Најдобрите македонски судии, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов добија големо признание на Европското првенство. Тие в недела од 16:30 часот ќе го судат големото финале. Одлуката на ЕХФ само потврдува дека Начевски и Николов се едни од најдобрите светски судии и дека се подготвени за големиот предизвик. Тие досега имаа неколку натпревари на Континенталниот собир на кои добија високи оценки. На Ѓорѓи Начевски и Славе Николов финалето закажано за в недела ќе им биде прво на сениорските натпреварување. Тие досега имаат судено финале на Светско првенство за младинци.
Author: dino
Шериф О’Нил, кој е син на кошаркарската легенда, Шекил О’Нил, ги користи социјалните мрежи за да ја извести јавноста дека го напушта Универзитетот –„ UCLA“. 20-годишниот крилен центар кој е висок 206 сантиметри, досега имаше одиграно по 10 минути на 13 натпревари за неговиот тим со просек од 2,2 поени и 2,9 скока. Шериф требаше да го направи своето деби во колеџ-сезоната 2018/2019, но, тоа беше подложено поради операција на срцето. „Моите родители ме научија дека транспарентноста е најдобрата форма на комуникација. Во таа мисла, денеска објавив дека го напуштам – „UCLA“. Дел од моето срце секогаш ќе биде тука…
Младиот фудбалер на Шахтјор, Микола Матвиенко, може да добие понуда да се пресели во редовите на Арсенал, најави неговиот агент задолжен за трансфери. „Топчиите“ имаа многу проблеми во дефанзивниот ред и сакаат да обезбедат квалитетно засилување. Тоа на некој начин го потврди и тренерот на англичаните, Микел Артета, на што се надоврза и Јуриј Датченко, менаџерот на младиот дефанзивец. „Изминатиов период со моите колеги сме во постојан контакт со претставниците на Арсенал и имавме неколку средби. Се надеваме дека преговори меѓу двата тима ќе успеат“ -изјави агентот на фудбалерот.
Британскиот боксер, Ентони Џошуа, ќе ги брани појасите во тешка категорија против Бугаринот Кубрат Пулев. Мечот е закажан во месец мај. Информацијата ја потврди Бугаринот со објава на социјалната мрежа –„Фејсбук“. Бугарските медиуми објавија дека борбата треба да се одржи во Истанбул на стадионот на Бешикташ, но, информација не е потврдена од страна на Светската боксерска федерација. Пулев во досегашната кариера има 29 борби и само еден пораз од Владимир Кличко во меч кој беше оддржан пред пет години.
Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, на денешната прес конфренција в пресрет на натпреварот со Ливерпул, упати мала провокација кон противникот. Норвежанецот алудираше на фактот дека „црвените“ чекаат 30 години за да се израдуваат на титулата. Солскјер верува дека тоа нема да се случи со „црвените ѓаволи“. „Нивната судбина треба да ни биде лекција. Тие неколку пати беа блиску а ние не можеме да си дозволиме да чекаме уште 24 години. Сигурен сум дека нема да биде така“ – вели тренерот од Норвешка.
Поранешниот македонски ракометен репрезентативец, Петар Ангелов, потпиша за екипата на Тинекс Пролет. Искусниот голман одлучи да се врати во Македонија и да биде дел од екипата од Скопје која има големи апетити за вториот дел од сезоната. Договорот на популарниот –„диви“ ќе биде за една и половина сезона. Тој покрај настапите во нашите клубови беше дел и од екипите во Франција, Турција и Австрија. Последното негово исксутво беше во германскиот состав Ратинген.
Двократниот олимписки шампион, Матијас Мајер, од Австрија победи на втората сезонска трка во комбинација која беше возена во зимскиот центар „Венген“. 29-годишниот Мајер кој има освоено злато на Олимписките игри во 2014 и 2018 година, триумфираше со вкупно време од 2:32,45 минути. Тој беше најбрз во спустот додека во слаломот дојде до четвртата позиција. Мајер ја забележа втората сезонска победа или вкупно седмата во кариерата во Светскиот куп. Веднаш до него трката ја завршија двајца Французи кои се искачија на подиумот. Втор беше Алексеј Пинтуро додека трет резултат имаше Виктор Муфа-Жанде. Во генералниот пласман во Светскиот куп во алпско скијање…
Маурисио Почетино кој остана без клуб откако пред неколку месеци доби отказ од Тотенхем, најави дека брзо ќе се врати во фудбалот. Аргентинецот кој во минатата година успеа да дојде до финалето во Лигата на шампионите, мораше пред време да си замине од редовите на „Спарси“, откако екипата влезе во лоша серија во сите конкуренции. „Премиер лигата е пример за играчите и тренерите. Мислам дека Англија и Шпанија, се двете најпосакувани дестинации за секој тренер. Со големо задоволство би работел во тие шампионати“ – потенцира Почетино.
Фудбалерот на Реал Мадрид, Еден Азар, кој поради повреда не игра подолг период и мораше да го пропушти завршниот турнир од Супер-купот на Шпанија, вели дека тренерот, Зинедин Зидан, е вистински лидер, мотивар и психолог. Интернационалецот од Белгија во последното интервју отворено зборуваше за францускиот стратег кој е своевиден рекордер по бројот на остварени победи гледано само во финалните мечеви во различни конкуренции. „Работев со италијански тренери како што се Конте и Сари, но, тогаш ми беше здодевно на тренинзите. Со Зидан секогаш се интересни тренинзите бидејќи постојано се игра со топка“ – вели Азар кој набрзо треба да се…
Амар Стадмаер кој настапуваше за НБА екипите на Феникс, Мајами, Далас и Сакраменто, може да го засили грчкиот состав Панатинаикос. Кошаркарот кој ги напушти САД откако ја заврши НБА кариерата и беше дел од шампионатите на Израел и на Кина, сега може да го гледаме во Евро-лигата доколку се остварат прогнозите во медиумите. Според напишаното, Панатинаикос сака да го ангажира 37-годишниот ветеран кој со неговото големо искуство дефинитивно може да помогне во трката за трофеи во сите конкуренции.
