Author: dino

Менаџерот на фудбалерите на Челзи, Франк Лампард, се надева дека неговиот тим ќе победи денеска против Манчестер Јунајтед и дека ќе остане во трката за место што води во Лигата на шампионите. Дербито на колото меѓу „сините“ и гостите од Манчестер ќе биде одиграно доцна вечер на стадионот – „Стемфорд Бриџ“. „Бев изненаден по првиот меч кога загубивме со 4-0. Нашата игра беше многу подобра и резултатот не беше реален “ – потенцираше Лампард за официјалната страница на клубот. „Тој ден не се чувствував добро, денеска ќе имаме можност да се корегираме. На претстојните мечеви со Јунајтед и Ливерпул, треба…

Read More

Менаџерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјаер, не е задоволен од изјавите на менаџерот за трансфери, Мино Раиола, кој нагласи дека неговиот клиен,  Пол Погба, може да се врати во редовите на Јувентус. „Пол е фудбалер на Манчестер Јунајтед а не на Мино Раиола.  Секако, не сум разговарал со него и немам намера” – коментира Солскјаер на прес-конференција пред денешниот меч со Челзи во Премиер лигата. „Погба сака да игра фудбал. Никој не сака да биде повреден, жал ми е за Погба, но, јас не можам да му кажам што да прави“ – нагласи тренерот од Норвешка.

Read More

Играчот на средниот ред на Манчестер Сити, Бернардо Силва, изјави дека сака да се врати во неговиот некогашен клуб, Бенфика. Неговата изјава доаѓа по само два дена откако „граѓаните“ добија забрана од УЕФА за настап во Лигата на фудбалските шампиони во наредните две сезони. „Претходно кажав дека жалам што прерано си заминав од Бенфика и мислам дека ќе се вратам” –  изјави Силва. Медиумите во Англија излегоа со проценка дека фудбалерите на „Сити“ полека планираат да го напуштат клубот кој се соочува со можна санкција и од страна на ФА на Англија.  

Read More

Фудбалерите на Реал Мадрид доцна синоќа одиграа нерешено на домашен терен со Селта 2 спрема 2 со што загубија два драгоцени бода во трката со Барселона за шампионската титула во Примера Дивизион. „Кралевите“ иако беа во негатива по првиот дел со 1:0, успеаа да дојдат до предност од 2:1, но, ја загубија во самиот финиш кога гостите го изедначија резултатот и го избегнаа поразот. Тренерот на „белите“, Зинедин Зидан, вели дека  е тешко кога се губат бодови иако неговите фудбалери одиграа добар меч. „Боли кога ќе загубите два бода на домашен терен а сте одиграле добар меч. Селта е тим…

Read More

Фудбалерот на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, по вчерашниот триумф против Интер во дербито на Серија „А“, вели дека „римските орли“ можат да останат до крајот на сезоната во трката за Скудетото. „Јас дадов гол, но, победата ја обезбеди целиот тим.  Ние сме семејство и сакаме така да продолжиме. Интер иако не беше добар во првото полувреме даде гол. Сепак во вториот дел одигравме како што очекуваваме“ – вели фудбалерот на Лацио. „Ако бидеме во самиот врв на  крајот на сезоната нема да се откажеме лесно од Скудетото. Ќе видиме како ќе се одвиваат работите“  –  изјави српскиот интернационалец по вчерашниот меч…

Read More

Ракометарите на Вардар во текот на викендот славеа убедливо против Мотор Запорожје со 38 спрема 28 во рамките на 12 коло во групата „Б“ во Лигата на шампионите. Вардаровиот среден бек, Сташ Скубе, имаше блескава партија и со осум голови беше еден од најдобрите на теренот. Токму неговата блескава игра го однесе и во идеалниот тим на колото  во изборот на ЕХФ во кој уште влегуваат и: голманот – Андреас Вулф (Кјелце). Лево крило – Уго Деска (Монпелје), лев бек – Жоан Канелјас (ПИК Сегед), десен бек – Алекс Душебаев (Кјелце), десно крило – Мариус Штајнхаузер (Флензбург) и пивотмен -…

Read More
NBA

Тимот предводен од Леброн Џејмс успеа да слави против екипата на Адетокумбо со 157-155 во мечот на ѕвездите на НБА лигата одигра доцна во ноќта во Чикаго. Новото правило во чест на Коби Брајант поврзано со лимитот на поените донесе вистинска битка во последната четвртина. На крајот со прецизно зиведените слободни фрлања на Ентони Дејвис славеше екипата на Џејмс и тоа со исполнета норма од најмалку 157 постигнати кошеви. Кавај Ленард кој беше прогласен за МВП на Ол-Старот, влезе во историјата како првиот играч кој ја доби наградата – „Коби Брајант“. „Не можам да го опишам чувството со зборови. Сакам…

Read More

Натпреварувачката од Словачка, Петра Влхова, победи на денешниот слалом во Крањска Гора реализиран во рамки на Светскиот куп во алпско скијање. На второто место со заостанување од 24 стотинки заврши Швајцарката, Венди Холденер додека третото го освои Австријката, Катарине Трупе. Денешната победничка со новите бодови се проби на првото место во рангирањето во слалом. Таа има 460-ет или дваесет повеќе од Михаела Шифрин од САД која откако почина нејзиниот татко, паузира од активностите на патеката. Шифрин останува водечка во генералниот пласман во Светскиот куп со 1. 225 бодови пред Италијанката, Брињоне, со 1.112 .

Read More

Шели-Ен Фрејзер-Прајс најави дека ќе атакува на златниот медал на Летните Олимписки Игри (ЛОИ) во Токио.  За 33 годишната атлетичарка тоа ќе биде четврти пат да се појави на Летните игри. „Верувам дека ќе успеам. Имав доволно време за подготовка. План ми е да трчам на двете трки на 100 и 200 метри “ – изјави црномурестата спринтерка. Шели-Ен Фрејзер-Прајс го освои златото во дисциплината 100 метри на Летните Олимписки игри во Пекинг и во Лондон додека во Рио се искачи на третото место на пиедесталот. Таа на Светското првенство во Доха беше втора на патеката од 200 метри.

Read More

Првите луѓе на фудбалскиот состав Манчестер Сити соочени со казната од УЕФА поради непочитување на финансискиот фер-плеј, веднаш организирале средба со играчите. УЕФА пред два дена ги суспендираше „граѓаните“ за наредните две години од Лигата на шампиони и ги казни парично со 30 милиони евра. Медиумите на Островот објавија дека со фудбалерите разговарал извршниот директор, Феран Сориано, кој објаснил дека клубот ќе се бори за поништување на казната. Според одредени информации, Манчестер Сити може да биде исфрлен дури во четвртата лига и да остане без титулата од 2014 година.

Read More