Леонардо Куфре, кој играше со Касано во Рома, вели дека Италијанецот можел да направи поголема кариера доколку бил активен на тренизите. „Со Антонио имам многу добри спомени. Ако беше малку попрофесионален ќе станеше еден од најдобрите во светот. Во кариерата видов многу малку играчи како него„ – вели Куфре. „Тој не пиеше алкохол и не остануваше до доцна во ноќта, но, го мрзеше да тренира. Касано мислеше дека може да постигне се што сака во фудбалот без тренира“ – изјави Куфре.
Author: dino
Англискиот фудбалски состав Манчестер Јунајтед планира во текот на летото да го ангажира играчот на Реал Мадрид, Герет Бејл, објавија денеска дел од медиумите. Наводно, „црвените ѓаволи“ се подготвени да ја покријат неговата висока плата и да го искористат максмално моментот бидејќи „кралевите“ практично нема да бараат обештетување за Велшанецот. 30-годишниот Бејл иако ја нема посакуваната минутажа во тимот на Зидан, во неколку наврати изјави дека нема намера да го напушти Мадрид се до терминот кога ќе му истече договорот
Откако тренерот на фудбалерите на Арсенал, Микел Артета, беше позитивен на корона-вирусот, целиот тим на „топчиите“ беше ставен во карантин во рок од 14-ет денови. Тој термин ќе истече во вторник по што повторно ќе биде отворен трениг-центарот во клупската база во Колни, најавија денеска медиумите во Англија. Бидејќи Шпанскиот тренер ја доби битката со Ковид-19 а фудбалерите на покажале симптоми, се очекува тренинг процесот да продолжи со надеж дека сезоната ќе биде повторно активна од 3 април.
Еден од најдобрите фудбалери во тимот на Лацио, Чиро Имобиле, направи паралела меѓу сегашниот тренер Симоне Инзаги и Унаи Емери и Јирген Клоп кои му беа тренери во Севилја и Борусија Дортмунд. „Емери става голем акцент на тактиката. Клоп беше сосема поразличен. Целиот тренинг се одвиваше со топката а играчите беа во постојано движење и не застанаа ниту една секунда“ – вели Имобиле. „Стилот на Инзаги е повеќе италијански иако ги користи квалитетите и на другите двајца. Работиме многу со топка и правиме тактики“ – потенцира Имобиле. Неговиот тим до прекинот на Серија „А“ го има второто место на табелата…
Европските фудбалски гиганти Арсенал и Баерн Минхен во текот на летото ќе се обидат да дојдат до потписот на младиот играч на шведскиот Хамарби, Емил Робек. 16-годишниот напаѓач е еден од најперспективните таленти на клубот од Стокхолм. Шефот на Хамарби, Јаспер Јансон потврди дека Англичаните и Баварците започнале да преговори за ангажирање на младиот фудбалер. „Баерн нас не контактираше додека Робек се сретна со луѓето од Арсенал. За него се заинтерсирани и други клубови. Тој е напаѓач со добар физикус, брзина и вештина за псотигнување на голови“ – рече Јансон.
Претседателот на фудбалскиот состав Фиорентина, Роко Комизо, кој има работна посета во САД, потврди дека три нови лица вработени во клубот се наоѓаат на болничко лекување поради симптоми на корона-вирусот. Според објавеното, станува збор за членови на стручниот штаб и еден од клупските лекари. „Имаме од осум до десет заразени со вирусот. Тројца се вработени во клубот и се наоѓаат во болница, еден е на респиратор а другите на домашно лекување. Јас би се вратил во Фиренца, но, не ми дозволуваат да патувам“ – вели Комизо. Од претходно е познато дека со корона- вирусот се заразени и фудбалерите: Душан Влаховиќ,…
Франк Лебеф кој со селекцијата на Франција стана светски и европски фудбалски шампион и имаше блескава кариера во дресовите на Челзи и Олимпик Марсеј, вели дека Вирџил Ван Дајк е покомплетен дефанзивец од Немања Видиќ. Тој во интервјуто за – „ЕСПН“ запрашан да направи паралела меѓу квалитетите на Холанѓанецот во дресот на Ливерпул и поранешниот репрезентативец на Србија, потенцирал дека Ван Дајк му оставил поголем впечаток. „Мислам дека Видиќ беше куче и фантастичен дефанзивец. Сепак, Ван Дајк може да го предводи тимот и има одличен опсег на додавање. Мислам дека Видиќ не можеше тоа да го направи“ – потенцираше поранешниот репрезентативец…
НБА престана да ги тестира играчите за забранети сусптанци во периодот кога лигата е во прекин заради корона-вирусот, јавуваат американските медиуми. Одлуката е донесена на барање на Здружението на играчи во Лигата. Според колективниот договор, секој кошаркар може да биде подложен на шест тестови во секое време од сезоната или тренинзи пред сезона. Марихуаната, стероидите и одредени лекови, се на списокот на забранети супстанции на Националната кошарка асоцијација, дури иако во некои држави употребата на така наречената „трева“ е законски дозволена. НБА две години ја казнува злоупотребата на пушењето марихуана. Тоа може да резултира со забрана за настап на 25…
Фудбалскиот состав Челзи започнал тешки преговори за привлекување на дефанзивецот на Гетафе, Марк Кукуреја. На „Стемфорд Бриџ“ се импресионирани од квалитетите на младот играч и сакаат да го земат во текот на летото. Големиот талент игра за Гетафе како позајмен од Барселона што значи дека Каталонците ќе добијат 40% од вкупната сума доколку се реализира трансферот. Тоа значи дека „сините“ ќе мора да преговараат и со двата клуба во исто време доколку сакаат да го привлечат Кукуреја во нивните редови.
Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, спроведува тренинзи еден на еден со Мајкл Керик за да биде подготвен доколку продолжи сезоната во Премиер-лигата која е прекината поради панедмијата на корона-вирусот. Французинот се опорави од операцијата на десниот глужд и сега се обидува да ја врати физичката кондиција. Минатата недела медиумите на островот информираа, дека Погба е подготвен да потпише нов договор затоа што верува дека ќе биде одличен тандем со Бруно Фернандес во средниот ред на „црвените ѓаволи“. Погба до прекинот на сезоната или подобро речено додека не се повреди, има одиграно само осум натпревари за тимот…
