоната ќе може да продолжи во средината на мај или јуни. Постои предлог тековните првенства да продолжат во август а потоа да стартува новата сезона. Ќе ги разгледаме сите опции и ќе ја донесеме најдобрата варијанта“ – потенцираше Чеферин. „Не знаеме дали ќе бидат создадени услови за спортските средби да се играат пред публика. Ако не постои друго решение, најдобро ќе биде сезоните да завршат пред празни трибини. Тоа не е опција за финалињата во европските…
Првиот човек на фудбалскиот состав Јувентус, Андреа Ањели, посочи дека клубовите мора да имаат план како ќе ја надминат кризата поради пандемијата на корона-вирусот. „Челниците на клубовите се одговорни за опстанокот. Тие сега се соочуваат со вистинска егзистенцијална криза. Фудбалот сега стои како и нашиот проток на финансии со кои плаќаме играчи, персонал и други оперативни трошоци“ – потенцираше претседателот на „старата дама“. „Времето е значајно. Сега треба да го прифатиме најголемиот предизвик во историјата и да разговараме за многу нешта “ – изјави Ањели.
Доколку има летен трансфер период тој ќе биде многу значаен за фудбалерот на Барселона, Нелсон Семедо, пренесува денеска весникот- „Спорт“. Според напишаното, Португалскиот репрезентативец кој има договор до 2022 година или ќе ја продолжи верноста кон Каталонците или ќе замине во нова средина. Во изминатиот период се шпекулираше дека Семедо може да биде дел од договорот со италијанскиот Интер за ангажман на на Лаутаро Мартинез. Аргентинецот кој имаше блескави партии во редовите на „нероаѕурите“ е главната трансферна цел на шпанскиот состав.
Раководството на Премиер лигата ги предупреди службените лица во елитата да не зборуваат за „откажување“ на сезоната кога разговараат за можните опции. Доколку коментираат за најлошото сценарио, се советува да ја користат верзијата – „скратување“ на сезоната а не зборот – „откажување“. Инструкциите беа издадени откако во последниве денови се повеќе клубови вршат притисок сезоната да биде прекината. Според „Дејли Мајли“, пак, челниците на лигата ќе сторат сé што е можно да се заврши првенството. Наредната средба на која ќе бидат присутни сите фудбалски фактори во Англија е закажана на 3 април.
Сопственикот на кошаркарскиот состав Лос Анџелес Клиперс, Стив Балмер, повторно покажа дека располага со огромен извор на ресурси кои ќе ги насочи во битката со корона-вирусот. Тој заедно со неговата сопруга, Кони преку групата – „Балмер“ која редовно организира добротворни настани, ќе донираат 25 милиони долари за да им се помогне на луѓето кои се погодени од пандемијата. Парите ќе одат во Сиетл, Лос Анџелес и Мичиген. 10 милиони долари ќе бидат наменети за Универзитетот во Вашингтон кој работи на откривање на вакцина против вирусот.
Вчера на легендарниот стадион –„Вембли“ на кој требаше да се реализира пријателски меч меѓу Англија и Италија како дел од подготовките за ЕП, се појави порака со која Англичаните испратија поддршка за Италија која е најпогодена во Европа со корона-вирусот. „Можеби не го делиме теренот вечерва, но, заедно сме сплотени во ова тешко време. Останете дома, спасете животи“ – пишуваше во објавата. Во Италија како последица од корона- вирусот досега починаа повеќе од 9.000 луѓе.
Првите луѓе на фудбалскиот состав Јувентус им дозволиле на Бразилците, Сандро и Данило, да се вратат во татковината, пренесува – „Gazzetta dello Sport“. Тие ќе се вратат кај нивните најблиски додека трае пандемијата на корона-вирусот која досега однесе голем број на животи во Италија. Пред да заврши карантинот во Торино, клубот го напуштија и Даглас Коста, Гонзало Игуаин, Сами Кедира и Миралем Пјаниќ. Што се однесува до тројцата играчи на „старата дама“ кои беа позитивни на вирусот, тие се во добра здравствена состојба. Станува збор за Даниеле Ругани, Матуиди и Пауло Дибала.
Италијанските медиуми објавија дека германскиот фудбалски стратег, Ралф Рангник, нема да седне на кормилото на Милан. Според Скај Спорт Италија, двете страни преговарале, но, не успеале да најдат заеднички јазик. Иако консултациите продолжиле и во изминатите денови, сепак италијанците не се согласиле со барањата на Рагник. Тоа значи дека Стефано Пиоли и понатаму останува главен тренер на „росонерите“ кои поради пандемијата на корона-вирусот засега се без активности.
