Author: dino

16-ет годишниот Џуд Белингем, кој има одлични партии во Чемпионшип лигата во дресот на Бирмингем, може да добие понуда во текот на летото да се пресли во редовите на Манчестер Јунајтед. Младиот фудбалер одигра повеќе 30 натпревари во силната конкуренција и покажа дека е еден од најголемите светски таленти. Луѓето од Бирмингем заедно со родителите на Белингем вчера биле во Керингтон на средба со извршниот директор на Манчестер Јунајтед, Ед Вудвард. „Црвените ѓаволи“ се надеваат дека ќе бидат во предност во трката за потписот на младиот играч кој влегува и во пламновите на германскиот елитен состав, Борусија Дортмунд.

Read More

Тенискиот Мастерсот во Мајами е предвидено да трае од 23 март до 5 април и тука нема да има никакво пролонгирање, соопштија организаторите. „Безбедноста останува главен приоритет и многу внимателно ја следиме состојбата со КОВИД-19, работејќи со локалните, државните и сојузните власти. Покрај тоа, ние работиме со АТП и ВТА кои ни посочија како е најдобро да ги обезбедиме навивачите, играчите и персоналот“ – се вели во изјавата на организаторите. Како што е познато, турнирите во Индијан Велс беа одложени откако беше регистриран случај на корона-вирусот во долината во која се наоѓа големиот тениски комплекс. Во САД, бројот на потврдени…

Read More

Менаџерот, Жозе Мурињо, изрази уверување дека Тотенхем нема да биде единствениот клуб во неговата кариера со кој не освоил трофеји. Британците денеска ќе гостуваат кај РБ Лајпциг во реваншот од 1 /8 финалето во Лигата на фудбалските шампиони и ќе се обидат да ја надополнат негативата од првиот меч кога загубија со 1-0. „Се надевам дека Тотенхем нема да биде  единствениот клуб со кој не сум освоил трофеј. Јас победив насекаде и сигурен сум дека ќе го направам тоа и тука“ – вели Португалецот. „Ме прашувате како ќе постигнеме гол без Кејн, Сон и Бергвајн? Постојат многу начини да постигнете…

Read More

Реваншот од 1 /8 финалето во Лигата на фудбалските шампиони меѓу Барселона и Наполи кој е закажан на 18 март во Шпанија на стадионот „Камп Ноу“, ќе биде одигран пред празни трибини. Одлуката е донесена поради опасноста од ширењето на корона-вирусот кој се почесто се среќава и на Пиринеите. Тоа е петтиот меч во евро-конкуренцијата кој ќе се одигра без публика откако претходно беше објавено дека дуелите: Валенсија- Аталанта (10 март), ПСЖ- Борусија Дортмунд (11 март), Интер –Хетафе (12 март) и Олимпијакос- Вулверхемтон (12 март) ќе бидат реализирани без присуство на гледачи.

Read More

Нашите најдобри ракометари го добија најтешкиот можен противник во баражот за место на Светското првенство кое ќе се реализира догодина во Египет. Избраниците на Брестовац ќе треба да се соочат со селекцијата на Франција која има богата ризница исполнета со пехари од сите значајни ракометни настани. Светското првенство ќе се игра од 14 до 31 јануари следната година и тоа во пет градови: Каиро, Шарм Ел Шеик, Хургада, Суез и Луксор.

Read More

Напаѓачот на Јувентус, Паоло Дибала кој остави одличен впечаток на вчерашното дерби со Интер во Серија „А“, најверојатно ќе добие понуда за нов договор, објавија денеска медиумите во Италија. Според нив, челниците на „старата дама“ биле многу задоволни од тоа што го покажува Аргетинецот и затоа имаат намера да му понудат продолжување на соработката со далеку пoдобри финансиски параметри. Интересно е тоа што младиот играч кој во текот на изминатото лето беше ставен на трансфер  листата, сега се претвори во еден од најзначајните играчи на Јуве. Медиумите проценуваат дека Дибала ќе се согласи да потпише нов договор и дека во…

Read More

Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Дарен Флечер, вели дека Бруно Фернандеш, може да се спореди карактерно со легендарниот Швеѓанец, Златан Ибрахимовиќ, кој остави посебен белег на „Олд Трафорд“. Португалецот за краток период успеа да стане миленик на навивачите на „црвените ѓаволи“ и воедно да се претвори во значајна алка на теренот. Треба да се потенцира и фактот дека Јунајтед нема пораз на осум натпревари на кој Фернадеш беше меѓу стартерите. „Мурињо во Јунајтед беше успешен, но, немаше доволен број играчи кои можеа да се носат со неговиот карактер. Ибрахимовиќ беше единствениот кој тоа го можеше а кога замина немаше никој друг. Денес,…

Read More

Фабио Капело кој со неколку колеги го следеше дербито на Серија „А“ меѓу Јуве и Интер, вели дека најдобар на теренот бил домашниот фудбалер, Де Лихт. „За мене, најдобар беше Де Лихт. Во почетокот на сезоната играше тешко и се адаптираше на новата средина. Сега полека се издигна од меч во меч.  Јувентус конечно го доби дефанзивецот кој го посакуваше“ – вели искусниот стратег. За разлика од Капело, другите експерти го издвоија домашниот напаѓач Паоло Дибала како централна фигура на теренот.

Read More

Фудбалерот на Арсенал, Лукас Тореира, има скршеница на глуждот и ќе мора да паузира до крајот на сезоната, потврдија денеска лекарите на лондонскиот состав. Младиот играч на „топчиите“ се повреди на средбата со Портсмут во ФА Купот а дополнителните лекарски прегледи само ја потврдија првичната констатација дека станува збор за скршеница. Тоа значи дека Уругвајскиот репрезентативец нема да може да му помогне на тимот во трката за место што води во Европа за наредната сезона. Денешната вест ќе му донесе дополнителни проблеми и на стратегот на Арсенал, Микел Артета, кој во континуитет се соочува со повредени и казнети фудбалери. – Се…

Read More

Фудбалерот на Манчестер Сити, Илкан Гундоган, по вчерашниот пораз на теренот на градскиот ривал Јунајтед, вели дека не направил прекршок врз Фернандеш и дека противникот одлично одглумил и го измамил судијата. Домаќините токму по прекинот со мала мајсторија што ја изведоа Фернадеш и стрелецот на голот, Ентони Марсијал,  ја дигнаа публиката на нозе на „Олд Трафорд“. Гундоган сега потенцира дека не направил прекршок врз Португалецот и дека се било регуларно. „Тоа воопшто не беше фаул. Јас ја допрев топката а Бруно се фрли на земја и почна да вика. Не сум сигурен дека судијата виде или имаше само чувство дека…

Read More