Author: dino

Францускиот фудбалски  интернационалец во редовите на Реал Мадрид, Карим Бензема, ќе остане на стадионот – „Сантијаго Бернабе“ најмалку до 2022 година, пренесува вечерва весникот – „Марка“. Новиот договор меѓу двете страни кој ќе биде потпишан во текот на наредното лето, ќе му овозможи на голгетерот да добие и поголема плата. Искусниот играч во повеќе наврати се поврзуваше тимот на Арсенал, но, очигледно се определи да остане во редовите на „белите

Read More

Германските медиуми објавија дека првите луѓе на фудбалскиот состав Баерн Минхен нема да му дозволат на Жером Боатен да замине во редовите на Арсенал иако „топчиите“  покажаа дека се заинтересирани за неговите услуги. Имено, новиот менаџер на англискиот тим,  Микел Артета,  побарал да му биде донесен Боатенг во текот на зимскиот преоден рок. Според наводите агентот задолжен за трансфери на 31-годишниот Боатенг ги направил првичните контакти со челниците на Баерн за да ги дознае нивните планови. Според „Билд“, тие јасно му потенцирале дека Боатенг нема да добие зелено светло за да замине во јануари.

Read More

Првите луѓе на фудбалскиот состав, Рома, планираат да му го откупат договорот на младиот Крис Смолинг,  кој настапува во редовите на „волчицата“ како позајмен од англискиот гигант, Манчестер Јунајтед. Италијанските медиуми предвидуваат дека Римјаните ќе им понудат на „црвените ѓаволи“ минимум 18 милиони евра плус бонус од 3 милиони. Во исто време, 30-сет годишниот играч ќе добие понуда од Рома да остане на „Чизмата“ и да заработува по 3,2 милиона евра по сезона. Доколку тоа се оствари, тогаш интернационaлецот од Англија ќе биде на третото место на списокот на најплатени играчи во клубот веднаш по Џеко и Пасторе.

Read More

Весникот –„Мирор“, тврди, дека Манчестер Јунајтед ќе се обиде по секоја цена да го обезбеди потписот на напаѓачот на Лион, Муса Дембеле, иако за неговите услуги е заинтерсиран и тимот на Арсенал. Иако трансферната сума не се потенцира, се претпоставува дека двата тима од Премиер лигата се подготвени да го покријат обештетувањето и да го ангажираат во текот на зимскиот преоден рок. Дембеле е централен напаѓач кој може да игра и на крилните позиции. Тој во тековнава сезона  постигна 10 гола на 18 натпревари во француската Лига 1.

Read More

Американската скијачка, Микаела Шифрин, денеска имаше две одлични возења и успеа да дојде до првото место на слаломската трка која беше реализирана во австрискиот зимски центар Линц. Таа на крајот обезбеди вкупно време од 1:48.89 минути со што го зазеде првото место на пидесталот пред словачката скијачка, Петра Влхова, додека на третото место заврши швајцарската скијачка, Мишел Гисин. Шифрин со новите бодови само ја зголеми предноста пред конкурентките во генералниот пласман во Алспско скијање. Таа води и во салом со 300 бода или 140 повеќе од Влхова.

Read More

Британскиот тенисер, Енди Мареј, не успеа да ја санира повредата и затоа се определи да го откаже настапот на првиот Грен слем во 2020 година кој ќе се оддржи на терените во Мелбурн во Австралија. „Нема да можам да настап на АТП-купот како и на Австралија Опен во јануари 2020 година. Работев напорно, дадов се од себе за да влезам во топ-форма, но, за жал нема да можам да играм во почетокот на новата година“ – објави Мареј. Според најавите, Мареј најверојатно ќе се врати на тениските терени во почетокот на февруари со настапот на турнирот во Монпелје во Франција. Ќе…

Read More

Нашите најдобри ракометари денеска ги очекува финалниот меч на меѓународниот тирнир –„Трофеј Карпати“ кој се реализира во Букурешт во Романија. Во 18.15 часот избраниците на селекторот, Данило Брестовац, ќе излезат на мегдан со домашната селекција. Вчера ние славевме против Алжир  додека Романците беа подобри од селекцијата на Холандија. Со настапот на традиционалниот меѓународен турнир практично завршува втората фаза од подготовките за нашите ракометри кои во јануари ќе се појават на Европското првенство во Австрија, Норвешка и Шведска. Во првата фаза на Континеталниот собир Македонија ќе игра во групата во Австрија.

Read More

Легендарниот поранешен фудбалер на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс, се обиде да објасни што треба да направат челниците на тимот за да ги задржат големите ѕвезди од типот на Пол Погба кој се наоѓа на листата на желби на Реал Мадрид. „Јунајтед мора да влезе во Лигата на шампионите. Играчите како Пол Погба мора да играат фудбал во елитата. Доколку не го сторат тоа , ќе посакаат да ја променат средината и да заминат во друг клуб“ -изјави Сколс. „Црвените ѓаволи“ во тековнава сезона во Премиер лигата се наоѓаат на 5. место на табелата со реални шанси да се борат за…

Read More

Фудбалските состави на Реал Мадрид и на Тотенхем може да си разменат играчи во текот на зимскиот трансфер период, најавија денеска медиумите во Европа. Наводно, португалскиот стратег на клупата на „Спарси“, Жозе Мурињо, сака да го засили тимот со Герет Бејл кој не ја добива посакуваната минутажа кај „кралевите“. Затоа англискиот состав планира да испрати понуда за Велшанецот во која покрај 30 милиони евра, ќе биде вметнат и данскиот играч Кристијан Ериксен. Познато е дека Бејл посакува да се врати во Премиер конкуренцијата додека Ериксен е трансферна желба на тренерот на Реал мадрид, Зинедин Зидан.

Read More

Рускиот интернационалец во редовите на ракометниот состав Вардар, Тимур Дибиров, во интервју за медиумите во неговата татковина, нагласи, дека „црвено-црните“ се во голема криза од секаков аспект. „Сите се прашуваме во што е проблемот. Во текот на целата година иваме проблеми, но, ја освоивме Лигата на шампионите. Сега навистина е тешко во Скопје. Стоилов долго време беше повреден а потоа истото се случи и со Атман, Горбок, Калараш, Горпишин… Влијание имаше и промената на тренерот. Сите само ја чекавме паузата за да можеме да ги подобриме работите“ вели Дибиров во интервју за руските медиуми. „Многу мислат дека финансиската ситуација се…

Read More