Руската тенисерка, Марија Шарапова, донираше 25.000 долари за да помогне во борбата против шумските пожари во Австралија.
„Во последните 15 години , Австралија во јануари стана мојот дом. Тешко е да се гледа како пожарите ја уништуваат земјата, домовите на семејствата и животната средина. Затоа сакам да помогнам со 25.000 американски долари” – напиша Шарапова на Твитер.
Големите пожари кои пустошат подолг период низ источниот брег, сега се шират и југо-западно кон териториите на државите Нов Јужен Велс и Викторија. Огнот досега уништи околу 6 милиони хектари шума, 2 илјади станбени згради и околу 3 илјади административни и јавни објекти. Досега беа пронајдени 23 жртви од кои тројца се пожарникари.