Откако пропадна трансферот на напаѓачот, Едисон Кавани, во Атлетико Мадрид, тренерот на ПСЖ, Томас Тухел, изјави дека Уругваецот треба да се насочи кон активностите во клубот и да размислува само на неговите игри на фудбалскиот терен. „Има полоши ситуации во животот од тоа да останеш и да бидеш напаѓач на ПСЖ. Тој набрзо ќе почуствува дека е значаен, но, треба да го врати ритамот и формата. Нема да има промени во сегашниов трансфер период и добро е што Кавани ќе остане со нас“, -изјави Тухел. Иако беше најавено дека корпулентниот голгетер има договор со шпанскиот тим и дека ќе ја напушти…
Author: dino
АБА2 лигата со соопштение потврди дека МЗТ Скопје ќе мора да плати 15.000 евра и да одигра еден натпревар пред празни трибини откако Комисијата за Апелација ја отфрли жалбата на македонскиот првак. Иако популарните „штркови“ бараа казната да им биде намалена бидејќи прекинот на мечот со Сутјеска не влијаел врз безбедноста на актерите, на официјалната веб-страница на регионалното натпреварување денеска е објавено дека Комисијата за Апелација само ја потврди претходната одлука. Ќе потсетиме дека на мечот одигран во СЦ Јане Јандански на 15 јануари се случи инцидент откако судиите ја испразнија салата бидејќи беа мета на навивачите кои ги навредуваа…
Англиските медиуми објавија дека е договорен трансферот на Бруно Фернандеш од Спортинг во Манчестер Јунајтед и дека фудбалерот полетал кон Англија. Фантастичниот играч од средниот ред во текот на денов треба да ги заврши лекарските прегледи и да потпише договор со „црвените ѓаволи“. Јунајтед ќе му плати на Спортинг 55 милиони евра а екипата од Лисабон би можела да добие уште 25 милиони преку разни бонуси. Денешната вест конечно ќе ја затвори приказната околу Фернадеш и неговото доаѓање на „Олд Трафорд“.
Кевин Ли верува дека е вистинскиот шампион во лесна категорија во УФЦ иако засега Кабиб Нурмагомедов е тој што доминира во неговата категорија. „Сакам да се борам постојано и се чувствувам како некрунисан шампион. Како и да е, морам да се справам со ликовите што ме предизвикуваат. Знам дека момците во Топ 5, па дури и Тони и Кабиб се плашат од мене”, рече Ли. „Никој не ме победил на вистинскиот начин во лесна категорија. Јас изгубив неколку борби, но, никој не ме победи супериорно“ – изјави 27-годишниот борец кој во неговата кариера има 18 победи и 5 порази.
Фудбалерот, Стивен Бегвајн, во текот на денов треба да пристигне во Лондон и да ги помине задолжителните медицински прегледи во Тотенхем. Медиумите на Островот потврдија дека „Спарси“ се договориле со ПСВ за репрезентативецот на „лалињата“ кој има постигнато пет голови и направено десет асистенции на вкупно 16 средби одиграни, во најсилниот шампионат на Холандија. Бергвајн кој се гледа како еден од најталентираните млади играчи во Европа во треба да потпише договoр за четири сезони. Се претпоставува дека Тотенхем за неговите услуги ќе му плати на ПСВ скромни 30 милиони евра. Холанѓанецот иако главно дејствува по страничните позиции, знае да бид…
Челниците на фудбалскиот состав Милан се сериозно заинтересирани за ангажман на Ентони Робинсон кој игра во англискиот второлигаш, Виган. „Скај Спортс“ пренесе дека двата клуба се во напредни преговори за 22 годишниот играч кој во текот на изминатото лето беше купен од Евертон за скромни два милиона фунти. За да се комплетира трансферот, Милан треба да го продаде Рикардо Родригез кој веројатно ќе се врати во Бундеслигата во редовите на Баер Леверкузен. Според прогонозите, „росонерите“ за потписот на Робинсон ќе треба да платат околу десет милиони фунти.
Тенисерот, Роџер Федерер, влезе во полу-финалето на Австралија Опен откако во атрактивен дуел успеа да спаси дури седум меч топки и да го совлада Тенис Сангрен од Соединетите Американски Држави со 3 спрема 2. Швајцарецот го доби првиот сет со 6:3 по што влезе во криза. Тоа го искористи Сангрен кој славеше во вториот и третиот сет со идентични 6-2. Кога се чинише дека најпријатното изненадување на терените во Мелбурн ќе направи сензација и ќе го елиминира третиот носител, Федерер успеа да спаси 7 меч топки и да слави во четвртиот сет со 10-8 . Фаворитот на хартија во последниот…
Спринтерката, Бријана Вилијамс, продолжи со одличните настапи во 2020 година. Таа победи на отворено во Кингстон на специјална трка на 60 метри. Вилијамс ја помина патеката за 7,15 секунди. Веднаш до неа беа Наташа Морисон со 7,24 секунди и Один Вилијамс со 7,36 секунди. Ќе потсетиме дека пред само две недели младата атлетичарка од Јамајка на патеката од 60 метри во сала забележа личен рекорд со време од 7,25 секунди.
Екипата на Рено во Формула 1, потврди, дека новиот технички директор, Пат Фрај, ќе стартува на работното место во текот на наредната недела. Во месец ноември беше објавено дека 55-годишниот специјалист ќе започне со работа во францускиот тим, но, тогаш не беше прецизиран датумот. Сега е јасно дека Фрај ќе започне од 5 февруари што значи дека ќе се појави на официјалната промоција на новиот болид на 12 февруари. Англичанецот во изминатиот јули се раздели со екипата на Мекларен по што мораше да почека одреден период за да може да започне да работи за конкурентскиот тим на Рено
Дани Себалјос кој игра во Арсенал како позајмен од Реал Мадрид, сака по секоја цена да ги напушти „топчиите“ и да се врати во редовите на шпанскиот фудбалски состав. 23-годишниот плеј-мејкер побара од „кралевите“ да го раскинат договорот за закуп со англискиот состав и да му дозволат да си пронајде нов клуб додека тече јануарскиот трансфер период. Медиумите во Шпанија објавија дека Себалјос сака да го напушти тимот од „Емирати“ и дека постигнал начелно договор со Валенсија, но, Реал го блокира неговиот трансфер.
