Author: dino

Мавровски меморијал е спортска манифестација која се одржува во спомен на 38-те градители на електро системот Мавровка и 14 храбри граничари, кои го загубија животот во снежната лавина 1956 година. Оваа година настанот ќе се одржи од 24 до 26 февруари на патеката Мирна долина, На прес-конференцијата организирана во Агенцијата за млади и спорт зборуваше директорот на АМС Дарко Каевски. „Овој настан е во редот на настани кои се на светската мапа за нордиско трчање. и затоа и оваа година ќе се потрудиме да оставиме впечаток на добри домаќини и организатори, и да го направиме овој ФИС натпревар еден од…

Read More

Швајцарската скијачка, Лара Гут-Бехрами, по нешто повеќе од две години дојде до победа во Светскиот Куп во алпско скијање откако беше најдобра во денешниот спуст возен на патеката во италијанскиот зимски центар,  Кран Монтана. Нејзината сонародничка, Корин Зутер, задоцни 80 стотинки и го освои второто место а трето-пласирана заврши Австријката, Стефани Вение, со заостанување од 92 стотинки. Во генералниот пласман за Светскиот Куп води Американката Микаела Шифрин со 1.225 бодови, пред Федерика Брињоне од Италија, која освои 1.148 и Петра Влхова од Словачка со 1.121 бод.

Read More

Фудбалерот  од средниот ред на Челзи, Н’Голо Канте, кој беше повреден за време на дербито со Манчестер Јунајтед одиграно во понеделникот, ќе биде надвор од теренот околу три недели. Тоа го откри менаџерот на тимот, Франк Лампард, пред утрешното дерби со Тотенхем. Добра вест за „сините“ е дека голманот, Абрахам, е опоравен и ќе му биде на располагање на младиот тренер. „Н’Голо не е подготвен. Тој има повреда на мускулите слична на таа што ја доби неодамна против Арсенал. Се надевам дека ќе се врати за околу три недели. Кристијан Пулишиќ исто така не е подготвен. Немаме датум за негово…

Read More

Тренерот на фудбалерите на Реал Мадрид, Зинедин Зидан,  го изостави Велшанецот, Герет Бејл, за саботниот натпревар против Леванте во рамките на новото коло во Примера Дивизион. Напаѓачот на „белите“ имал проблеми со стомакот пред неколку денови, но, сепак успеал да се опорави и да влезе во тренинг процес. Затоа неговото остуство дефинитвно не е поради болест туку доаѓа како одлука на францускиот стратег  гледано од спортски и технички причини. Реал Мадрид за гостувањето кај Леванте нема да ги има на располагање и:  Родриго, Лука Јовиќ, Начо Фернандез, Маријано Дијас и Браим Дијас, кои исто така не велгоа на списокот на…

Read More

Фудбалерот на Милан, Анте Ребиќ, стана вистински хит во Италија откако постигна неколку голови за „росонерите“ и ги воодушеви фановите. Весникот – „Gazzetta dello Sport “ се насочи кон игрите на Ребиќ и предупреди дека тоа може да донесе проблеми за челниците на тимот. Според новинарите, фудбалерот  може да им направи проблеми на спортските директори, Бобан и на Малдини,  кои најверојатно ќе сакаат да го задржат и затоа ќе мора да водат тешки преговори со германскиот состав Ајнтрахт Франкфурт. Милан го ангажираше Ребиќ како позајмен играч до крајот на сезоната со опција да ги откупи неговите права од бундес-тимот.

Read More

Приоритет на Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок треба да биде врвен напаѓач бидејќи Оле Гунар Солскјер не успеа да пронајде соодветна замена за Ромелу Лукаку кој замина во Интер. Белгиецот, кој не одговараше на стилот на игра на норвешкиот тренер досега даде17 голови во дебитантската сезона во Серија „А“. Тоа ги фрустрира навивачите на Јунајтед кои не можат да се помират со фактот дека пропадна и трансферот на Ерлинг Халанд, кој замина во Бурисија Дортмунд. Иако опциите се ограничени, сепак има одредени фудбалери кои може да бидат ангажирани во текот на летото. Напаѓачот на Лион, Муса Дембеле, е еден…

Read More

Фудбалскиот тим Тотенхем потврди дека Мин Сон ќе прави пауза од неколку недели поради повредата на рамото која ја доби на викенд дуелот со Астон Вила. Фрактурата ќе го натера корејскиот напаѓач да оди на операција што само му создава нови проблеми на тренерот, Жозе Мурињо, кој се соочува и со отсуството на капитениот, Хари Кејн. Првиот голгетер на „петлите“ ќе ги пропушти двата меча со Лајпциг во Лигата на шампионите а нема да игра и на дербито со Челзи, потоа против Волвс, на дуелот во ФА Купот со Норвич и средбите во Премиер лигата против Барнли и можеби против…

Read More

Нашите најдобри кошаркари в четврток од 20.15 часот во А1 Арената во рамките на СЦ Борис Трајковски ќе го одиграат воведниот меч од новиот квалификациски циклус за пласман на Европското првенство. Прв противник ќе ни биде селекцијата на Естонија која главно форсира брза игра со многу трчање. Еден од поискусните во нашиот табот, Марко Симоновски, верува дека нашиот подмладен состав, може да дојде до првата победа во групата во која се уште Русија и селекцијата на Италија која е надвор од конкуренција бидејќи ќе биде ко-домаќин на ЕП заедно со Чешка, Грузија и Германија. „Имаме неколку нови млади играчи и…

Read More

Иако Макс Верстапен потпиша нов договор за наредните пет години со Ред Бул тимот во Формула 1, шефот на Мерцедес, Тото Волф, верува дека младиот Холанѓанец оставил „тајна врата“ кон неговиот тим во случај да си замине Луис Хамилтон.  Првиот човек на „сребрените стрели“ верува дека истото се однесува и за Чарлс Леклер, кој потпиша за уште пет сезони со Ферари. „Јас би бил многу изненаден ако младите пилоти останат во нивните тимови до крајот на договорите и не размислуваат за промена на средината“ – нагласи Волф. „Договорите обично се многу посложени од тоа што се презентира пред медиумите“ –…

Read More

Фудбалерот од средниот ред на РБ Лајпциг, Конрад Лајмер, го продолжи договорот до јули во 2023 година, стои во објавата на официјалната веб-страница на германскиот клуб. 22-годишниот Австриец во 2017 година го напушти тимот на Салцбург и за 7 милиони евра се пресели во Бундес-лигата. Тој за две и половина години има одиграно 101 меч за „Ред Булс“ а во јуни во 2019 година дебитираше и за австриската репрезентација. „Јас  ја развив мојата игра тука. Можам и убеден сум  дека ќе продолжам да напредувам во неверојатно професионален и амбициозен клуб“ – вели Лајмер кој во тековнава сезона на 29 одиграни…

Read More