Author: dino

Американката, Михаела Шифрин, триумфираше на  денешната трка во супер-велеслалом  реализирана на патеката во Банско, Бугарија. Таа имаше за само 29.стотинки побрзо време од Италијанката Марта Басино. Третото место и припадна на Швајцарката, Лара Гут Бехрами. Шифрин со денешната победа се доближи на само една до легендарниот Марсел Хиршер, кој е трет на вечната листа со 67 зад Линдзи Вон која оствари  82 победи и Швеѓанецот, Ингемар Стенмарк кој дури 86 пати победиваше во Светскиот куп. Шифрин со новите бодови се зацврсти на првото место во поредокот во супер-велеслалом. Таа воедно го има и првото место во вкупното рангирање во Светскиот Куп…

Read More

Селекторот на Хрватска, Лино Червар, откако неговата селекција загуби од Шпанија во финалето на Европското првенство, најави за медиумите во Хрватска дека ќе се повлече од кромилото. „Треба да им се честита на ракометарите бидејќи одиграа одличен меч. Имавме тешка рововска битка, Шпанците се искусни со долги напади а имаа и одличен голман. Ние го немавме Циндриќ, надворешните играчи не беа расположени а одбраната на противникот беше сигурна“ – вели Червар. „Благодарен сум за сите освоени медали. Можам гордо да гледам на мојата кариера. Сакам да им се заблагодарам на сите играчи и на сите помошници со кои работев досега.…

Read More

Ракометарите на Шпанија ја одбранија европската круна откако во финалето во Стокхолм славеа против селекцијата на Хрватска со 22 спрема 20. „Фуријата“ со денешната победа стана само втората селекција што успеала да го задржи шампионскиот пехар на две врзани првенства. Претходно тоа го направија Швеѓаните (1998, 2000, 2002). Хрватските ракометари  и во третото финале не успеаја да го освојат единственото одличје што им недостасува во богатата ризница. Шпанија до триумфот ја  предводеа Алекс Гомез Абело со пет голови и Хорхе Македа со три додека Гонзало Перез де Варгас имаше осум одбрани. Во Хрватска најефикасни беа Домагој Дувњак со пет и…

Read More

Олимписката и светската шампионка во биатлон на патеката од 15 км, Хана Јиберг, победи во денешната трка со масовен старт на делницата од 12,5 км реализирана во рамките на Светскиот куп во зимскиот центар Покљука (Словенија). 24-годишната Швеѓанка ја помина патеката за 34:14.4 минути и направи само една грешка на стрелиштето. За неа тоа е прва сезонска победа или вкупно четврта во кариерата. Втора на крајот е Италијанката, Лиза Витози додека Анаис Бескон (Франција) го освои третото место. Норвежанката, Тирил Ехоф, останува на лидерското место во Светскиот куп со 524 поени. Ја следат Доротеја Вирер (Италија) со 509 поени и…

Read More

Даниел Јуле ја продолжи доминацијата во Светскиот Куп во алспко скијање откако денеска дојде до третата слаломска победа. Швајцарскиот скијач во првата трка на патеката во Кицбил имаше втор резултат, но, успеа со одлично второ возење да се искачи на првото место на пиедесталот. Веднаш зад него трката ја завршија  Марко Шварц од Австрија и Французинот Клемен Ноел. Денешниот победник со новите бодови успеа да се пробие на второто место во рангирањето за слалом.  Пред него со 17 бодови повеќе фигурира Хенрик Кристоферсен од Норвешка.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, кој добива критики од сите страни по срамниот пораз на домашен терен од Барнли, вели дека не е загрижен за неговата иднина на – „Олд Трафод“. „Нема да купуваме по секоја цена нови играчи. Треба да работиме напорно и резултатите ќе дојдат. Мислам дека другите екипи работат на долги патеки и затоа имаат успех“ – вели Норвежанецот. „Нема да донесеме осум или десет играчи во еден преоден рок.  Имавме солиден трансфер период летоска а во јануари е секогаш тешко да донесеш добар играч“ – потенцираше тренерт на „црвените ѓаволи“.

Read More

Претседателот на фудбалскиот состав Манчестер Јунајтед, Џоел Глејзер, не го прифатил барањето на Спортинг за потписот на Бруно Фернандеш, објавија медиумите на Островот. Откако португалскиот клуб побарал 80 милиони евра за да го пушти одличниот голгетер да замине во Англија, Глејзер веднаш реагирал и побарал да се прекинат преговорите. „Црвените ѓаволи“ претходно испратија понуда од  60,5 милиони евра со тоа што 50-етод нив  да бидат исплатени веднаш а другите би се исплатиле во форма на бонуси под одредени услови.

Read More

Атлетичарката од Русија, Марија Ласитскене, која има освоено три златни медали во скок во височина на Летните олимпијади, вели дека поради допинг скандалот во кој е вклучена нејзината земја, полека останува без спонзори. „Како можеа да дозволат да се случи такво нешто. Тие не ги почитуваат спортистите. Никој нема да може да ми ги надокнади трошоците“ – вели Ласитскене алудирајќи дека нејзиниот спонзор „Најки“ ќе и го намали договорот. Бидејќи Светската анти-допинг агенција (ВАДА) им изрече забрана за настап на руските спортисти во наредните четири години, тоа  значи дека  Русија нема да биде дел од ЛОИ во Токио.

Read More

Шпанскиот фудбалски голман, Кепа Аризабалага, најверојатно ќе мора да го напушти составот на Челзи откако првите луѓе на англискиот тим започнале да бараат замена за најскапиот голман на светот. Според медиумите во Англија, Кепа Аризабалага, за кого во 2018 година на Атлетик Билбао му беа платени големи 80 милиони евра, не го задоволил вкусот на луѓето од „Стемфорд Бриџ“ и затоа ќе биде ставен на трансфер листата. Како можна замена за младиот 25-годишен Шпанец, се спомнува голманот на Барнли, Ник Поуп, кој во тековнава сезона покажува блескави партии.

Read More

Данскиот фудбалски интернационалец, Кристијан Ериксен, е најновото засилување за тимот на Интер откако првите луѓе на Тотенхем ја прифатиле понудата од 15 милиони евра, плус уште 5 милиони како бонуси. Тоа значи дека  популарните „нероаѕури“ ќе добијат одлично засилување во средниот ред  додека „Спарси“ ќе профитираат колку-толку, бидејќи договорот на Ериксен му беше валиден до крајот на јуни. Според најавата од Италија, новиот играч на „Џузепе Меаца“,  ќе добива по 10 милиони евра на сезона со што ќе стане убедливо најплатен играч во клубот.

Read More