Author: dino

Поранешниот фудбалер на бразилската репрезентација, Кака, изрази мислење дека напаѓачот на Пари Сен Жермен, неговиот сонародник Нејмар, може да ја освои „Златната топка“ на крајот на годинава. „Може ли Нејмар да го повтори моето достигнување? Да, за мене, може. Тој е еден од најдобрите фудбалери на светот, нема сомнение за тоа. Сè што му треба е да освои тимски трофеи и да биде еден од главните креатори“ – вели Кака. „Ако ПСЖ ја освои Лигата на шампионите, тогаш Нејмар веројатно ќе ја добие Златната топка“ – потенцираше Кака кој стана сопственик на Златната топка во 2007 година. Интересно е тоа…

Read More

Манчестер Јунајтед ќе добие голема конкуренција во трката за потписот на фудбалерот од средниот ред на Астон Вила, Џек Грелиш. Според реномираните – „Сан“ и „Мирор“, за младиот 24-годишен Англичанец ќе се борат и шпанските гиганти, Реал Мадрид и Барселона. Реално гледано, износот што ќе треба да се плати за трансферот нема да биде проблем за ниту еден од трите клуба бидејќи се проценува дека станува збор за околу 60 милиони фунти. Доколку  „црвените ѓаволи“ не успеат да стигнат до првите 4 во Премиер лигата и да влезат во ЛШ, тоа значително ќе ги им ги намали шансите за трансфер…

Read More

Откако првиот човек на фудбалскиот состав, Вардар,  Сергеј Самсоненко, најави дека ќе прекине со финансирање на клубот непосредно пред стартот на вториот дел од сезоната, дел од вардаровите играчи станаа трансферна цел на одредени екипи. Според медиумите,  составот на Борац Бања Лука го пикирал, младиот, Даниел Аврамовски. Екипата од БИХ предводена од Бранислав Круниќ која има големи амбиции во тековнава сезона и се обидува да извади виза за Европа, сака да се засили во дефанзивната линија. Аврамовски кој сега е еден од најдобрите фудбалери во редовите на Вардар, претходно настапуваше за Олимпија, Војводина, Работнички и Црвена Ѕвезда. Тој од неодамна…

Read More

Ракометарите на Вардарб денеска од 19.00 часот ќе гостуваат кај Кил во рамките на 11 коло во групата „Б“ во Лигата на шампионите. Пред мечот во Германија, летонскиот интернационалец, Даинис Кристопанс, открива дека „црвено-црните“ и понатаму се соочуваат со финансиски проблеми. „Некои ракометари си заминаа а новиот тим не е толку успешен како што беше минатогодишниот. Вардар им должи на сите ракометари, на некои повеќе, на некои помалку. Долгот е огромен, проблемите се решаваат, но расчистувањето оди бавно“ – изјави Криштопанс за медиумите во неговата татковина. Вардарци кои се актуелни бранители на европскиот трон, пред денечниот меч кај Кил се…

Read More

Макс Верстапен кој е дел од екипата на Ред Бул Хонда во Формула 1, верува дека во новата сезона може да го победи, Луис Хамилтон, кој три години по ред е неприкосновен владател во најбрзиот циркус на планетава. Згора на тоа, Британецот кој има освоено шест шампионски титули,  дојде на чекор до изедначување на рекордот кој го држи легендарниот Михаел Шумахер. Иако анализите велат Хамилтон со болидот на Мерцедес повторно ќе го има главниот збор на патеката, 22-годишниот Верстапен верува во успех на неговиот тим. „Убеден сум дека во 2020 година може да успееме“ – изјави Верстапен пред почетокот на…

Read More

Медиумите во Англија напишаа дека првите луѓе на фудбалскиот состав, Челзи, ќе му обезбедат на тренерот, Франк Лампард, најмалку 150 милиони фунти за да го засили тимот во текот на летниот трансфер период. Ќе потенцираме дека „сините“ не купија ниту еден играч во штотуку завршениот преоден рок иако им беше укината забраната за трансфери. Според наведеното, лондончани се заинтересирани за услугите на Џејдон Санчо, Тимо Врнер и Муса Дембеле, но, се поставува прашање дали споменатата сума ќе биде доволна за евентуално нивно ангажирање на стадионот – „Стемфорд Бриџ“

Read More

Главниот дефанзивец на фудбалскиот состав Јувентус, Џорџо Киелини, ја санирал повредата на коленото која го одалечи од терените околу шест месеци и ќе му биде на располагање на тренерот, Маурисио Сари. Искусниот стопер вчера го одработил задолжителниот тренинг и покажал дека полека се враќа во посакуваниот ритам. „Старата дама“ води жестока битка со Интер и Лацио за Скудетото а набрзо ја очекува и првата елиминациска фаза во Лигата на шампионите и двомечот со францускиот Лион.

Read More

Фудбалерот на Барселона, Самуел Умтити, најверојатно ќе го пропушти утрешниот дуел со Атлетик Билбао во шпанскиот Куп бидејќи неговите адвокати задоцниле да поднесат барање за одложување на рочиштето во Судот. Французинот е обвинет за уништување на базен, паркет и инвентарот во куќата во која живеел под кирија а сопственикот на истата бара отштета од 183 илјади евра. Умтити кој со доаѓањето на навиот тренер успеа да се врати во првата постава на Каталонците, денеска ќе направи последен обид да издејствува одложување на рочиштето, доколку не успее, тогаш ќе мора да го пропушти мечот со Атлетик Билбао.

Read More

Фудбалскиот интернационалец од Нигерија, Одион Игало, и официјално е претставен како ново име во англискиот гигант, Манчестер Јунајтед. Корпулентниот напаѓач е  ангажиран како позајмен играч во наредните шест месеци а „црвените ѓаволи“ по тој рок ќе можат да му ги откупат правата дококу се задоволни од неговото претставување на теренот. „Ми се оствари сонот, сега е реалност и мислам дека е малку лудо. Среќен сум што дојдов во Манчестер и што ќе работам со тимот“ –изјави 30-ет годишниот напаѓач кој има одиграно 35 средби за селекцијата на Нигерија и има постигнато 16 голови.

Read More

Ромелу Лукаку кој во текот на летото го засили фудбалскиот состав на Интер, има пофални зборови за Златан Ибрахимовиќ, кој пак, во зимскиот преоден рок го облече дресот на градскиот ривал Милан. Ветеранот од Шведска и црномурестиот репрезентативец на Белгија, во еден период беа заедно во редовите на Манчестер Јунајтед. „Ибра е шампион и многу го почитувам. Во Манчестер можев секој ден да тренирам со него, тоа беше најубаво нешто за мене“ – вели напаѓачот на „нероаѕурите“ пред градското дерби со Милан. „Ќе биде убаво да се игра против него. За мене е нормално што може да игра одлично и…

Read More