Интернационалната асоцијација на атлетски федерации (ИААФ) им забрани на атлетичарите да ги користата патиките – „Најк вапорфлај“ со кои кенискиот атлетичар, Елиус Кипчоге, истрча маратон под 2 часа. Наводно, испитувањата потврдиле дека кај патиките има нерегуларност во „пружините“ кои давале „нелегална предност“. Кипчоге на посебна трка во Виена користејќи ги патиките на „Најк“ за прв пат успеа да истрча маратон под 2 часа, но, рекордот нема да му биде признат бидејќи не е поставен на официјална трка. ИААФ во објавата потенцира дека во патиките има и други нерегуларности и дека ќе биде спроведена детална истрага.
Author: dino
Кошаркарите на МЗТ Скопје остануваат во победнички ритам во АБА 2 лигата откако доцна синоќа на домашен терен славеа против екипата на Сутјеска со 88 спрема 87. Тоа за „металците“ беше 12-та победа во вкупно 16 натпревари во регионалната конкуренциј или осмата во „Јане Сандански“. Нашиот тим со новите бодови останува на второто место на табелата веднаш за екипата на Борац. Тренерот, Ѓорѓи Кочов, вели дека добрата одбрана била клучен фактор да се прокнижат нови бодови. „Сакам да им честитам на кошаркарите. Одиграа тежок меч и мора да бидеме задоволни како функционираше одбраната. Јас сум задоволен. Сега ќе мора да…
Германскиот стратег на клупата на Ливерпул, Јирген клоп, сака да го ангажира младиот играч на Баер Леверкузен, Кај Хаверц. Според англиските медиуми, „црвените“ се подготвени да издвојат околу 125 милиони евра за да го ангажираат талентираниот фудбалер за кого се интересираат и Баерн Минхен, Барселона и Манчестер Јунајтед. Тоа значи дека 19 годишниот фудбалер наскоро ќе ја промени средината и најверојатно ќе се упати кон „Енфилд Роуд“. Тој досега одигра 102 меча за германскиот состав на кои забележа 26 голови.
Реал Мадрид ќе плати 55 милиони евра за да го обезбеди потписот на фудбалерот на Ајакс, Дони Ван Де Бек. Тоа значи дека „копјаниците“ по Матијас Де Лихт кој замина во Јувентус и Фреки Де Јонг кој се пресели во Барса, ќе останат без уште еден одличен играч кој потекува од младинската школа. 22-годишниот фудбалер од средниот ред имаше фантастични мечеви во претходната сезона во Лигата на шампионите кога холандскиот состав успеа да дојде дури до 1 /2 финалето. Шпанските медиуми наведуваат дека „кралевите“ ги договориле сите детали околу трансферот и дека фудбалерот набрзо ќе се појави на – „Сантијаго…
Новиот тренер на фудбалерите на Барселона, Кике Сетиен, набрзо може да го добие првото зимско засилување, најавија медиумите во Шпанија. Имено, Каталонците имаат реални шанси да го ангажираат бразилскиот играч Матеус Фернандез кој настапува во средниот ред на Палмеирас. Веста ја пренесоа и дел од бразилски медиуми. Наводно, Шпанците три години ги следеле настапите на младиот играч и процениле дека е време да го донесат на „Камп Ноу“. Трансферната сума ќе биде 7 милиони евра, плус дополнителни 4 во форма на бонуси . Проблем во целата ситуација може да биде фактот дека Палмеирас има 75% од правата на 21-годишниот играч…
Европската куќа на фудбалот (УЕФА) ги објави резултатите од гласањето за најдобрите 11-ет во изминатата година во кое се вклучиле повеќе од 2. милиона љубители на „бубамарата“. Според анкетата, доминираат играчите на Ливерпул ( 5 ), по двајца има од Барселона и Јувентус додека по еден се изгласани од Баерн Минхен и Манчестер Сити. Еве ги најдбрите во изборот на навивачите и тоа според позициите на кои настапуваат. Голман: Алисон Бекер (Ливерпул), Одбрана: Трент Александер-Арнолд (Ливерпул), Матијс де Лихт (Ајакс/Јувентус) ,Вирхил ван Дајк (Ливерпул), Енди Робертсон (Ливерпул), Среден ред: Френки де Јонг (Ајакс/ Барселона), Кевин де Брујне (Манчестер Сити) и…
Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров, по поразот од Австрија во последното коло во групата „Б“ што воедно значеше и елиминација од ЕП, вели дека сите во селекцијата заслужуваат критики. „Одигравме под нашето ниво. Направивме многу грешки и промашивме многу изградени шутеви. Австријците нè изненадија со одбраната 5-1, со полу-фластер на мене. Разочарани сме, заслужуваме критика“ – изјави Кире Лазаров. Нашата главна ѕвезда откако им се заблагодари на фановите што беа присутни во Виена, порача дека треба да се направи добра анализа и дека младите ќе треба да се наметнат за наредните мечеви. Лазаров го заврши ЕП со 22…
Селекторот на нашата ракометна репрезентација, Данило Брестовац, по елиминацијата од ЕП, нагласи, дека треба да помине подолг период пред да се формира победничка селекција која ќе може да ја радува јавноста. „Долг е патот ако сакаме репрезентација која ќе носи нови успеси. Дали тоа ќе биде без мене или со мене, има многу работа пред сите. Вината за поразот ја гледам во нашиот напад“ – потенцираше Брестовац. „Реалноста е дека имаме повеќе млади ракометари кои треба да добијат поддршка во иднина. Мислам дека еден ден тие ќе бидат со значајна улога на големите натпреварувања„ – потенцираше нашиот селектор.
Македонската ракометна репрезентација го заврши настапот на Континеталниот собир откако во решавачкиот меч во групата „А“ загуби од ко-домаќинот на ЕП, селекцијата на Австрија со 32 спрема 28. Анемичната игра во одбраната без поддршка од голманите, јаловиот напад и немоќта да се запрат полетните домаќини, донесе елиминација за нашата репрезентација. Во вториот дел откако домаќино виде дека победникот е решен го намали темпото и ни дозволи да го ублажиме поразот. Стојанче Стоилов со пет голови беше најефикасен пред Кире Лазаров со три. Кај Австрија, Вебер постигна седум погодоци а Билик имаше шест.
Еден од најдобрите фудбалери на Челзи, Нголо Канте, кој има активен договор до 2023 година, побарал од челниците на тимот да му дозволат да си замине на крајот од сезоната. Англиските медиуми денеска објавија дека интернационалецот од Франција добил понуда од Реал Мадрид и дека има намера да ја напушти Англија. Весникот – „Сан“, објави дека 28- годишниот играч има голема желба да работи со тренерот на „кралевите“, Зинедин Зидан и дека по секоја цена сака да ја прекине соработката со „сините“. Според информациите, фудбалерот побарал состанок со челниците на клубот за да се обиде да ги убеди да го…
