Author: dino

Французинот  Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, може да се опорави од повредата на глуждот и да учествува на натпревар против Манчестер Сити. Според англиските медиуми, 26-годишниот Французин се надева дека ќе го продолжи тренингот за помалку од две недели и дека ќе биде подготвен за игра на 8 март, кога ќе се одржи дербито на  Манчестер. Погба во сезоната 2019/20 се појави на само осум натпревари за „црвените ѓаволи“ и забележа две асистенции. Французинот поголемиот дел од сезоната го помина во амбуланта обидувајќи се да ги реши проблемите со глуждот.

Read More

Англискиот фудбалски состав Саутемптон, сака да му го продолжи договорот на напаѓачот, Шејн Лонг, јавуваат денеска британските медиуми. 33-годишниот голгетер игра активно кај популарните „светците“ од сезоната 2014-2015 откако претходно го носеше дресот на: Хал Сити, Вест Бромвич, Корк Сити и Ридинг. Тој му е константен партнер во нападот на Дени Ингс иако има дадено само еден гол во Премиер-лигата од почетокот на сезоната и еден во ФА Купот. Лонг досега одиграл 161 натпревар за Саутемптон и постигнал 26 голови. Познато е дека неговиот договор ќе истече на крајот од сезоната, но, очигледно е дека првите луѓе на тимот сакаат…

Read More

Шпанскиот фудбалски репрезентативец во Арсенал, Дани Себалјос, кој не успеа да се наметне кај менаџерот Унаи Емери, изјави, дека сака да се докаже пред новиот тренер Микел Артета. 23-годишниот играч од средниот ред поради повреда, мораше да пропушти два месеца во тековнава сезона. „Микел ќе биде одличен тренер. Тој научи многу од Пеп Гвардиола во Манчестер Сити и покажа дека има негова филозофија. Точно е дека  дојде во клубот во многу компликувана ситуација, но, од психолошка гледна точка, нов тренер му требаше на Арсенал“ – изјави Себалјос за весникот – „Марка“. „Јас тренирам со другите околу две недели и време…

Read More

Главниот „бомбардер“ во редовите на ракометниот тим на Вардар, Даинис Криштопанс, потпиша договор до крајот на сезоната со германскиот состав Фукс Берлин. Тоа беше потврдено и од страна на неговиот нов клуб. „Човекот висок 2,15 метри доаѓа од Вардар и ќе игра за нас до крајот на сезоната“ – стои во соопштението на Фуксе Берлин.Литванецот откако ќе го одработи мини-договорот со Бундес-тимот, во наредната сезона ќе го носи дресот на францускиот состав, ПСЖ. Сега останува дилемата дали корпулентниот десен бек ќе се појави во „црвено-црниот“ дрес на саботниот меч со Мотор во рамките на групнаат фаза во Лигата на шампионите.

Read More

Агенцијата за Млади и спорт им ги додели ваучерите на спортските федерации, клубовите и спортистите. Најголема сума добива актуелниот европски ракометен состав Вардар или 21,8 милиони денари. Зад Вардар е Еурофарм Пелистер со 17,9 милиони денари додека кошаркарскиот шампион МЗТ доби 15,8 милиони денари На листата се наредени и КК Работнички и РК Металург со по 13,9 милиони додека КК Куманово и РК Пролет добија по 11,9. Кај федерациите најмногу пари доби ракометната – 22,835 милиони пред одбојкарската – 18,688 милиони и кошаркарската -16,615 милиони. Фудбалската федерација не доби ниту еден денар.

Read More

Фудбалерот на Арсенал, Месут Озил, вели дека доаѓањето на новиот тренер, Микел Артета е донесе нови тактички варијанти и дека претставува вистинско освежување за „топчиите“. Иако во моментов, Арсенал е рангиран на 10-то место во Премиер лигата со 31 бод , германскиот интернационалец верува дека неговиот тим може да се бори за место во квалификациите за Лигата на шампионите. „Поминаа само два месеца откако Микел е тука, но, ние напредувавме многу тактички. Тој знае сè – каква шема ќе играат противниците или како размислува нивниот менаџер. Знаеме дека сезоната е тешка за нас, но, сакаме да бидеме во Топ 4.…

Read More

Бекот на Еурофарм Пелистер, Ловро Јотиќ, ја залечи повредата и ќе биде на располагање за утрешниот реванш со Нексе во првата елиминациска фаза во СЕХА конкуренцијата. Битолчани во првиот меч во Нашице загубија со три гола што значи дека утре во реваншот немаат просотр за калкулација и мораат да одат на убедлива победа од најмалку четири голови разлика. „Ни доаѓа тежок натпревар и имаме еден мал притисок по поразот од три разлика. Мора да ја задржиме или подобриме одбраната а во нападот мора да реагираме и да го заборавиме првиот лоши натпревар“ – вели Јотиќ. „Можеме да напредуваме во транзиција,  во…

Read More

Тренерот на ракометарите на Еурофарм Пелистер, Жељко Бабиќ, денеска за прв пат се појави пред новинарите откако го презеде кормилоот на Битолчани. Неговите избраници утре на домашен терен ќе се обидат да ја анулираат негативата од три гола од првиот меч со Нексе и да влезат во 1 /4 финалето во СЕХА лигата. Доколку успеат во тоа, тогаш ќе ги очекува пресметката со Вардар. „Ова е ново искуство за мене, нов тренерски предизвик во прекрасна и отворена земја како Македонија. Играчите добро тренираат, фокусирани сме на Нексе и подготвени за реваншот. Јотиќ и Маџовски влегоа во тренажен процес и ќе…

Read More

Во текот на изминатиот викенд, во периодот од 7ми до 9ти февруари 2020, КБК Работнички Адора зема учество на реномираниот меѓународен Кик Бокс турнир „Karlovac Open 2020“.  Ова е втор меѓународен турнир накој што клубот учествува со свои натпреварувачи, од неговото основање, во декември 2019 година. Турнирот учество земаа 2.240 натпреварувачи од вкупно 40 земји. Претставниците на КБК Работнички ги остварија следниве резултати: Марко Тодоров – Постари кадети, Кик лајт/ -42кг – Златен медал,  Огнен Николовски – Постари кадети, Кик лајт/ +47кг – Бронзен медал, Ѓуро Томшиќ – Постари кадети, Кик лајт/ -47кг, 5то место, Александар Георгиевки – Јуниор, Кик лајт/ -74кг – Бронзен медал, Богдан Бетински – Сениори, Кик…

Read More

Фудбалскио состав на Манчестер Јунајтед имал шанса во јануарскиот преоден рок да го купи напаѓачот на Бурнемaут, Џошуа Кинг, но, тоа сепак не се случи. Непосредно пред затворањето на терминот за трансфери, „црвените ѓаволи“ понудиле 20 милиони фунти за 28-годишниот Норвежанец, но, предлогот им  бил одбиен. Тогаш луѓето од  „Олд Трафорд“ одлучиле дека нема да ја зголемат понуда и дека ќе се насочат кон Одион Игало. Токму пропаднатиот трансфер видно го изнервирал Кинг  кој патем кажано, потекнува од Академијата на Манчестер. „Немам точен одговор за тоа колку бил блиску трансферот. Имав надеж дека договорот ќе биде завршен. Дојдов во Англија…

Read More