Author: dino

Дефанзивниот играч на Лион, Лука Тусар, е нов фудбалер на германскиот бундеслигаш Херта, потврдија медиумите во Франција. Берлинскиот клуб за 22-годишниот бек кој може да игра и во средината на дефанзивната линија, плати големи 25 милиони евра. Според договорот на двата клуба, Тусар ќе остане да игра како позајман фудбалерот на Лион до крајот на сезоната а дури потоа ќе се врати во Херта. Младинскиот репрезентативец на Франција во август во 2015 година дебитираше за „лавовите“.  

Read More

Првите луѓе на фудбалскиот состав Челзи, ја разгледуваат можноста да го ангажираат полскиот напаѓач, Криштоф Пјонтек, доколку успеат да го продадат, Оливие Жиру. „Газета дело Спорт“, пишува, дека Французинот е пред трансфер во редовите на Интер и дека  набрзо ќе се пресели на „Џузепе Меаца“. Тоа значи дека автоматски ќе се ослободи место за евентуален ангажман на корпулентниот напаѓач кој може да биде одлично засилување за четата на Франк Лампард. Пјонтек во меѓувреме се поврзуваше и со можен трансфер во Тотенхем, но, засега „Спарси“ не покажале иницијатива дека сакаат да го обезедат неговиот потпис.

Read More

Англиските фудбалски состави Тотенхем и Арсенал можат да влезат во изедначена трка за потписот на колумбискиот напаѓач Хамес Родригез, објави денеска  реномираниот весник – „Дејли Мејл“. Според напишаното, „Спарси“ и лондоначни имаат големи проблеми во офанзивната линија и сакаат да ангажираат искусен голгетер кој ќе може да се адаптира на островскиот фудбал. Весникот потенцира дека  двата тима имаат намера да го ангажираат Хамес како позајмен играч до крајот на сезоната а дури потоа да го откупат неговиот договор. Трансферната сума на Колумбиецот кој е во сопственот на Реал Мадрид е околу 34 милиони фунти.

Read More

Италијанскиот елитен состав, Рома, објави дека 21-годишниот централен бек, Роџер Ибанез, ќе биде ново име во тимот. Тој доаѓа од Аталанта на 18-месечна позајмица со oбврска римскиот клуб да му ги откупи правата на крајот на сезоната за осум милиони евра плус два милиона во форма на бонуси. Интересно е што поранешниот фудбалер на бразилскиот Флуминенсе, нема одиграно ниту една минута во Серија „А“, но, беше активен на дуелот против Шахтјор Доњецк во последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Јувентус, Маурицио Сари, признава, дека неговите избраници сосема заслужено загубија на вчерашното дерби на теренот на Наполи во рамките на Серија „А“. „Одигравме многу лош натпревар. Бевме премногу пасивни, бавни, секој имаше најмалку по пет допири со топката“ – вели тренерот на Јуве кој очигледно не е премногу загрижен што остана без бодови по дуелот со неговиот поранешен состав. „Јас никогаш не кријам, Наполи има посебно место во моето срце. Ако веќе губам, мило ми е што тоа е од Наполи“ – вели Сари кој токму со потенцираното, ризикува да го навлече бесот на фановите на…

Read More

Тренерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, призна дека започнал да бара  наследник на првиот голгетер, Серхио Агуеро, кој има договор до 2021 година, но, постои голема веројатност да си замине во текот на наредното лето. „Потрагата по напаѓач е многу специфичен процес. Не е лесно да најдеш добар голгетер иако во клубот имаме одлична скаутинг служба.“ – вели Гвардиола. „Често ми покажуваат видео материјали за напаѓачи од различни држави. Ќе ни биде многу тешко да пронајдеме вистинска замена за Агуеро“ – потенцираше шпанскиот стратег на клупата на „граѓаните“.

Read More

Корпулентниот фудбалски напаѓач, Едисон Кавани, се обидува да ги натера челниците на ПСЖ да го пуштат да замине во Атлетико Мадрид додека трае зимскиот трансфер период. Според медиумите во Шпанија, уругвајскиот интернационалец ги поминал  лекарските прегледи и сега го чека мигот кога двата тима ќе се договорат околу обештетувањето. Французите побараа 20-ет милиони а Атлетико понуди 15. Имајќи в предвид дека Кавани во летото пред нас ќе биде слободен фудбалер, јасно е дека ПСЖ најверојатно ќе му даде зелено светло за преселба на стадионот – „Ванда Метрополитано“.

Read More

Легендарниот фудбалер на Англија, Дејвид Бекамп, влегува меѓу бројните спортисти кои во текот денов изразија сочуство и жалење за трагичната смрт на поранешниот кошаркар на ЛА Лејкерси, Коби Брајант. Еден од најмаркантните ликови што се појавиле во историјата на НБА лигата, загина во хеликоптерска несреќа во близина на Лос Анѓелес. „Моите зборови никогаш нема да бидат доволни да опишам како се чуствувам. Коби беше посебен спортист, татко, сопруг и пријател. Загубивме неверојатен човек како и неговата убава и талентирана ќерка Џана“ – напиша Бекамп. „Некогаш одев на последните две минути од натпреварот само да дознаам што посебно ќе направи. Коби…

Read More

Специјализираниот сајт за ракомет –„Балкан хендбол“, објави, дека одлуката на нашите судии Начевски и Николов да му ја одземат топката на Игор Карачиќ во решавачките моменти во финалето на ЕП против Шпанија, била максимално коректна. Откако играчот на Хрватска направи чекори, Шпанците го искористија наредниот напад за да дојдат до предност од 22:20 и да се израдуваат на титулата европски шампиони. Тоа го испровоцира тренерот на Хрватите, Лино Червар, кој на тајм-аутот искористи вулгарни зборови за одлуката на македонските судии, но, очигледно дека не беше во право. „Ситуацијата кога Начевски досуди чекори од Карачиќ ќе влезе во историјата на ЕП.…

Read More

Легендата на светската кошарка, Коби Брајант, го загубил животот рано изутрината во хеликоптерска несреќа заедно со уште четири лица, објавија дел од медиумите во САД. Засега нема детали за несреќата  а полицијата го истражува случајот. Идентитетот на другите лица не е познат. Неофицијално, со него во хеликоптерот не била неговата сопруга Ванеса . Брајант кој беше на 41 годишна возраст, беше легенда на Лос Анџелес Лејкерс. Така наречената – „Црната Мамба“ ја заврши кариерата со 5 титули во НБА лигата а двапати беше прогалсен и за најкорисен играч (МВП) во големото финале.

Read More