Европската ракометна федерација ја смести нашата машка репрезентација меѓу неносителите за баражот за Светското првенство во Египет во 2021 година. Носители: Словенија, Германија, Португалија, Шведска, Австрија, Унгарија, Белорусија, Исланд, Чешка, Франција. Неносители: МАКЕДОНИЈА, Швајцарија, Холандија, Црна Гора, Украина, Србија, Турција/Русија, Романија/БиХ, Полска/Литванија, Израел/Летонија. Двојките за баражот ќе бидат формирани на 9 март во 19 часот во Виена а термините се од 5 до 11 јуни. На СП директно се пласираа само првите три репрезентации од ЕП 2020: Шпанија, Хрватска и Норвешка.
Author: dino
Челниците на фудбалскиот состав Ливерпул објавија профит од рекордни 533 милиони фунти за сезоната 2018/2019 кога беше освоен трофејот во Лигата на шампионите и обезбедено второто место во Премиер лигата. Тоа значи дека „црвените“ го зголемиле профитот за околу 80 милиони во однос на претходната година. Ќе потсетиме дека екипата од – „Енфилд Роуд“, потроши рекордни 223 милиони фунти за ангажирање на нови фудбалери и продолжување на договорите со поголем дел од ѕвездите на тимот. Клубот исто така инвестирал значајна сума од 50 милиони фунти во новата база за тренинг.
Британските медиуми денеска објавија дека тренерот на Челзи, Франк Лампард, сака во текот на летото да се ослободи од поголем дел од фудбалерите и да ангажира нови имиња на стадионот – „Стемфорд Бриџ“. Од претходно се знае дека прв на излезната врата е најскапиот голман на светот, Кепа Арисабалага, кој апсолутно не ги оправда очекувањата. Се претпоставува дека нова средина ќе мора да си побараат и Марко Алонсо, Емерсон и Курт Зума. Списокот најверојатно ќе биде проширен и со Баркли и Жоржињо, Педро и Вилијан. Неодамна беше потврдено дека Челзи го договори трансферот на брзоногиот Зијах од Ајакс за 40…
Фудбалерите на Реал Мадрид вчера загубија на домашен терен од Манчестер Сити со 2 спрема 1 а младиот фудбалер на „кралевите“, Винициус Жуниор , јавно негодува поради судењето. „Габриел Жезус направи фаул при првиот гол и тоа сите го видоа. Имаме ВАР, но, судијата не сакаше да оди за да ја види снимката. Беше јасно што се случи. Судиите секогаш носат одлуки на наша штета“ -истакна младиот бразилец. Дуелот на „Сантијаго Бернабе“ го водеше Италијанецот, Даниеле Орсато.
Денешниот реванш натпревар од елиминациската фаза во Лига Европа меѓу Салцбург и Ајнтрахт Франкфурт мораше да биде одложен поради најава за големо невреме. Властите во Австрија соочени со најавата за циклон решија да го одложат мечот кој беше закажан за 21 часот. „Поради предупредување за циклон кој ќе биде проследен со силен ветар од дури 120 км/ч, Салцбург реши да го откаже мечот со Франкфурт кој требаше да се одигра вечерва“ – порачаа од австрискиот тим. УЕФА допрва треба да објави нов датум кога ќе се одигра одложениот натпревар.
Феликс Брих, стана судија со најмногу натпревари во Лигата на фудбалските шампиони. Елитниот арбитар синоќа го водеше мечот Наполи – Барселона (1:1) со што по 57-ми пат беше дел од најпрестижниот турнир во Европа. Со тој ефект го надмина Данецот, Ким Милтон Нилсен. Дебито на Брих на турнирот беше на натпревар меѓу Ливерпул – ПСВ Ајндховен. „Фудбалот во 2020 година е многу побрз и посилен отколку што беше во 2008 година. Тоа значи дека ние, судиите, треба да бидеме уште поподготвени“ – рече Брих за „Зедунг Цајтунг“. Натпреварот Наполи – Барселона, може да биде последен за 44-годишниот Германец бидејќи поради…
Претседателот на Баерн Минхен, Карл Хајнц Румениге, по убедливата победа на теренот на Челзи во Лигата на фудбалските шампиони, размислува да му понуди нов договор на тренерот, Ханс Флик. Легендата на Баварците на роденденската прослава на Флик во Лондон посочи, дека наскоро може да биде потпишан нов договор. „Во црвениот пакет има пенкало. И во Баерн Минхен, понекогаш потпишувате документи со пенкало. Со победата во Лондон направивме голем чекор кон четврт-финалето“ – искоментира Румениге. Флик, кој беше ангажиран со договор до крајот на сезоната откако Нико Ковач доби отказ, во понеделникот наполни 55 години.
Дрис Мертенс влезе во историјата на Наполи откако на вчерашниот меч со Барселона во ЛШ го постигна 121. гол и се изедначи со Марек Хамшик на врвот кај стрелците. На третото место на вечната ранг-листа е легендата, Диего Марадона. Белгиецот пристигна во Неапол во 2013 година а неговиот најдобар ефект беше во сезоната 2016/2017, кога постигна 34 голови во сите конкуренции. Мертенс има постигнато 121 гол на 310 натпревари за разлика од Хамшик, на кого му требаа 520 дуели. Договорот на 32-годишниот фудбалер со Наполи истекува на крајот на сезоната и тој најверојатно ќе замине. До тој миг, ќе има…
Доцна вечер од 21.00 часот ќе бидат одиграни последните два меча на стартот на елиминациската фаза во Лигата на фудбалските шампиони. Реал Мадрид ќе биде домаќин на Манчестер Сити додека Лион ќе го пречека тимот на Јувентус. „Граѓаните“ ќе бидат со голем мотив да се докажат против шпанците откако им беше забрането учество во ЛШ во наредните две сезони. Домаќините досега во 4-дуели не загубиле од Манчестер Сити. Можни состави: Реал Мадрид: Куртоа, Карвахал, Варан, Рамос, Менди, Модриќ, Валверде, Каземиро, Крос, Винисиус и Бензема. Манчестер Сити: Едерсон, Волкер, Фернандињо, Лапорт, Зинченко, Де Брујн, Родри, давид Силва, Бернардо Силва, Стирлин и…
Денеска не чекаат нови два меча во рамките на првата елиминациска фаза во Лигата на фудбалските шампиони . Во Лондон, Челзи ќе го пречека Баерн Минхен додека во Италија на теренот на Наполи ќе гостува Барселона. На мечот во Англија, „сините“ ќе бидат без повредените: Н’Голо Кант, Кристијан Пулишиќ и Калум Хадсон-Одои додека Баерн нема проблеми со повредени или казнати играчи. Баварците имаат позитивен биланс против англиските клубови – 23 победи, 17 нерешени и 15 порази. Како гости, Баварците имаат 7 победи на 24 натпревари, 9 мечеви одиграле нерешено а доживеале 8 порази. Челси против Германците има 10 победи, 7…
