Пепе Реина кој стоеше на голот на Ливерпул, Наполи, Барселона, Баерн Минхен, Милан и селекцијата на Шпанија, објави за шпанското радио – „Кадена Сер“ дека најверојатно имал Ковид-19 и дека ја прележал болеста без да биде хоспитализиран. „Ги имав сите симптоми, сува кашлица, температура, тешко дишев. Бев одвоен од семејството, се само изолирав. Сега се чувствувам подобро“ – вели Реина кој сега воопшто не мисли на фудбалот. „Поминуваме тешки времиња и морам да кажам дека фудбалерите немаат право да се жалат. Ги имаме сите услови за да си седиме дома“ – потенцираше Реина кој во моментов има договор со Милан,…
Author: dino
Доцна синоќа челниците на германскиот фудбал потврдија дека продолжението на сезоната се пролонгира за почетокот на мај доколку се стави под контрола панедмијата на корона-вирусот. Првично беше решено паузата да трае до 3 април, но, откако стана извесно дека ситуацијата со пандемијата нема подобрување, Германците се определија суспензијата во сите лиги да продолжи до крајот на наредниот месец. Иако имаше одредени наводи дека сезоната во Бундес-лигата може да биде прекината а титулата да му биде доделена на Баерн Минхен, најверојатно таа варијанта ќе отпадне од комбинација.
Првиот човек на фудбалскиот состав Сампдорија, Масимо Ферерo, вели дека Серија „А“ треба да биде дефинитивно прекината а сезоната да биде поништена. „За мене сезоната завршува тука со актуелните позиции. Еве можеме да си создадеме хипотеза. Можеме да си дадеме еден месец. Да почнеме со припреми на 4.април до 4.мај, тогаш одигруваме 12 натпревари до август. Што тогаш ќе се случи со наредната? Ајде да почнеме да зборуваме за наредната сезоната“ – потенцира Ферeрo. Италијанските медиуми пишуваат дека клубовите се поделени во размислувањата. Едната група што ја предводи претседателот на Лацио, Клаудио Лотито инсистира на доигрување на сезоната додека втората…
Кошаркарот на Ефес Пилсен, Крис Синглтон, има предлог како да се заврши тековната сезона во Евро-лигата. Американецот вели дека треба да се организира – „мартовско лудило“ или турнирите кои се заштитен знак на колеџ НЦАА лигата во САД. Црномурестиот играч вели дека турнирите треба да се организираат во три града а 18 екипи да бидат распоредени на двете страни од костурот. „Мојот предлог е во моментов да го искористиме примерот од колеџ лигата“ – вели Синглтон. Во Евро-лигата доколку продолжи сезоната, ќе треба да се доиграат уште шест мечеви од регуларниот дел.
Челниците на фудбалскиот состав Интер имаат намера да понуди нов договор на Марцело Брозович за да го задржат во клубот. Тековниот на интернационалецот од Хрватска е до летото во 2022 година. Според весникот –„Тутопорт“, екипата од Милано планира да му понуди договор за уште една година со зголемување на платата. Интер посакува договорот да биде потпишан пред крајот на јуни. Причина за тоа е што Брозовиќ има одредена клаузула која стапува на сила во јули. Според неа, тој може да го напушти клубот за сума од 60 милиони евра. Во меѓувреме, тренерот на „нероаѕурите“, Антонио Конте, нагласи дека Брозовиќ е…
Играчот од средниот ред на Нант, Мехди Абеид, изјави дека многу му недостасува фудбалот откако Францускиот шампионат беше суспендиран поради пандемијата на корона-вирусот како што се случи со сите првенства во Европа. „Тешко им е на сите да останат дома и да не излегуваат надвор, но, тоа е императив. Како фудбалер кој честопати е далеку од дома и семејство, барем сега ги гледам секој ден” рече играчот на „канаринците“. „Се плашиме дека ќе трае долго, но, ќе се прилагодиме. Фудбалот ми недостасува многу, сепак, животот и здравјето се многу позначајни. Многу играчи во Европа се во иста ситуација. Разговараме едни…
Дефанзивецот на фудбалскиот состав Наполи, Калиду Кулибали, изрази желба да го напушти клубот во текот на летото. Тој на средбата со претседателот, Аурелио Де Лаурентис, добил ветување дека ќе може да си замине доколку некој ја плати бараната сума. За црномурестиот фудбалер се заинтересирани Манчестер Јунајтед и Пари Сен Жермен. „Црвените ѓаволи“ сакаат тој да му биде партнер на Хари Магвер во центарот на одбраната додека Французинот го гледаат како замена за капитенот, Тијаго Силва, кој најави заминување од „Паркот на принцовите“. Медиумите во Италија, објавија дека трансферната вредност на Кулибали е околу100 милиони евра.
Шпанскиот тенисер, Рафаел Надал, кој има освоено 19-ет Грен-слем титули, ги искористи социјалните мрежи за да испрати зборови за поддршка до сите здравствени работници кои се вклучени во борбата со корна-вирсуот и воедно да ги охрабри сите што во моментов страдаат од болеста. „Би сакал да испратам порака до сите лекари, медицински сестри и здравствени работници кои нè штитат, како и до полицијата, цивилната и националната безбедност, војската и сите што не прават да се чувствуваме малку побезбедни. На крајот на краиштата, тие се под најголем ризик од добивање на вирусот, тие се наши херои. Сакам да го изразам восхитот…
Кошаркарот, Леброн Џејмс, кој се вбројува меѓу легендите на НБА, лигата, изјави, дека сака кариерата да ја заврши во редовите на Лос Анџелес Лејкерс доколку се создадат услови за тоа. Познато е дека пандемијата на корона-вирусот ги прекина возбудувањата во најсилната светска кошаркарска лига и дека дел од играчите се во само-изолација откако неколку беа позитивни на вирусот. „Можам да кажам една работа во моментов – не сакам да играм за ниту еден друг тим освен за Лејкерси, тука сакам да бидам до крајот на животот“ – изјави Џејмс кој се наоѓа на третото место на вечната листа според бројот…
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска на прес-конференција објави дека во насока на справување со економската криза поради корона-вирусот, сите спортисти и спортски работници вработени во спортските колективи како и приватните спортски школи во Македонија, ќе добијат по една минимална плата за месеците април и мај. „За сите спортски работници и спортисти вработени во спортските колективи, Владата ќе обезбеди минимална плата од 14.500 денари за месеците април и мај“ – истакна првиот човек на владеачката партија. Предложените мерки за да стапат на сила, ќе треба да бидат изгласани од страна на Владата. Доколку мерките се споведат, тоа ќе значи и прифаќање…
