Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, потенцираше дека младиот напаѓач, Маркус Рашфорд, набрзо ќе треба да се вклучи во активностите на тимот. Англискиот голгетер последен пат се појави во дресот на „црвените“ во средината на јануари кога беше заменет поради повреда на грбот на мечот со Вулверхемптон во рамките на третата рунда од ФА Купот. „Доколку биде подготвен за крајот на сезоната тоа ќе биде одлично за нас. Само треба да бидеме внимателни бидејќи Маркус треба да игра уште многу, многу години“ – вели Сослкјер. 22-годишниот фудбалер кој поради повредата мораше да пропушти шест мечеви, досега во…
Author: dino
Напаѓачот на фудбалскиот состав Ливерпул, Садио Мане, верува дека мини кризата со три порази во последните 4 средби набрзо ќе биде надмината и дека „црвените“ ќе се вратат на победничките патеки. „Јас мислам дека е тоа нормална работа. Постојат моменти кога играте како шампиони и моменти кога покажувате слаби партии. Тоа и нам ни се случува“ – вели Мане. „Ние имаме нов значаен натпревар в сабота против Бурнмаут а потоа в среда против Атлетико Мадрид. Се надева дека ќе бидеме подготвени и дека ќе се вратиме на победничките патеки. Треба да продолжиме да работиме напорно“ – потенцира интернационалецот од Сенегал.
Екипите на Брегалница, Шкендија, Академија Пандев и Струга си обезбедија место во полу-финалето на фудбалскиот Куп откако извлекоа поволни резултати во денешните реванш мечеви од 1 /4 финалната рунда. Работнички и Шкендија одиграа 2 спрема 2 на теренот во Скопје по што тетовци благодарение на повеќе голови постигнати на гости одат понатаму откако на првиот меч беше 1:1. На стадион „Градска Плажа“ во Струга, екипата на Брегалница славеше против домаќинот Лабуништа со 4 спрема 1 со што само ја потврди победата од првиот меч. На „Градски“ во Тетово, Струга успеа да ја победи Ренова со 2 спрема 1 што преставува…
Нашите најдобри кошаркари останаа на 53. позиција на најновата ранг листа на Светската кошаркарска федерација-ФИБА. Ние во изминатиот период имавме два пораз од Естонија и Русија на стартот на квалифиакциите за Европскот првенство, но, успеавме да ја заддржиме сегашната позиција. Гледано само меѓу европските селекции, Македонија го има 29 место. На челната позиција во рангирањето на ФИБА фигурира составот на САД пред Шпанија и тимот на Австралија. Топ 5 го затвораат репрезентациите на Аргентина и Србија.
Европската ракометна федерација ги одреди термините за првата елиминациска фаза во Лигата на шампионите. Бранителот на тронот нашиот Вардар, во првата средба ќе му биде домаќин на унгарскиот Пик Сегед. Мечот ќе биде одигран во Скопје во СЦ „Јане Сандански“ на 22. март (недела) со почеток од 17 часот. Реваншот на теренот на Унгарците ќе биде на 29 март исто така со почеток од 17 часот. Победникот од тој двомеч во наредната фаза ќе игра против подобриот од пресметките меѓу Висла Плоцк (Полска) и Веспрем (Унгарија).
Најуспешниот сноу-бордер во историјата, трикратниот носител на олимписко злато, Шон Вајт, одлучи дека нема да се појави на Летните олимписки игри во Токио. Тој во последното интервју нагласи дека нема да се обиде да се квалификува за Скејт-бординг конкуренцијата бидеќи сака да се насочи само кон зимските спортови. „Одлуката е донесена врз основа на прашањето дали бев подготвен да се натпреварувам само на снег?. Работите одеа во таа насока и јас не се чувствував пријатно на скејт-бордот “ – рече Вајт. Американецот влегува во ретката група на спортисти кои планираат учество на Зимските и летните олимписки игри.
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Немања Матиќ, имаше интересна изјава за неговиот менаџер, Оле Гунар Солскјер. 31-годишниот играч од средниот ред нагласи дека норвешкиот тренер сега е многу подобар отколку пред пред една година кога седна на клупата на „црвените ѓаволи“. „Секако дека се развива. Станува се подобар и подобар Тој е многу подобар менаџер од пред една година, сега ги познава сите играчи и знае што треба да прави пред секој натпревар“ – потенцираше српскиот интернационалец.
Поранешниот фудбалски напаѓач на Ливерпул, Стен Колмор, не крие дека е среќен што екипата на Јирген Клоп пред неколку денови загуби на теренот на Ватфорд во натпревар од Премиер лигата. Според него, тоа ќе го тргне товарот од играчите кои досега беа споредувани со шампионите на Арсенал од сезоната 2003/04, кои ја освоија титулата без пораз. „Сите приказни дека не можат да загубат ќе бидат прекинати. Тоа ќе направи добро за Ливерпул. Мислам дека досегашната ситуација влијаше лошо врз играчите“ – вели Колмор. Ќе потсетиме дека „црвените“ по дури 44 натпревари во Премиер лигата го претрпеа првиот пораз.
Репрезентативниот ракометен голман Борко Ристовски и бекот Марко Мишевски до крајот на сезоната ќе бидат нови играчи на Вардар, потврди клубот на официјалниот сајт. Тие денеска ќе го имаат првиот тренинг. Голманот Ристовски настапуваше за португалска Бенфика додека Мишевски ги бранеше боите на Гренобл. Борко Ристовски (двапати беше дел од Вардар и тоа во периодот од 2001 до 2003 година и во периодот од 2010 до 2012 година. Тој досега играше за Работнички, Југ, Македонија, Металург, Теукро, Алгесирас, Гумерсбах, Ал Ахли, Кретеј, Рајн Некар, Барселона и Бенфика. Марко Мишевски потекнува од школата на Вардар. Тој лани беше дел од тимот…
Владата на Италија нареди до осми март во сите регионите погодени од корона-вирусот да бидат одложени сите спортски настани. Тоа значи дека мечевите Аталанта – Лацио, Болоња – Јувентус, Интер – Сасуоло и Верона – Наполи кои требаше да се играат во наредното коло ќе бидат одложени. Одлуката на Владата на Италија создава хаос во распоредот на Серија А бидејќи ќе биде речиси невозможно да се најдат нови термини. Постои опција натпреварите да се играат без публика, но, клубовите категорично го одбија тоа бидејќи ќе останат без приходот од продадени влезници. Сегашниот развој на настаните ја наметнува дилема дали Серија…
