Author: dino

Фудбалерите на бразилскиот Гремио пред натпревар во регионалниот шампионат против Сао Луис излегоа со заштитни маски во знак на протест бидејќи земјата дозволи да се игра фудбал во време во кое што скоро цел свет мирува. Голем бројот на екипи од Јужна Америка започнаа да негодуваат и покрај тоа што превентивно се игра пред празни трибини. Во моментов првите луѓет на бразилскиот фудбал остануваат на ставот дека првенството треба да се доигра.  

Read More

Националната асоцијација за кошарка на САД и Канада испрати упатства до тимовите според кои играчите можат да се вратат во родните градови додека трае прекинот на првенството поради пандемијата на корона-вирусот. Упатите велат дека кошаркарите треба да го известат тимот за местото на престој, да останат дома и да тренираат индивидуално. НБА лигата на 11 март, објави дека ја прекинува сезоната за најмалку 30 дена поради пандемија на корона-вирусот откако центарот на Јута, Руди Гоберт, беше позитивен на тестирањето. Досега заразени се и неговиот тимски колега Донован Мичел и центарот на Детроит, Кристијан Вуд.  

Read More

Фудбалерот на Интер, Кристијан Ериксен поради пандемија на корона-вирусот бил исфрлен од хотелот во Милано во кој престојувал. Данскиот репрезентативец кој во јануари го напушти англискиот Тотенхем и потпиша за италијанскиот клуб, неочекувано се најде во ситуација да мора да го напушти хотелот кој беше затвори поради вирусот. „Нероаѕурите“  морале брзо да реагираат и да му обезбедат друг стан во Милано во кој ќе мора да остане 14 дена. Тој ќе работи според програмата што ќе му ја достават тренерите на екипата.

Read More

Денеска во Лондон на квалификацискиот турнир за ЛОИ во Токио се очекува настапот на нашиот боксер, Гоце Јанески, кој во категоријата  до 75 килограми ќе боксува со Шпанецот, Етерна Квадрадо. Нашиот втор претстваник,  Јасин Љама, вчера загуби од репрезентативецот на Грција,  Александрос Цаникидис во категоријата до 63 килограми. Квалификацискиот турнир во Лондон е прв од двата предвидени за обезбедување Олимписка норма за игрите во Токио 2020 година  

Read More

Фудбалскиот шампионат на Мексико е суспендиран поради пандемија од корона-вирусот, соопшти фудбалската федерација на земјата. Во моментов според последните податоци таму има повеќе од 40 лица заразени со КОВИД-19. Шампионатот беше прекинат по 10. коло на неодредено време. На врвот на табелата лидер е екипата на Круз Азул со 22 поени.  

Read More

Менаџерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген клоп, застана зад одлуката на фудбалската асоцијација на Англија да ги прекине активностите во Премиер – лигата како превенција за спречување на корона-вирусот. „Кажав и претходно дека фудбалот секогаш е најважното нешто, но, денеска, фудбалот и натпреварите немаат големо значење“ – напиша тренерот од Германија на социјалните мрежи. „Не сакаме да играме пред празни трибини, истовремено не сакаме одложување на мечевите,, но, доколку тоа им помага на луѓето да останат здрави, дури и да се работи за една индивидуа, тука не поставуваме никакви дилеми“ – напиша меѓу другото Клоп.

Read More

Шпанскиот фудбалски состав Леганес времено ги прекина сите активности и ги затвори вратите на тренинг центарот откако  генералниот директор на клубот, Мартин Ортега е позитивен на Ковид-19. Според соопштението од клубот, сите што имале контакт со Ортега се ставени во изолација. Во текстот се потенцира дека ниту еден од фудбалерите од првиот тим и од стручниот штаб не се во опасност, но,  сите тренинзи се откажани поради внимателност. Во меѓувреме Ортега е пуштен на домашно лекување откако поминал краток период во болница.

Read More

Фудбалскиот шампион на Шпанија, Барселона, одлучи да им даде одмор на играчите откако матичната федерација донесе одлука да го прекине времено шампионатот поради пандемијата на корона-вирусот. Претседателот на каталонскиот состав, Хозеп Мариа Бартоме, во текот на денов имал состанок со играчите и стручниот штаб за да им ја соопшти последната одлука до донесување на нова. Тој нагласил пред сите присутни дека приоритет е здравјето на фудбалерите и на нивните семејства.

Read More

Бекот на ракометниот тим Вардар, Сташ Скубе, во интервју за ЕХФ пред да биде одложен мечот со Пик Сегед во фазата на елиминации, потенцира, дека „црвено-црните“ поминуваат турбулентна сезона и дека тоа ги прави карактерно посилни. Интернационалецот од Словенија кој ќе излезе на мегдан токму со неговиот поранешен состав, вели дека работите започнале да се менуваат кога клубот се соочи со заминувањето на играчите поради финансиските проблеми. „Нема да има големи изненадувања меѓу нас и Пик Сегед. Сите се познаваме многу добро. Сепак, мора да бидеме реални. Тимот кој претходно ја освои титулата во Лигата на шампионите не може да…

Read More

Фудбалската федерација на Германија одлучи да го одложи продолжението на шампионатот во Бундес-лигата. 26. коло требаше да се реализира во текот на викендот без присуство на публика, но, откако многу видни личности од германскиот фудбал излекоа со критики за таквата одлука, челниците на лигата се премислија. Според најавите суспензијата треба да биде до  2. април и ќе се однесува на сите фудбалски активности од најслабата до најсилната конкуренција.

Read More