Нашите најдобри ракометари денеска ја совладаа селекцијата на Црна Гора со 25 спрема 24 во последниот контролен меч пред заминувањето на Европското првенство. На мечот кој беше од затворен тип, Црногорците имале предност по првиот дел од 13:12 додека Македонија со подобра игра во вториот успеала да направи пресврт. Во нашата селекција Манасков , Талески, Маџовски и Пешевски постигнаа по три гола. Нашата експедиција сега ќе замине за Виена.Таму ја очекуваат мечевите од групната фаза и тоа против Украина, Чешка и ко-домаќинот на ЕП, репрезентацијата на Австрија
Author: dino
Руската тенисерка, Марија Шарапова, донираше 25.000 долари за да помогне во борбата против шумските пожари во Австралија. „Во последните 15 години , Австралија во јануари стана мојот дом. Тешко е да се гледа како пожарите ја уништуваат земјата, домовите на семејствата и животната средина. Затоа сакам да помогнам со 25.000 американски долари” – напиша Шарапова на Твитер. Големите пожари кои пустошат подолг период низ источниот брег, сега се шират и југо-западно кон териториите на државите Нов Јужен Велс и Викторија. Огнот досега уништи околу 6 милиони хектари шума, 2 илјади станбени згради и околу 3 илјади административни и јавни објекти.…
Русинот, Александар Болшунов, победи во бијатлонското натпреварување –„Тур де ски“ кое денеска заврши со трката од 10-километри на патеката во Вал ди Фиеме (Италија). Второто место му припадна на Сергеј Устугов исто така од Русија додека третото место во генералниот пласман го има минатогодишниот шампион, Јоханес Клајбо (Норвешка). Што се однесува до денешната трка, прв заврши Симен Кругер (Норвешка), втор беше Шур Рут додека Болшунов дојде до третото место кое му овозможи да се израдува на вкупна победа. Во Светскиот куп досега се реалзирани 16 трки од вкупно 40- предвидени а Болшунов останува на лидерското место со 1081 бода пред…
Италијанскиот фудбалски гигант, Интер, е најсериозниот кандидат за да го обезбеди потписот на данскиот интернационалец во редовите на Тотенхем, Кристијан Ериксен, најавија денеска медиумите на „Чизмата“. Трансферната цена на искусниот играч од средниот ред е околу 30-ет милиони евра. Бидејќи Ериксен има договор со клубот од Лондон до крајот на сезоната, јасно е дека популарните „Спарси“ ќе се обидат да го продадат во текот на зимава за да можат да добијат одредено обештеување. Во исто време и тренерот на „нероаѕурите“, Антонио Конте, најавил дека очекува значајно засилување кое треба да пристигне од Премиер-лигата.
Доаѓањето на Златан Ибрахимовиќ во редовите на Милан направи вистинска еуфорија кај фановите на „росонерите“ кои најавија дека утре ќе го исполнат стадионот –„Сан Сиро“ на средбата со Сампдорија во рамките на Серија „А“. Италијанските медиуми објавија дека се продадени 60.000 влезници, но, оставаат простор дека бројката ќе порасне. Таквата слика е вообичаена главно за градските дерби мечеви со Интер. Тоа воопшто не изнеандува бидејќи Ибрахимовиќ и во минатото кога настапуваше во дресот на Милан беше главниот миленик на тифозите.
Тренерот на фудбалерите на Евертон, Карло Анчелоти, призна дека пред пет години имал кратки разговори со челниците на Ливерпул за да седне на клупата на „црвените“ како замена за Брендан Роџерс. „Тоа беше откако си заминав од Реал Мадрид. Бараа нов менаџер и знам дека направија одличен избор со Јирген кој работи фантастично во Ливерпул.Тие во моментов се во фантастична форма“ – изјави италијанскиот стратег пред утрешното гостување кај Ливерпул во 3 коло во ФА Купот на Англија. Ќе потсетиме дека Анчелоти откако ја прекина соработката со Наполи експресно се врати во Премиер лигата и седна на кормилото на популарните…
Легендарниот шпански фудбалски репрезентативец, Андрес Иниеста, кој ги брани боите на јапонскиот состав Висел Кобе, се обиде да ги издвои најдобрите играчи што некогаш дејствувале на средината на теренот. „Михаел Лаудруп ми беше идол од детството. Неговата техника, стилот на игра како и начинот на кој напаѓаше од средниот ред. Се обидував да бидам како него. Долго играв со Чави и го гледав многу на телевизија. Тој е мојот идеален играч бидејќи може да ги контролира натпреварите“ – вели Иниеста. „Долго играв со Серхио Бускетс во Барселона и во шпанската репрезентација. Тој има многу значајна улога во средниот ред“ – вели Иниеста.
Тренерот на фудбалерите на Тотенхем, Жозе Мурињо, најави дека неговиот тим ќе одигра максимално мотивирано против Мидлзборо во ФА купот. Португалскиот менаџер нема да калкулира и најави офанзивна игра против актуелниот второлигаш. Специјалниот им открил на медиумите дека еден гол од историјата на Тотенхем дополнително го приврзал за ФА купот уште како тинејџер. „ За мене ФА купот е специјално натпреварување. Историјата, победите, головите, никогаш нема да го заборавам голот на Рикардо Вилја од времето кога бев тинејџер. Можам да замислам што значи тој за фановите“ – вели тренерот на Тотенхем.
Фудбалерот, Јан Вертонген, кој има тековен договор со екипата на Тотенхем до крајот на сезоната, има реални шанси да замине во друг тим. Според наведеното во медиумите во Англија, челниците на „Спарси“ немаат намера да ја продолжат соработката со искусниот интернационалец од Белгија и ќе му дадат зелено светло да си побара друг состав. Според непотврдени информации за услугите на Вертонген се заинтересирани холандскиот Ајакс и италијанскиот Наполи. Доколку „копјаниците“ успеат да го обезбедат потписот на Вертонген, тоа ќе значи и негово враќање во шампионатот на Холандија.
Англискиот фудбалски состав Астон Вила ќе направи напор да го ангажира Мичи Батшуаи кој не успеа да се избори за минутажа во редовите на Челзи. Според објавата на „Скај Спортс“, клубот од Бирмингем се интересира за напаѓачот на „сините“ и најверојатно ќе се обиде да го ангажира како позајмен фудбалер. Интернационалецот од Белгија ќе треба да биде вистинска замена за првиот голгетер на Астон Вила, Весли, кој доживеа потешка повреда на коленото и ќе отсуствува подолг период од терените. Ќе потсетиме дека Батшуаи претходно настапуваше во Бундес-лигата за Борусија Дортмунд и за шпанската Валенсија,
