Тренерот на Фиорентина и дел од челниците на клубот кои имаа жестоки реакции кон судиите по мечот со Јувентус одигран во Торино, добија големи казни од страна на Дисциплинската комисија на Серија А. „Старата дама“ на споменатиот дуел успеа да победи со 3 спрема 0 откако доби два пенала што успешно ги реализираше Кристијано Роналдо. Гостите бидејќи останаа со празни раце, имаа жестоки реакции кон официјалните лица. Затоа сега се казнети парично. Тренерот, Џанкарло Антоњони, кој вербално ги навредувал судиите и ја оштетил соблекувалната ќе мора да плати 25.000 евра, спортскиот директор Даниеле Праде е казнет со 20.000 евра а…
Author: dino
Француската фудбалска легенда Кристоф Дугари, го осуди однесувањето на младиот напаѓач на ПСЖ, Килиан Мбапе, кој на мечот со Монпелје откако беше повлечен од игра имаше голем вербален конфликт со тренерот Тухел. „Ми се згади тоа што го видов, мислев дека такво нешто не е можно. Многу сум разочаран кога го видов тоа посебно од Мбапе“ – вели членот на златната генерација на Франција која во 1998 година стана светски првак „Тој се однесува како о размазено детиште. Срамота е тоа што го направи. Мора да знае дека и другите треба да играат“ – вели Дугари.
Тимскиот шеф на Мекларен, Андреас Сеидел, иако е оптимист за напредокот на тимот во Формула 1 шампионатот, не очекува титула пред 2023 година. „Ние сè уште имаме многу слабости во тимот на кои треба да работиме. Сега мора да покажеме напредок и да имаме подобри процедури, методи и процеси“ – вели Сеидел. Германецот објасни дека врвните екипи имаат автомобили кои се одлични на сите патеки и под различни услови. Според него, тоа се клучните фактори за успех во Формула 1.
Тренерот на фудбалерите на Милан, Стефано Пиоли, не крие дека е разочаран по денешните 1:1 на домашен теренер против Верона. Тој по мечот изрази надеж дека Златан Ибрахимовиќ, ќе ја надмине болеста и дека ќе биде подготвен за градското дерби со Интер. „Му дозволивме на противникот да упати повеќе шутеви кон нашиот гол. Во иднина ќе мора да бидеме внимателни. Мислам дека по доброто прво полувреме, останавме без енергија во вториот дел“ – вели Пиоли. „Не успеавме да победиме бидејќи многу наши фудбалери не беа на теренот. Златан прво се пожали на повреда а потоа се разболе од грип. Има…
Првиот човек на ЕХФ, Мајкл Видерер, осврнувајќи се на европскиот ракометен шампионат на кој нашите судии Начевски и Николов го водеа гоелмото финале меѓу Шпанија и Хрватска, нагласи дека судиите не влијаеле на ниту еден резултат. „Одлуката за зголемување на бројот на учесници беше исправна и првенството донесе голем успех. Тоа беше одлична реклама за ЕХФ и ракометот. На ниту еден резултат директно не му влијаеа судиските одлуки. Голема помош имавме и од видео-технологијата“ – потенцираше задоволно Видерер. Токму неговите зборови даваат на тежина на одлуката на Начевски и Николов кои во решавачките моменти во финалето им ја одземаа топката…
Екипата на Јувентус денеска славеше на домашен терен против Фиорентина со 3-0 во рамките на 22-то коло во Серија „А“. На мечот одигран во Торино, Кристијано Роналдо, имаше блескава партија и постигна два гола од белата точка. Португалецот сега има серија од девет мечеви на кои реализирал барем еден погодок со што го изедначи рекордот на некогашниот прв стрелец на – „старата дама“, Французиниот, Давид Трезеге. За денешниот ефект на Роналдо проговори и тренерот, Маурицио Сари, кој не криеше дека е презадоволен. „Роналдо треба да постигнува голови во континуитет. Таквите работи го држат во добра псисхичка состојба. Тој работи одлично и ние…
Медиумите во Шпанија денеска открија, дека Кике Сетиен, кој неодамна беше именуван за тренер на фудбалерите на Барселона, бил последната опција за Каталонците откако Ернесто Валверде заработи отказ. Челниците од – „Камп Ноу“, преговарале интензивно со Чави , Роналд Куман, Масимилијамо Алегри, Маурисио Почетино и Гарсија Пиемент, но, ниту еден од нив не сакал да седне на тренерското столче кај шпанскиоt шампион. Што се однесува до Сетиен, тој се согласил да ја води Барселона под услов да добие договор до 2022 година.
Французинот, Алексис Пинтуро, успеа да дојде до првото место на денешната трка во веле-слалом возена на патеката во Гармиш-Партенкирхен во рамките на Светскиот куп во алпско скијање. Второто место на подиумот му припадна на Швајцарецот, Лоик Мелард а третото на норвешкиот скијач, Леиф КристијанНестволд-Хауген. Словенецот, Жан Крањец, првпат во сезонава не е на победничкиот подиум, но, останува лидер во рангирањето. Зад него е Хенрик Кристоферсон кој денеска во Гармиш беше на седмото место, но, со освоените бодови и понатаму е најдобриот скијач во досегашниот дел од сезоната во Светскиот куп.
Тенисерот од Австрија, Диминик Тием, верува дека во третото големо финале на еден Грен Слем турнир, конечно ќе се израдува на победничкиот пехар. Тој в недела од 9.30 часот на „Род Лејвер Арена“ во Мелбурн, ќе излезе на мегдан со Новак Ѓоковиќ. „Ќе пробам да одиграм крајно прецизно и да победам. Ноле има седум титули во Мелбурн и затоа е најтешкиот можен противник на Австралија Опен“ – рече Тием. Австриецот и Ѓоковиќ досега одиграле 10 мечеви од кои седум му припаднале на тенисерот од Србија. Сепак не треба да се заборави дека Тием успеа да го победи Ѓоковиќ во последните два…
Досегашниот фудбалер на Лајпциг, Матеус Куња, во иднина ќе го носи дресот на Херта Берлин откако екипата на Јирген Клинсман го плати обештетувањето од 20 милиони евра. За составот од Берлин тоа е третото ново име обезбедено во текот на зимава откако претходно беа купени и Лука Тусар од Лион и Криштоф Пјонтек од Милан. За нивниот ангажман беа платени вкупно 55 милиони евра. Ќе потсетиме дека Бундес-лигашот во претходното лето го ангажираше Доди Лукебакио за 20 милиони евра што значи дека за околу седум месеци потроши околу 100 милиони евра што претставува клупски рекорд.
