Од доаѓањето на Карло Анчелоти во Евертон во декември, само Ливерпул има освоено повеќе бодови во Премиер Лигата . Главна причината за подобрувањето на формата на тимот е смиреноста што ја наметна Италијанецот а не какви било други драстични промени во играта или тактиката. Во моментот кога градскиот ривал се стреми кон првата титула по цели 30 години, раководството на „Карамелите“ и тренерот Анчелоти размислуваат за нови успеси на „Гудисон парк“. Mедиумите во Англија посочуваат дека системот на работа на Италијанецот максимално им ја врати самодовербата на фудбалерите кои пак, влегоа во одличен ритам.
Author: dino
Откако саботниот натпревар на Манчестер Сити против Вест Хем во Премиер лигата беше одложен поради лошото време во Англија, неочекувано „граѓаните“ добија цели три недели одмор пред да ги продолжат настапите. Тоа значи дека избраниците на Пеп Гвардила ќе имаат доволно време да ги наполнат батериите бидејќи по одморот ќе ги чека пеколно темпо исполнето со дузина мечеви. На 22 февруари ќе играат со Лестер, веднаш потоа со Реал Мадрид во ЛШ по што доаѓа финалето на Лига Купот против Астон Вила. „Сино белите“ на 4 март ќе имаат меч и со Шефилд во 1/8 финалето од ФА Купот. Севкупно…
Тренерот на фудбалерите на Барселона, Кике Сетиен, се соочува со големи проблеми во дефанзивната линија откако Ленгле заработи црвен картон на вчерашниот меч со Бетис а Самуел Утити се пожалил на болка во коленото. На денешниот утрински тренинг не се појавил ниту Пике кој ја пропушти вчерашната средба поради суспензија. Тоа значи дека Барса за саботниот меч против Гетафе ќе остане без вистински стопер во последната одбранбена линија. Ќе потсетиме дека шпанскиот состав набрзо го очекува и првиот дуел со Наполи во елиминациите во Лигата на шампионите. Каталонците прво ќе гостуваат во Италија на 25 февруари а потоа во реваншот…
Младиот фудбалер на Јувентус, Паоло Дибала, откако одигра блескаво во досегашниот дел од сезоната, најверојатно ќе добие понуда да ја продолжи соработката со екипата од Торино со далеку подобри финасиски параметри. Аргентинецот кој досега постигна 11 голови и забележа 11 асистенции, има тековен договор до летото во 2022 година и заработка од 7.3 милиони евра по сезона. Сега „Тутуспорт“, напиша, дека „старата дама“ ќе му понуди на Дибала да остане до 2025 година и да добива по 10 милиони на сезона со што ќе стане вториот најплатен играч веднаш по Роналдо кој има плата од 31 милион евра годишно. Доколку арегнтинецот…
Раководството на Манчестер Јунајтед ја намали цената на фудбалерот, Пол Погба, за цели 30 милиони. Според весникот –„Sun“, клубот од „Олд Трафорд“, сега го продава Французинот за 150 милиони фунти со надеж дека Реал Мадрид и Јувентус ќе испратат понуда за неговиот потпис. Во исто време, весникот „Мирор“ напиша дека менаџерот на тимот, Оле Гунар Солскјаер, му рекол на Погба дека нема потреба да доаѓа во кампот во Марбела за време на зимската пауза. Французинот сеуште се опоравува од операцијата на глуждот и неговото враќање на теренот е одложено на неодредено време. Погба во тековнава сезона има одиграно само осум…
Тренерот на фудбалерите на Барселона, Кике Сетиен, по вчерашната елиминација од Атлетик Билбао во 1/4-финалето на Кралскиот Куп, вели дека е задоволен само од играта на неговиот тим. „Јас сум долго време во фудбалот и знам дека има натпревари на кои постигнувате еден гол и победувате или ќе направите 10 шанси а ќе загубите. Не знам дали е тоа резултат на доверба, инспирација или нешто друго. Тоа се работи што ниту тренерите ниту играчите не можат да ги контролираат“- рече тренерот на Барса. „Не ја видов ситуацијата со картонот на Де Јонг за симулирање. Ми беше кажано дека имало прекршок,…
Капитените на „Ол стар“ екипите, Леброн Џејмс и Јанис Адетокумбо, ги одбраа стартните петорки за мечот кој ќе се реализира во Чикаго во периодот од 14. до 16. февруари. Во нив ќе бидат кошаркари кои настапуваат во истата конференција во која играат и капитените. Заедно со Леброн ќе започнат: Ентони Дејвис, Лука Дончиќ, Кавај Ленард и Џејмс Харден додека покрај Адетокумбо ќе се појават: Тре Јанг, Кемба Вокер, Паскал Сјакам и Џоел Ембид. Тоа значи дека во тимот на Леброн на клупата ќе останат : Демјен Лилард, Бен Симонс, Никола Јокиќ, Џејсон Тејтум, Крис Пол, Расел Весбрук и Домантас Сабонис.…
Крилниот фудбалер на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг, нема да игра на натпреварот против Вест Хем во рамките на 26. коло во Премиер лигата. Англискиот репрезентативец се повреди на мечот со Тотенхем во изминатиот викенд кога неговиот тим загуби со 2:0. Иако првичните лекарски прогнози најавија дека Стерлинг може да го пропушти првото полу-финале во Лигата на шампионите против Реал Мадрид закажано на 26 февруари, тоа најверојатно нема да се случи. Средбата меѓу Манчестер Сити и Вест Хем ќе биде одиграна утре на теренот на „граѓаните“.
Тренерот на фудбалерите на Челзи, Франк Лампард, останува на ставот дека му треба нов голман бидејќи Кепа Арисабалага не ги покажува потребните партии. Според последните информации, „сините“ ќе се обидат да го ангажираат членот на Ајакс, Андре Онана, кој не крие дека е заинтересиран да ја продолжи кариерата во посилен шампионат. 23-годишниот репрезентативецна Камерун има тековен договор со гигантот од Амстердам за уште две години. Во последните месеци се зборуваше дека за неговиот потпис е заинтересиран и тимот на Тотенхем а се споменуваше и Барселона.
Екипата на Хаас во Формула 1 доцна синоќа го претстави новиот болид со кој ќе настапува во претстојниот шампионат. На возилото доминира црно-белата боја а ја нема златната нијанса кој беше видлива на минатогодишниот болид. Луѓето од Хаас очекуваат дека новиот модел ќе донесе многу побри резултати за разлика од претходните шампионати. Новата сезона во така наречениот „циркус на тркала“ ќе започне на 15-ти март со трката во Мелбурн за Големата Награда на Австралија.
