Author: dino

Фудбалерот на Спортинг Лисабон, Бруно Фернандеш, може да се пресели во редовите на Манчестер Јунајтед, најавија медиумите во Англија. Наводно, менаџерот на „црвените ѓаволи“, Оле Гунар Солскјер, е подготвен да плати околу 50 милиони фунти за да го ангажира играчот на португалскиот состав. Се очекува трансферот да се случи во наредните денови а Бруно Фернандеш да потпише договор до 2025 година. Напаѓачот во тековнава сезона одигра 14 натпревари за Спортинг Лисабон.

Read More

Првите луѓе на фудбалскиот состав , Динамо Загреб, експресно ја одбиле понудата за нашиот интернационалец, Аријан Адеми, која била испратена од шпанскиот елитен состав Бетис. Според хрватските медиуми, Динамо оставил простор за преговори доколку сумата се зголеми до 10 милиони евра. Според најавите, Бетис како опција ги има и Гвидо Родригез и Ренато Таипа, но, за нив двајца ќе мора да плати околу 20 милиони евра. Што се однесува до Адеми, тој поради повреда на петата нема да биде дел од зимските подготовки и ќе мора да паузира околу две недели.

Read More

Првите луѓе на Вест Хем и на Бенфика постигнале договор за трансфер на младиот Жедсон Фернандеш, кој беше и на радарот на Челзи. Младиот португалски фудбалер  ќе се пресели во Лондон на 18-месечна позајмица со задолжителен откуп за 33 милиони фунти. Интересно е тоа што Челзи испрати подобра понуда за позајмица и право на откуп за 55 милиони, но, тоа било условено  фудбалерот да одигра 50% од натпреварите за клубот од „Стенфорд Бриџ“. Фернандеш треба утре да пристигне во Лондон за да ги направи лекарски прегледи. Веднаш потоа се очекува да потпише за Вест Хем.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, планира да конкурира за потписот на напаѓачот, Акардиуш Милик, кој има блескава сезона во редовите на Наполи. Англиските медиуми пренесуваат дека Јунајтед стокмил понуда од 60 милиони фунти за да ги откупи правата на корпулентниот голгетер. 25-годишниот напаѓач од почетокот на сезоната одигра 12 меча за италијанскиот тим и успеа да постигне 10 гола.

Read More

Полскиот фудбалски репрезентативец, Војчех Шчесни, ќе остане на голот на Јувентус и во наредните четири години. Деталите на новиот договор се уште не се познати и најверојатно ќе бидат откриени во наредниот период. Полјакот пред три сезони го напушти Арсенал и се пресели во редовите на „старата дама“. Тогаш тимот од Торино им плати на англичаните скромни 14 милиони евра. Чуварот на мрежата на Јуве во тековната сезона има одиграно 16 натпревари. Десет се во Серија А, пет во Лигата на шампионите и еден меч е  во Супер-купот на Италија.

Read More
NBA

Кошаркарот на Атланта Хокс, Винс Картер, стана првиот играч во историјата на НБА лигата кој игра во четири декади. Тој одигра 18 минути во победата на Хокс против Индијана. Картер во 1998. година беше избран како петти пик на драфтот од страна на Торонто. Ветеранот досега играл за екипите на Атланта, Сакраменто, Мемфис, Далас, Финикс, Орландо и Њу Џерси. Кошаркарот кој набрзо ќе наполни 43 години, дури осум пати бил дел од Ол стар мечот.  

Read More

Фудбалерите на Џенова доцна синоќа славеа на домашен терен против Сасуоло со 2 спрема 1 благодарение на „чудниот“ гол на нашиот интернационалец, Горан Пандев, постигнат во 86 минута. „Знаевме дека ќе биде тежок натпревар. Страдавме до самиот крај, но, Бог ни помогна. Мораме да работиме и да ги следиме инструкциите од тренерот“ – вели Пандев. „Се надеваме дека ќе бидеме подобри. Се обидувам да им помогнам на помладите, сите мора да работиме и да веруваме дека ќе се спасиме. Мораме да останеме заедно“ – потенцира Пандев

Read More

Тренерот на фудбалерите на Интер, Антонио Конте, пред денешниот меч со Наполи во Серија „А“, вели дека неговиот колега на клупата на противникот, Џенаро Гатузо, не бил максимално почитуван додека го водеше тимот на Милан. „Во него ја гледам истата страст кон фудбалот . Мислам дека неговите достигнувања во Милано се потценети, затоа му посакувам се најдобро во Наполи“ – вели Конте. „Не очекува тежок меч. Евентуална победа ќе ни даде уште поголема самодоверба во трката за титулата. Сакаме да ги радуваме нашите фанови“ – вели тренерот на Интер.

Read More

Првите луѓе на Манчестер Јунајтед дефинитивно се определиле да го продадат францускиот интернационалец, Пол Погба, објавија медиумите во Англија. Познато е дека шпанскиот Реал Мадрид и тренерот, Зинедин Зидан, посакуваат Погба да дојде на „Сантијаго Бернабе“ и за таа цел се подготвени да издвојат солидна сума. Во таква ситуација, „црвените ѓаволи“ сакаат максимално да искористат и затоа покрај паричен надоместок ќе побараат и еден фудбалер на „кралевите“. Во прашање е германскиот интернационалец,Тони Крос.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, планира да го ангажира дефанзивецот на Лестер, Џејмс Медисон, кој пружа одлични партии во тековнава сезона со што го привлече вниманието на големите екипи од Англија. Според објавеното, Норвежанецот планира да испрати понуда од 45 милиони фунти и во целиот трансфер да го вклучи и Џеси Лингард,  кој очигледно не успева да се прилагоди на играта на „црвените ѓаволи“. „Мирор“ и „Сан“ пренесуваат дека Јунајтед ќе има офанзива за потписот на Медисон во јануарскиот трансфер период.

Read More