Легендарниот капитен на фудбалскиот состав Ливерпул, Џејми Карагер, кој сега работи како стручен коментатор на Скај Спорт, не верува дека Тотенхем ќе направи добри резултати под водство на Жозе Мурињо. „Доколку Почетино имаше најамлку уште двајца добри фудбалери веројатно ќе ја освоеше Лигата на шампионите. Мурињо форсира сосема друг стил на игра што не им одговара на фудбалерите и затоа не може да просперираат резултатски. Тотенхем веројатно ќе треба да купи најмалку тројца добри играчи ако сака да се бори за титулите “ – вели Карагер. Ќе потсетиме дека „Спарси“ под водство на Почетино успеаа да дојдат до финалето во…
Author: dino
Младиот, Марко Мишевски, кој се наметнува како еден од позначајните ракометари во нашата одбрана на Евро-шампионатот, вели дека мечот со Чешка покажа одредени слабости кои ќе мора да се елиминираат на утрешниот натпревар со Австрија. „Мислам дека ќе успееме да се справиме со бековската линија на Австрија. Тие ги имаат Божовиќ и Билик, но, верувам дека можеме да ги запреме. Тоа ќе биде многу значајно“ – потенцираше Мишевски. „Имаме цел ден да ги анализираме Австријците, верувам дека ќе се подготвиме добро за големиот предизвик“ – нагласи Мишевски.
Нашиот селектор, Данило Брестовац, верува дека неговите избраници ќе успеат да дојдат до поволен резултат на утрешниот меч со Австрија и дека ќе останат на Европското ракометно првенство. „Пред шампионатот бев скептичен околу нашата игра во одбраната посебно што останавме без Марковски. Сега се покажа дека тоа ни е подобрата страна. Неочекувано имаме многу проблеми во нападот, избрзани шутеви и нерезонски додавања“ – вели Брестовац. „Нашата цел ќе биде да ги спуштиме Австријците до 24-25 гола за да можеме евентуално и со послаб напад да дојдеме до посакуваната победа“ – вели нашиот селектор.
Нашиот ракометен репрезентативец, Мартин Поповски, на денешниот брифинг со новинарите, нагласи дека мораме да ја заборавиме Чешка и да се насочиме кон Австрија. „Знаевме дека ќе ни требаат две победи за пласман понатаму. Сега сме во ситуација со победа од два гола да бидеме први во групата. Мислам дека Австрија повеќе ни одговара отколку Чешка„ – потенцираше Мартин Поповски. „Мораме добро да го отвориме мечот и да го префрлиме протисокот врз домаќинот. Вчерашниот пораз од Чешка придонесе преку социјалните мрежи да се упатат бројни критики, па дури и навреди на адреса на ракометарите. Не ги гледаме тие работи бидејќи настојуваме…
Нашите најдобри ракометни судии, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, ќе го водат денешниот меч меѓу Русија и Исланд кој ќе биде одигран во рамките на второто коло во групата „Е“ која се реалзира во Малме во Шведска. Тие не беа делегирани во првата рунда, но, сега добија меч кој има големо значење за двете селекции. „Рибарите“ на стартот направија големо изненадување со победата против фаворизираната Данска додека Русите загубија од Унгарија. Тоа значи дека „Зборнаја“ денеска нема право на грешка додека Исланѓаните со евентуална победа ќе си обезбедат место во наредната фаза на Европското првенство. Средбата меѓу Исланд и Русија…
Голманот на нашата ракометна репрезентација, Никола Митревски, по вчерашниот пораз од Чешка во второто коло во групата „Б“ на Европското првенство во Австрија, вели дека ништо не е загубено бидејќи не чека мечот со . „Нашата лоша игра во одбрана и нивниот голман го одлучија денешниот натпревар. Имаме доволно време да се подготвиме за последниот меч против Австрија. Мислам дека тие не се многу силна репрезентација и дека можеме да се носиме со нив“ – потенцираше Митревски пред мечот со ко-домаќинот на Евро-шампионатот. Средбата Македонија-Австрија ќе биде одиграна утре во Виена со почетокот во 18.15 часот. Во втората средба во…
Карате федерацијата на Македонија вчера на посебна свеченост ги прогласи најуспешните клубови, тренери и натпреварувачи за 2019 година. Најуспешен клуб кај сениорите е Штип додека најуспешен тренер е Сашко Арсовски. Најуспешен клуб во младинска конкуренција е Макпетрол – Скопје а најдобар тренер е Бошко Заборски. Добитници на главните награди во категоријата сениори за 2019 се следниве: Кумите сениори машки: Емил Павлов, Берат Јакупи и Жарко Арсовски. Кумите сениори женски: Драгана Манговска, Моника Стефановска и Наташа Стефановска. Ката сениори машки: Ферик Исиќ, Јован Васиќ и Христијан Димитријевски.Ката сениори женски: Пулексенија Јованоска, Кристина Каламукоска и Матеа Талеска
Напаѓачот на фудбалскиот состав Манчестер Сити, Серхио Агуеро, со вчерашните три гола постинати на теренот на Астон Вила, успеа да го собори рекордот на легендарниот, Тјери Анри, за најдобар стрелец во Премиер лигата кој доаѓа надвор од Англија. Французинот ја заврши кариерата со 175 голови додека Агуеро успеа да дојде до 176. Аргентинскиот напаѓач на „Сити“ стана воедно и четвртиот најдобар стрелец во историјата на Премиер лигата веднаш зад Алан Ширер со 260 голови, Вејн Руни со 208 и Енди Кол со 187. Агуеро на вчерашниот меч успеа да постигне хет-трик со што пак, го надмина остварувањето на Алан Ширер,…
Легендата на фудбалскиот состав Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд, внимателно ја следи ситуацијата во клубот кога станува збор за најавените трансфери во текот на зимскиов период. Тој повторно се обиде да му сугерира на раководството на „црвените ѓаволи“ да се обиде да дојде до потписот на Едисон Кавани иако имаше одредени шпекулации дека играчот на ПСЖ се договорил со луѓето од Атлетико Мадрид. „Јас би го донел веднаш. Тој е многу искусен фудбалер кој може да им помогне на младите да напредуваат“ – напиша Фердинанд на социјалните мрежи.
Играчот на Рома, Николо Заниоло, кој се наметнува како еден од најдобрите млади фудбалери во Серија „А“, заработи потешка повреда на вчерашното дерби со Јувентус одиграно на „Олимпико“. Денеска првите луѓе на „волчицата“ објавија дека Заниоло ги скинал предните вкрстени лигаменти и дека има повреда на менискусот. Според првите проценки на лекарите, Заниоло ќе мора брзо да оди на операција а потоа ќе му следи период на рехабилитација од најмалку 6 месеци. Заниоло во досегашниот дел од сезоната има одиграно 18 меча за Рома со ефект од четири голови и една асистенција.
