Челниците на СЕХА лигата донесоа одлука да ги прекинат активностите откако Светската здравствена организација прогласи пандемија поради корона –вирусот. Тоа значи дека реванш натпреварот од четвртфиналето на СЕХА лигата меѓу Вардар и Нексе нема да се одигра в недела во СЦ „Јане Сандански“. Тој е одложен на неодредено време. Истото се однесува и за утрешниот меч меѓу Веспрем – Војводина. Ќе потсетиме дека завршниот Ф4 турнир на СЕХА треба да се реализира од 3. до 5. април
Author: dino
Англиската Премиер-лига донесе одлука да ги прекине активностите до 4 април откако синоќа беа потврдени првите случаи на заразени тренери и фудбалери со Ковид-19. Станува збор за стратегот на Арсенал,Микел Артета и фудбалерот на Челзи, Калум Хадсон-Одои. Денеска се појавија нофи информации дека позитивни на тестирањето биле играчи на Лестер, Евертон и Манчестер Сити и дека дел од нив се ставени во изолација. ФА на Англија одлучи покрај Премиер-конкуренцијата да ги суспендира мечевите и во второто по ранг натпреварување –Чемпионшип Дивизијата.
Формула 1 тимот на Мекларен објави дека 14 члена ќе бидат во карантин во наредните две недели откако беше потврдено дека едно од лицата кои работат во екипата е позитивно на корона-вирус. Познато е дека почетокот на сезоната е пролонгиран за 22 март со трката во Бахреин, но, тоа е условено со натамошниот развој на настаните околу корона-вирусот. „Веројатно ќе се откаже и трката во багреин, тоа е неизбежно. Иако нема официјална потврда, тешко ми е да замислам дека екипите се подготвени да заминат во Бахреин“ – изјави првиот човек на Ред Бул, Кристијан Хорнер.
Откако фудбалерот на Јувентус, Даниеле Ругани, беше позитивен на тестот за ковид-19, речиси комплетниот тим на „старата дама“ со придружниот персонал е ставен во карантин. Екипата од Италија објави дека 121 лице е во самоизолација во клупскиот хотел кој се наоѓа веднаш до стадионот во Торино. Во таа бројка влегува и првиот човек на Јуве, Андреа Ањели, кој имаше специјално обраќање до јавноста. Засега во изолација се ставени и луѓето од Интер, Верона и Сампдорија откако беше потврдено дека и Маноло Габиадини е позитивен на коронавирус. Медиумите на „Чизмата“ објавија дека речиси сите екипи ги прекинаа тренинзите освен Наполи кој во текот…
Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, по вчерашната сигурна победа од 5-0 на теренот на австрискиот Ласк Линц во првиот меч од елиминациите во Лига Европа, истакна дека Пол Погба ќе остане во клубот. Деновиве се појавија информации дека францускиот интернационалец кој упорно инсистираше да си замине од клубот сега го променил мислењето и има намера да остане во редовите на „црвените ѓаволи“. „Пол е наш играч. Тој има уште две години од неговиот договор, плус има опција зауште една“ –изјавил Солскјер.
Откако светската здравствена организација прогласи пандемијата поради корона –вирусот, првите луѓе на ФИФА објавија дека ги одложуваат квалификациите за Коменбол купот во 2022 година. Тоа се однесува за мартовските квалификации кои требаше да се одиграат од 23-31. ФИФА исто така ги стави во мирување и претстојните квалификации на Јужна Америка за Светското првенство – Катар 2022. Европската фудбалска унија (УЕФА) за вторник ја закажа видео-конференцијата со сите 55 членки, со европската клупска асоцијација (ЕКА), евопските лиги (ЕПФЛ) и здружението на фудбалери (ФИФПро) за да решат како ќе продолжат со активностите.
Откако беше потврдено дека менаџерот на Арсенал, Мигел Артета е позитивен на корона-вирус, утрешната средба од 30. коло од Премиер-лигата меѓу Брајтон и Арсенал експресно е одложена. Дуелот требаше да биде одигран во првиот ден од викендот но, вчерашната потврда дека Шпанецот е болен, ги натера луѓето од ФА веднаш да реагираат. Најновата информација дека и во редовите на Челзи, Калум Одои, е ставен во самоизолација, се наметнува прашањето дали челницата на Премиер-лигата на денешниот состанок ќе донесат одлука да ги прекинат сите активности како што тоа го направија Серија „А“, Ла Лига и Француската федерација.
Калум Хадсон Одои еден од младата генерација во редовите на фудбалскиот состав Челзи е новата жртва на корона-вирусот, пренесуваат изутринава британските медиуми. 19-годишниот играч е вториот заболен кој има активности во Премиер-лигата откако од претходно беше потврдено дека менаџерот на Арсенал, Мигел Артета, е болен од ковид-19. „Сините“ соопштија дека играчите и персоналот кои имале контакти со Одои се ставени во самоизолација. „Калум не тренира од понеледникот бидејќи имаше симптоми на грип. Во четвртокот вечерта за жал стигнаа позитивни резултати на корон-авирус“ – објави Челзи.
Тренерот на фудбалерите на Арсенал, Микел Артета, потврди дека е позитивен на корона –вирусот. Откако е откриено дека Шпанецот е болен, целиот тим на „топчиите“ е ставен во карантин и самоизолација. Артета само ја зголемува бројката на фудбалски личности кои се позитивни на вирусот кој ја натера светската здравствена организација да прогласи пандемија. „Лошо се чувствував и затоа го направив тестот. Ќе се вратам на работа кога ќе ми дозволат“ – објави тренерот на лондонскиот состав. .
Фудбалската федерација на Македонија официјално со допис до УЕФА побара одложување на натпреварот меѓу Македонија и Косово од полуфиналниот бараж натпревар за пласман на Европското првенство, закажан за 26. Март 2020. на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Во дописот до Европската куќа на фудбалот, покрај проблемот со гледачите (забрана од македонската Влада за присуство на публика), ФФМ го потенцира проблемот со пристигнувањето на фудбалерите од репрезентацијата во нашата држава, односно евентуалната изолација / карантин за одредени фудбалери кои би пристигнале од земјите со висок степен на присуство на вирусот COVID-19.Токму поради овие вонредни причини, Фудбалската федерација на Македонија е…
